Колку прекрасен ден (филм)
Колку прекрасен ден е италијански филм од 2011 година во режија на Џенаро Нунзијанте, со комичарот Чеко Залоне во главната улога. Ова е втор филм каде комичарот од Пуља ја игра главната улога, после улогата во филмот Cado dalle nubi во 2009 година, исто така во режија на Нунзијанте.
Заплет
уредиЧеко Залоне е момче од Пуља, кое пред триесет години се преселило во Северна Италија со своите родители Ана и Никола и работи како привремен исфрлувач во дискотека во неговиот мал град во Брјанца. Со оглед на тоа што имал силна желба да работи во безбедносниот сектор, Чеко сонува да стане карабинер, како неговиот вујко Џузепе Капобијанко, но за време на третото интервју за работа, поради своето незнаење и детска наивност, му вели на перфидниот полковник Гисмондо Мацини, кој влегувајќи во Арма, би правел работи кои би го навеле да си го злоупотреби својот авторитет, па поради таа причина затоа бил одбиен за работа. Последователно, благодарение на препораката од страна на кардиналот Росели, архиепископ на Милано, тој бил ангажиран и задолжен за обезбедување на Дуомо, што истовремено го импресионирало и го загрижило Мацини, кој сфатил колку е решително несмасен Чеко и неспособен да изврши таква задача.
Поради интервенцијата на Мацини, на Чеко му била доделена помала работна позиција, односно надзорник на статуата Мадонина. Таму, за време на неговата работа, не баш извршена на најдобар начин, тој ја запознал Фарах Садир, една убава девојка од северноафриканско потекло која се преправала дека е студент по архитектура за да има пристап до Мадонина, пред која, всушност имала за цел да изврши напад со активирање на експлозивна направа, со помош на нејзиниот брат Суфиен и уште двајца арапски соучесници, за да се одмазди за убиството на нејзиното семејство во бомбардирањето на НАТО за време на војната против тероризмот во Саудиска Арабија . Суфиен ѝ наложува на својата сестра да се здружи со Чеко и да го натера да ја активира скриената бомба, без тој да знае. Чеко веднаш паѓа во стапицата на Фара, вљубувајќи се во неа.
Чеко бара совет од своите пријатели за тоа како да се справи со својата љубовнаприказна, од неговиот поранешен колега исфрлувач Џовани (кој во меѓувреме нашол работа како обезбедување во супермаркет) и уметничкиот водич на Дуомо, Ивано, што е на пат да стане свештеник. Родителите на Чеко, особено неговиот татко Никола, кој работи како готвач за италијанската армија во Ирак, тие првично се против односот на нивниот син и Фара, но потоа сфаќаат дека Фара е сирак уште од мала и дека е добра личност и започнуваат да се однесуваат со неа најдобро што можат, особено значајно било кога за време на едно семејно крштевање кое се прославило во Пуља, каде ја именувале за кума на крстеното дете и покрај тоа што не била од христијанска вера. На Чеко долго време му се додворувала и друга девојка, Марија, вљубена во него, но не и била возвратена љубовта, девојка од која главниот лик ќе сака да се ослободи.
Фара, Суфиен и другите двајца арапи сакале да одат за Лондон и да го разнесат и Биг Бен со помош на трет соучесник, но Чеко и неговото семејство ги поканиле на вечера со школки, кои влијаеле лошо на желудникот на двајцата терористи, и откако цела ноќ непрестајно оделе во тоалет, в зори решиле да ги откажат двата напади и да се вратат во Саудиска Арабија. Во меѓувреме, Мацини се обидувал на секаков начин да го поткупи архиепископот за да го отпушти Залоне, додека пак Ивано се обидувал да го убеди својот претпоставен Залоне да остане. Сето ова не траело долго, бидејќи еден ден Чеко го украл цртежот на екстазата на Света Тереза за да можела Фара да ја фотографира (таа му рекла дека морала да ја фотографира за нејзините студии, а фотографирањето било забрането во музејот) и Залоне веднаш бил отпуштен од работа, добивајќи казнени санкции. Мацини, среќен, добил трансфер во Рим, каде што никогаш не успеал да отиде поради Чеко. Џовани, обидувајќи се да му помогне на Чеко да се сврши со Фара, се свршил тој со Марија, оддалечувајќи ја од неговиот пријател.
Во тој момент Фара, која пак се заљубила во Чеко без да му даде до знаење и која повторно можела да се насмевне, благодарение на добрината и хармонијата на семејството на момчето, одлучила да не го изврши нападот во Милано. Принудена да се врати во Саудиска Арабија, му доставила на Чеко куфер со подарок, велејќи му да го отвори под Мадонина, само откако таа ќе замине: во куферот, сепак, имало само модел од куќата на Чеко во која се криел механизмот за активирање на уредот, кој го преместила девојката во уништено труло во сопственост на Чеко во Брјанца, труло кое момчето го наследило од својот дедо од Пуља и кое сакал да го урне, но немал доволно пари. Фара, исто така, му кажала на својот брат дека бомбата не експлодирала во Милано, бидејќи веројатно Чеко ја искористил за да уништи други христијански споменици: Суфиен, сфаќајќи што всушност се случило, се насмевнал за прв пат, покажувајќи дека има срце.
На крај, Ивано станал свештеник на црквата во селце на Чеко во и му открил дека го препорачал за нова работа. Полковникот Мазини, откако се преселил во Рим, се онесвестил кога ја открил новата работа на Чеко: тој станал личен телохранител на папата Бенедикт XVI во Ватикан.
Продукција
уредиУлоги
уредиКантавторот од Пуља Капареца направил камео во филмот играјќи се себеси,[1] пеејќи ја Тоа е затоа што те сакам од Богат и Сиромашни и неговиот сингл Дојди да танцуваме во Пуља. Марианџела Еболи, девојката на Залоне со која имал ќерка по име Гаја,[1] ја глумела неговата роднина Сузи, рецитирајќи ја песната Не ме сакај од Алеандро Балди и Франческа Алота со Капареца.
Распределба
уредиФилмот бил прикажан во италијанските кина на 5 јануари 2011 година.
Снимањe
уредиСнимањето на филмот се одвивало помеѓу јуни и јули 2010 година во Алсерио, Робекето кон Индуно, Куџоно, Полињано а Маре, Монополи, Кастано Примо, Ночи (Барсенто) Алберобело, Турбиго, Милано, Рим и Карате Брјанца.[2]
Придобивки
уредиЗаработувачки
уредиНа денот на дебито, филмот Колку прекрасен ден заработил 2,62 милиони евра на кино-благајните, трета најголема заработка дотогаш по Човек-пајак 3 и Хари Потер и Полукрвниот принц;[3] додека на вториот ден од прикажувањето достигнал 6,64 милиони евра, апсолутен рекорд за италијанските благајни, надминувајќи ги Аватар и Хари Потер.[3] [4] [5]
По три недели прикажување, го надминал и филмот на Роберто Бенини од 1997 година Животот е убав, надминувајќи ја заработката од 30 милиони евра; на крај филмот достигнал 43.475.840 евра, надминувајќи го рекордот на заработувачки на Титаник, кој се одржувал од 1997 година и поради тоа стигнал на втората позиција меѓу филмовите со најголема заработка во Италија (рекорд кој две години подоцна бил надминат од страна на самиот Залоне со неговиот следен филм Пука сонце и да Толо Толо), по Аватар, кој заработил над 65 милиони евра.[6] [7]
Домашни видео изданија
уредиВидео-изданијата за ДВД и Blu-ray-дисковите на Колку прекрасен ден биле објавени во Италија во среда на 18 мај 2011 година.[8] [9]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Dvd in edicola con Panorama, Che bella giornata“. Panorama. 16 giugno 2011. Архивирано од изворникот на 2011-06-19. Посетено на 2023-04-22. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „"Che bella giornata", un successo girato in riva al Ticino“. varesenews.it. 18 gennaio 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 3,0 3,1 „Box office Italia: Che bella giornata record il giorno della Befana“. VivaCinema.it.
- ↑ „7 mln, record assoluto per Checco Zalone“. ANSA.it. 7 gennaio 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ [1]
- ↑ „Film: Checco Zalone batte Benigni“. Rai Giornaleradio. 17 gennaio 2011. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Checco Zalone supera Benigni“. TGcom. 17 gennaio 2011. Архивирано од изворникот на 2011-01-20. Посетено на 2023-04-22. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Scheda completa di Che bella giornata (2011) DVD“. Movieplayer.it.
- ↑ „Scheda completa di Che bella giornata (2011) BLU-RAY“. Movieplayer.it.