Екстаза (емоција)
Екстаза (старогрчки: ἔκστασις ékstasis) е субјективно доживување со целосно вклучување на субјектот со некој објект од неговата свест. Екстазата е пример за изменета состојба за свест и се одликува со намалена свесност за други објекти или целосен недостаток на свест за околината. Зборот „екстаза“, исто така, се користи за било која зголемена состојба на свест или интезивно пријатно искуство. Најпосле, овој збор се користи и за означување состојби на свеста на необични ментални простори, кои можат да се сметаат како спиритуални (вториот тип на екстаза често е во форма на релиогиозна екстаза).
Опис
уредиОд психолошки аспект, екстазата е губење на самоконтрола и понекогаш губење на свесност, што е често поврзано со религиозен мистицизам, сексуален однос и користењето на одредени дроги.[1] За време на траењето на екстазата, екстатикот е надвор од допирот со обичниот живот и не е во состојба за комуникација со другите луѓе, ниту за првеземање нормални активности. Искуството може да биде кратко во физичко време, или може да трае со часови. Субјективната прецепција за времето може силно да се менува или исчезне за време на екстазата. На пример, ако некој се концентрира на физичка работа, тогаш која и да било интелектуална мисла може да престане. Од друга страна, духовното патување во екстатичен транс вклучува прекин на доброволното телесно движење.
Видови
уредиЕкстазата може да биде предизвикана намерно при користење на верски или креативни активности, медитација, музика, танцување, вежби за дишење, физички вежби, полов однос или користење на психотропни лекови. Практично, техниката што поединецот ја користи за да предизвика екстаза е најчесто поврзено со религиозните и културните традиции на поединецот.
Екстазата како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Екстазата на св. Тереза“ - скулптура на италијанскиот вајар Џанлоренцо Бернини од 1652 година.
- „Св. Филипо Нери во екстаза“ - слика на Гвидо Рени.
- „Екстаза“ - слика на Жан Бенер.
- „Екстаза“ (англиски: Ecstasy) — песна на британската поп-рок група Њу Ордер (New Order) од 1983 година.[2]
- „Симфонија на екстазата“ (англиски: Ecstasy Symphony) — песна на британската рок-група Спејсмен 3 (Spacemen 3).[3]
- „Одбројување до екстазата“ (англиски: Countdown to Ecstasy) — музички албум на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1973 година.[4]
Наводи
уреди- ↑ „Ecstasy“. The Free Dictionary By Farlex. Посетено на 2012-05-31.
- ↑ YouTube, New Order - Power, Corruption & Lies (пристапено на 16.12.2017)
- ↑ Spacemen 3 – The Perfect Prescription (пристапено на 22.4.2024)
- ↑ Steely Dan – Countdown To Ecstasy (пристапено на 23.11.2023)