Кале (Десово)
археолошко наоѓалиште во Македонија
„Кале“
| |
Наоди од наоѓалиштето Кале изложени во најмалиот етнолошки музеј во светот во Тетовско Џепчиште | |
Местоположба | 41°27′45″N 21°29′28″E / 41.46250° СГШ; 21.49111° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Десово |
Општина | Долнени |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Кале — археолошко наоѓалиште во прилепското село Десово. Претставува населба од доцноантичко време и среден век. Се наоѓа на околу 4 км северно од селото, под врвот Леска, каде на површина од 30 м2 се гледаат траги од ѕидови. И на повисокиот крај на наоѓалиштето, исто така, има темели, и тоа од поголем објект кој се простира на околу 1.000 м2. По површината на теренот се среќаваат фрагменти од керамички садови, покривни ќерамиди и друг градежен материјал, а најдени се и византиски монети. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.[1]
Поврзано
уреди- Рамниште — фурна од римско време;
- Клетовник — некропола од доцноантичко време и среден век;
- Горно Поле — некропола од доцноантичко време;
- Киш — некропола од доцноантичко време;
- Ламбичица — населба од неолитско време;
- Брчки — населба од римско време;
- Селиште — населба од доцноантичко време;
- Цркварско — населба од доцноантичко време;
- Манастириште — црква од непознат период;[2]
- Десово;
- Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
„Кале (Десово)“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |