Кеплер-86
Kepler-86 или PH2[1] или KIC 12735740 (2MASS 19190326+5157453) — жолто џуџе[7][note 1] на растојание од 1,130 сг (350 пс)[4] во соѕвездието Лебед.[3] Со тмпература и големина[5] слична на Сонцето,[8] Кеплер-86 стана позната кога се обзнани дека е матична ѕвезда на една од 42 кандидати планети забележани од Ловците на планети граѓанско-научен проект од втората низа податоци.[9] Кандидатот планета во орбита околу Кеплер-86, е позната како Кеплер-86b, за која е определено дека има можност за забележување од само 0,08%, со што е потврдено постоењето на планетата.[7]
Податотека:PH2 b and PH2 from an exomoon.jpg Уметнички приказ на системот Кеплер-86 и неговата планета, Кеплер-86 b, гледани од претпоставената месечина на планетата. Автор: Јејл | |
Податоци од набљудување Епоха J2000[2] Рамноденица J2000[2] | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед[3] |
Ректасцензија | 19ч 19м [4] | 03,2634с
Деклинација | 51° 57′ [4] | 45,4105″
Особености | |
Спектрален тип | G[5][note 1] |
Привидна ѕвездена величина (J) | 11,501 ± 0,023[2] |
Привидна величина (H) | 11,182 ± 0,03[2] |
Привидна величина (K) | 11,116 ± 0,022[2] |
Привидна величина (B1) | 12.34[2] |
Привидна величина (R1) | 12.62[2] |
B−V Боен показател | 0.072[5] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: 3,366 ± 0,053[4] млс/г Дек.: 16,026 ± 0,061[4] млс/г |
Паралакса (π) | 2.8796 ± 0.0302[4] млс |
Оддалеченост | 1.130 ± 10 сг (347 ± 4 пс) |
Апсолутна болометриска величина (Mbol) | 5,01+0,12 −0,12[6][note 2] |
Податоци | |
Маса | 0,94 ± 0,02[7] M☉ |
Полупречник | 1,00 ± 0,05[7] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 4,408 ± 0,044[7] |
Сјајност (болометриска) | 0,79+0,09 −0,08[7] L☉ |
Температура | 5.629+42 −45[7] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 1,43 ± 0,08 км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
KIC | — податоци |
Планетата е со орбита во животопогодниот појас, па така Kepler-86b[1]) е гасовит џин со големина на Јупитер и може да поседува природен сателит погоден да поддржува живот.[9] Извештајот кој го потврди постоењето на планетата бил поднесен на 3 јануари 2013 година.[7] Била забележана од полскиот астроном аматер Рафал Хершковиц кој со својот лаптоп ги обработувал податоците добиени од вселенкото летало Кеплер.[10]
Историја и откритија
уредиКеплер-86b била забележана, заедно со другите 42 планетарни кандидати, од архивските податоци добиени од вселенското летало Кеплер разгледувани од страна на проектот Планетарни ловци, iпри кој доброволци ги разгледуваат светлинските криви од ѕведите мети на Кеплер, кој користејќи метод на планетарен премин можно е да има пропусти од страна на компјутерските програми.[7] Претходно Планетарните ловци помогнале да се потврди постоењето на Кеплер-64b, планета со маса слична на Нептун во четирипланетарен систем.
Сите кандидати од втората низа, вклучувајќи го тука и Кеплер-86b, биле препознаени од научници како Абе Хоекстра, Томас Ли Џејкобс, Дерил Лакруз, Ханс Мартин Швенглер, Рафал Хершковиц и Мајк Шопен меѓу другите, со помо на астрономите од Јејл.[7] Дополнително забележани се и 20 други планетарни кандидати кои се во орбита на животопогодниот појас, но сепак, овие имаат релативно голема веројатност да се сигнали од непланетарни извори.[7]
Иако планетата првично била забележан од страна на Кеплер, имало потреба да се отстранат позадински ѕвезди како извори на планети, сите податоци биле собрани со употреба на инструментот HIRES при Кековата опсерваторија.[7] Резултатите од набљудувањата го потврдиле постоењето на Кеплер-86b со сигурност од „99,9%".[7][9]
Планетарен систем
уредиКеплер-86 е матична ѕвезда на една планета, Кеплер-86b, со орбитален период од 282 денови, со што планетата и нејзините постоечки месечини би биле во животопогодниот појас.[9] Температурата во горните слоеви на планетата би била од 185 K (−88 °C; −127 °F) до 303 K (30 °C; 86 °F).[7] Месечина околу Кеплер-86b најверојатно ќе има цврста површина и дополнително стакленички гасови со што би имал течна вода на површината и би била животопогодна.[9]
Придружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b | — | 0,828 ± 0,009 | 282,5255 ± 0,0010 | 0,41+0,08 −0,29 |
89,83+0,03 −0,02° |
10,12 ± 0,56 R⊕ |
Поврзано
уредиБелешки
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Staff (September 25, 2013). „Congratulations! MT @planethunters: Our 2nd confirmed planet PH2 b has received the alternate Kepler designation of Kepler-86b“. inagist/@NASAKepler. Архивирано од изворникот на September 27, 2013. Посетено на September 25, 2013.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Gator Cone Search Result“. The Two Micron All Sky Survey at IPAC. NASA/IPAC. Посетено на January 12, 2013.[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 „VizieR Detailed Page“. VizieR. Harvard-Smithsonian Center for Astrophysics. Посетено на January 12, 2013.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „Kepler Data Search Results“. MAST. Space Telescope Science Institute. Посетено на January 12, 2013.
- ↑ Mamajek, Eric (December 30, 2012). „Basic Astronomical Data for the Sun (BADS)“. University of Rochester. Посетено на January 12, 2013.
- ↑ 7,00 7,01 7,02 7,03 7,04 7,05 7,06 7,07 7,08 7,09 7,10 7,11 7,12 7,13 7,14 Wang, Ji (January 3, 2013). „Planet Hunters. V. A Confirmed Jupiter-Size Planet in the Habitable Zone and 42 Planet Candidates from the Kepler Archive Data“. arXiv:1301.0644v1 [astro-ph].
- ↑ Williams, David R. (March 2, 2012). „Sun Fact Sheet“. National Aeronautics and Space Administration. Посетено на January 12, 2013.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 Howell, Elizabeth (11 January 2013). „Amateur Astronomers Discover 42 Alien Planets“. Space.com. Space.com. Посетено на January 12, 2013.
- ↑ „Polski informatyk Rafał Herszkowicz odkrył nową planete PH2b | Forsal.pl - Giełda, Waluty, Finanse“ (полски). Forsal. 2013-03-27. Посетено на 2013-07-12.