Кеплер-34затемнувачки двоен ѕвезеден систем во соѕвездието Лебед. Двете ѕвезди имаат скоро еднаква маса како и Сонцето, што значи дека се од спектрален тип G. Тие се на меѓусебно растојание од 0,22 ае, и прават едно завртување околу тежиштето на секои 27 дена.

Кеплер-34
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 45м &1000000000044597500000044,5975с[1]
Деклинација +44° 38′ &1000000000002961200000029,612″[1]
Особености
Спектрален тип G0V / G0V[2]
Астрометрија
Сопствено движење (μ) Рект: −3,452 ± 0,042[1] млс/г
Дек.: −5,125 ± 0,040[1] млс/г
Паралакса (π)0,5273 ± 0,0256[1] млс
ОддалеченостГрешка во изразот: Неочекуван оператор < сг
(Грешка во изразот: Неочекуван оператор < пс)
Орбита
ГлавнаКеплер-34A
ПридружникКеплер-34B
Период (P)27,7958103 (± 0,0000016) d
Голема полуоска (a)0,22882 (± 0,00019) ае
Занесеност (e)0,52087 (± 0,00055)
Наклон (i)89,8584 (± 0,0080)°
Податоци
Кеплер-34A
Маса1,0479 (± 0,0033) M
Полупречник1,1618 (± 0,0030) R
Температура5.913 (± 130) K
Металичност-0,07 (± 0,15)
Кеплер-34B
Маса1,0208 (± 0,0022) M
Полупречник1,0927 (± 0,0030) R
Температура5.867 K
Други ознаки
KOI-2459, KIC 8572936, 2MASS 19454459+4438296[2]
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
KIC— податоци

Планетарен систем

уреди

Кеплер-34b е гасовит џин која е во орбита околу ѕвездите во ситемот Кеплер-34.[3] Планетата има само 1/5 од масата на Јупитер и полупречник од 0,764 Јупитерови полупречници. Планетата прави налик екцентрична орбита на секои 288,822 денови од голема полуоска на растојание само малку поголемо од 1 ае, најголемо растојание за која и да е планета при премин во тој период на откривањето. Ова откритие било можне лесно бидејќи планетата минува пред двете ѕвезди, со што биле потребни помалку орбити за да се потврди планетата.

Поголемиот дел од кружнодвојните планети се создадени далеку од двојните ѕвезди. Тие мигрирале до нивните моментални орбити. Од физичката стапка на раст на планетите и доколку се земат во предвит податоците од судирите, определено е дека Кеплер-34b ќе настанела точно во местото каде што е сега.[4]

Планетарен систем Кеплер-34
Придружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(денови)
Занесеност Наклон Полупречник
b 0,220 MJ 1,0896 288,822 0,182 90,355° 0,764 RJ

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Gaia Data Release 2 Vizier catalog entry
  2. 2,0 2,1 Jean Schneider (2012). „Notes for star Kepler-34(AB)“. Extrasolar Planets Encyclopaedia. Архивирано од изворникот на 2012-04-08. Посетено на 7 April 2012.
  3. Welsh, William F.; и др. (2012). „Transiting circumbinary planets Kepler-34 b and Kepler-35 b“. Nature. 481 (7382): 475–479. arXiv:1204.3955. Bibcode:2012Natur.481..475W. doi:10.1038/nature10768.
  4. „Kepler-34b Helps Explain How Circumbinary Exoplanets Form“. sci news. Посетено на 23 October 2014.

Координати:   &1000000000000001900000019ч &1000000000000004500000045м &1000000000000044600000044,6с, +&1000000000000004400000044° &1000000000000003800000038′ &1000000000000029600000029,6″