Кеплер-1625
Кеплер-1625 — ѕвезда налика на Сонцето со привидна величина од 14, со местоположба во соѕвездието Лебед приближно на растојание од 8.000 светлосни години. Полупречникот е за нешто помалку од 80% поголем од полупречникот на Сонцето и има маса за 8% поголема од онаа на Сонцето. Во 2016 година, беше забележано дека во орбита околу ѕвездата има вонсончева планета, Кеплер-1625b, која пак е гасовит џин во орбита во животопогодниот појас. Во 2018 година, беше објавено дека вонсончевата планета можно е да има во орбита вонсончева месечина.[6] Дополнителните набљудувања со вселенскиот телескоп Хабл исто така ја потврдиле можноста за постоење на вонсончева месечина, иако неодамнешните истражувања во 2019 година наведуваат дека е можно да не постои вонсончева месечина.[7]
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 19ч 41м [1] | 43,0402с
Деклинација | 39° 53′ [1] | 11,4990″
Особености | |
Привидна ѕвездена величина (K) | 13,916[2] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: −2,145 ± 0,064[1] млс/г Дек.: −4,799 ± 0,068[1] млс/г |
Паралакса (π) | 0.4065 ± 0.0358[1] млс |
Оддалеченост | 8.000 ± 700 сг (2.500 ± 200 пс) |
Податоци | |
Маса | 1,079[3] M☉ |
Полупречник | 1,793[3] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 3,964[3] |
Температура | 5.548[3] K |
Старост | 4,36[2] Гг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Извори на податоци: | |
[4][5] |
Ѕвездени одлики
уредиКеплер-1625 е голема ѕвезда слична на Сонцето. нејзиниот полупречник е 1,79 пати од оној на Сонцето и има маса 1,079 од Сончевата.[3] нејзината температура е околу 5.548 K, малку пониска од онаа на Сонцето.[3] Овие одлики укажуваат дека Кеплер-1625 можно е да е жолт подџин кој се ближи на крајот од својот полуживот. Кеплер-1625 има висока металичност од +0.12 dex (споредбено со 0.00 за сонцето) ие на растојание од околу 8.000 светлосни години[1] во соѕвездието Лебед.[3]
Постои и втор модел за големината на Кеплер-1625, со кој ѕвездата е со полупречник од околу 0,94 сончеви полупречници и маса за 0,96 од сончевата како и температура од 5.677 K и металичност слична на Сонцето.[2]
Планетарен систем
уредиПридружници | Маса | Голема полуоска (ае) |
Орбитален период (денови) |
Занесеност | Наклон | Полупречник |
---|---|---|---|---|---|---|
b | ~3.000 M⊕ | 0.811-0.8748 | 287,3789±0,0030 | — | 89,97±0,02° | 6-12 R⊕ |
За ѕвездата се знае дека има потврдена една планета, со ознака Кеплер-1625b, таа е планета малку поголема од Јупитер во орбита околу матичната ѕвезда со орбитален период од 287,3 денови. Сепак, ако помалата големина за ѕвездата е точна, тогаш Кеплер-1625b е гасовит џин со полупречник од 6 Земјини полупречници во орбита на животопогодниот појас.[3]
Можност за постоење на вонсончева месечина
уредиСветлинските кривина трите набљудувани премини укажуваат на постоење на вонсончева месечина со големина на Нептун во орбита на Кеплер-1625b, на растојание од 20 пати од планетарниот полупречник. Потребни се повече набљудувања за да се потврди или отфрли постоењето на месечината. Дополнителните набљудувања со вселенскиот телескоп Хабл на премините на Кеплер-1625b од 2017 до 2018 година и дополнително добиените светлински криви укажуваат на постоењето на вонсончева месечина, што дополнително ја зацврстува идејата за постоење на вонсончева месечина во орбита околу Кеплер-1625b.[6][8] неодамнешно разгледување на набљудувањата на Хабл во 2019 година, укажуваат дека дополнителната светлинска крива е остаток од обработката на податоците.[7]
-
Релативна големина и растојание на Кеплер-1625b и неговата месечина Кеплер-1625b-I (Јупитер и Нептун се прикажани за споредба)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Brown, A. G. A.; и др. (Gaia collaboration) (август 2018). „Gaia Data Release 2: Summary of the contents and survey properties“. Astronomy & Astrophysics. 616. A1. arXiv:1804.09365. Bibcode:2018A&A...616A...1G. doi:10.1051/0004-6361/201833051. Запис на DR2 од „Гаја“ за овој извор на VizieR.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „NASA Exoplanet archive“. Посетено на 2017-07-28.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Mathur, Savita; Huber, Daniel; Batalha, Natalie M.; Ciardi, David R.; Bastien, Fabienne A.; Bieryla, Allyson; Buchhave, Lars A.; Cochran, William D.; Endl, Michael; Esquerdo, Gilbert A.; Furlan, Elise; Howard, Andrew; Howell, Steve B.; Isaacson, Howard; Latham, David W.; MacQueen, Phillip J.; Silva, David R. (2017). „Revised Stellar Properties of Kepler Targets for the Q1-17 (DR25) Transit Detection Run“. The Astrophysical Journal Supplement Series. 229 (2): 30. arXiv:1609.04128. Bibcode:2017ApJS..229...30M. doi:10.3847/1538-4365/229/2/30.
- ↑ NASA Exoplanet Archive, entry for Kepler-1625
- ↑ exoplanet.eu: Planet Kepler-1625 b
- ↑ 6,0 6,1 Teachey, Alex; и др. (2018). „HEK VI: On the Dearth of Galilean Analogs in Kepler and the Exomoon Candidate Kepler-1625b I“. The Astronomical Journal. 155 (1). 36. arXiv:1707.08563. Bibcode:2018AJ....155...36T. doi:10.3847/1538-3881/aa93f2.
- ↑ 7,0 7,1 Kreidberg, Laura; Luger, Rodrigo; Bedell, Megan (2019-04-24). „No Evidence for Lunar Transit in New Analysis of HST Observations of the Kepler-1625 System“. arXiv:1904.10618 [astro-ph.EP].
- ↑ Teachey, Alex; Kipping, David M. (2018). „Evidence for a Large Exomoon Orbiting Kepler-1625b“ (PDF). Science Advances. 4 (10): eaav1784. arXiv:1810.02362. Bibcode:2018SciA....4.1784T. doi:10.1126/sciadv.aav1784. PMC 6170104. PMID 30306135. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-25. Посетено на 2019-04-25.
Координати: 19ч 41м 43,04с, + 39° 53′ 11,6″