Кепа Арисабалага Ревуелта (роден на 3 октомври 1994 година, во Ондароа), познат и само како Кепа,[1] е шпански фудбалер, голман на Борнмут, на заем од Челси.

Кепа Арисабалага
Лични податоци
Полно име Кепа Арисабалага Ревуелта
Роден на 3 октомври 1994(1994-10-03)(30 г.)
Роден во Ондароа, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина &100000000000001890000001,89 м
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Борнмут Борнмут
Број 13
Младинска кариера
2004–2012 Атлетик Билбао Атлетик Билбао
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2013 Басконија 31 (0)
2012–2015 Билбао Атлетик 50 (0)
2015–2018 Атлетик Билбао Атлетик Билбао 39 (0)
2015Понферадина Понферадина 20 (0)
2015–2016Реал Ваљадолид Реал Ваљадолид 39 (0)
2018– Челси Челси 109 (0)
2023–2024Реал Мадрид Реал Мадрид 14 (0)
2024–Борнмут Борнмут 5 (0)
Репрезентација
2012 Шпанија Шпанија под 18 2 (0)
2012 Шпанија Шпанија под 19 6 (0)
2013–2017 Шпанија Шпанија под 21 22 (0)
2017– Шпанија Шпанија 2 (0)

Како играч основата ја стекнал во Атлетик Билбао, тој го одиграл својот прв професионален меч, на натпреварот помеѓу Понферадина и Реал Ваљадолид, во шпанската втора лига.

Аризабалага ја претставувал Шпанија на Светското првенство 2018 во Русија.

Клупска кариера

уреди

Роден е во Ондароа, Баскија, Арисабалага се приклучил во малдите категории на Атлетик Билбао поставување во 2004 година, на возраст од десет години. Тој го направил своето деби во 2011 година, во третата дивизија.

На 5 мај 2012, Арисабалага бил повикан во првиот тим на Атлетик Билбао во натпреварот за против Хетафе во Ла Лига,[2] но останал како неискористена замена во нерешениот натпервар на стадионот Сан Мамес.[3] Тој исто така бил повикан во пред-сезонските натпревари во јули, а на 23 септември, исто така, бил замена во натпреварот, против Малага.[4]

Арисабалага беше промовиран во резервите на тимот во јануари 2013 година, за да го покрие повредениот Јон Андер Серантес.[5] Дебитирал за Б екипата на 16 февруари 2013, одржувајќи чист лист во победата од 1-0 над УД Логронес во Сегунда дивизија Б.[6] На 3 март, тој добил црвен картон во победата со 3-1 над Аморебиета, заедно со неговиот колега Јон Гарсија;[7] во април тој претрпел повреда на препоните, која го оддалечила од теренот до септември.[8]

Арисабалага редовно настапувал за Б тимот, а по неговото враќање, тој ја скршил десната рака во јануари 2014 година,[9] при што бил надвор од теренот еден месец. На 11 март, Хетафе поднел барање за негова позајмица, главно како замена за повредениот Мигел Анхел Моја,[10], но тоа било одбиено еден ден подоцна.[11]

На 5 јануари 2015 година, Арисабалага бил позајмен на клубот од Сегунда Дивисион, Понферадина.[12] Своето деби го направил во ремито 1–1 на домашен терен против Расинг Сантандер.[13]

На 20 јули 2015 година, Арисабалага се преселил во Реал Ваљадолив, исто така во второто ниво, на заем до крајот на сезоната.[14] Тој го одиграл својот прв натпревар на 22 август, во поразот со 0–1 од Кордоба,[15] и пропуштил само три натпревари во сезоната во која неговиот тим завршил на 16-тото место.[16]

По враќањето од позајмица, Арисабалага бил вклучен во првиот тим на Атлетик, првично како трет избор зад Горка Ираисос и Јаго Херерин. Тој го направил своето деби во првата лига на 11 септември 2016 година, започнувајќи во победата со 1–0 на гостински терен над Депортиво Ла Коруња.[17]

На 22 јануари 2018 година, по големите шпекулации за трансфер кои го поврзувале со Реал Мадрид, Арисабалага го обновил договорот - што требало да му истече истиот јуни - до 2025 година.[18]

На 8 август 2018 година, тој се преселил во Челси,[19][20] по исплатата на ослободителната клаузула од 80 милиони евра утврдена во неговиот договор со Атлетик Билбао.[21] Така, шпанецот станува најскапиот голман во историјата на фудбалот, соборувајќи го рекордот воспоставен само неколку недели претходно од Алисон Бекер.[22] Своето деби во Премиер лигата го направил три дена подоцна во победата со 3-0 на гости против Хадерсфилд Таун,[23] одржувајќи шест суви мрежи[24] во серијата на сините од 12 натпревари без пораз, пред поразот со 3–1 од Тотенхем.[25]

На 14 август 2023 година, Арисабалага му се приклучил на Реал Мадрид на едногодишна позајмица од Челси.[26][27] Овој потег бил инициран од долготрајната повреда здобиена од нивниот примарен голман, Тибо Куртоа.[28] На 25 август 2023 година, Кепа го направил своето деби за клубот во победата со 1–0 на гости над Селта Виго, истовремено одржувајќи ја својата прва сува мрежа за тимот воден од Карло Анчелоти.[29] Сепак, тој не успеал да има големо влијание во Реал, брзо губејќи го своето место од Андриј Лунин.[30]

На 29 август 2024 година, Арисабалага бил позајмен на Борнмут до крајот на сезоната 2024–2025.[31][32]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Арисабала со Шпанија под 19 во 2012

Арисабалага бил повикан во репрезентацијата под 19 години за Европското првенство за играчи под 19 години 2012. Тој бил редовен стартер за време на турнирот, на кој неговата земја била крунисана за шампион;[33] а неговиот главен момент бил во полуфиналето против Франција кое завршило 3–3, каде што одбранил два пенали со што ја одвел Шпанија до победа по изведување на пенали.[34]

За сениорската репрезентација на Шпанија дебитирал на 11 ноември 2017, играјќи 90 минути во победата со 5-0 над Костарика во пријателски натпревар во Малага.[35][36]

Арисабалага бил избран во шпанскиот состав од 23 играчи за Светското првенство 2018 во Русија,[37] иако не настапил ниту еднаш на турнирот.

Титули

уреди

Клупски

уреди

Челси

уреди
2020-2021[38]
2018-2019
2021[39]
2021[40]

Реал Мадрид

уреди
2023-2024
2024
2023-2024

Репрезентативни

уреди
Шпанија
2022-2023

Наводи

уреди
  1. „Kepa Arrizabalaga“ (шпански). Royal Spanish Football Federation. Посетено на 15 November 2017.
  2. „Athletic Club-Getafe: Line-ups“. Athletic Bilbao. 5 May 2012. Посетено на 11 December 2014.
  3. „Sin argumentos en la Catedral“ [No arguments at the Cathedral] (шпански). 5 May 2012. Посетено на 11 December 2014.
  4. „Europa les pesa“ [Europe weighs on them] (шпански). 23 September 2012. Посетено на 11 December 2014.
  5. „En Lezama apuestan fuerte por Kepa Arrizabalaga“ [Lezama bets high on Kepa Arrizabalaga] (шпански). El Desmarque. 9 January 2013. Архивирано од изворникот на 2017-12-06. Посетено на 11 December 2014.
  6. „Bilbao Athletic 1–0 Unión Deportiva Logroñés“ (шпански). UD Logroñés. 16 February 2013. Архивирано од изворникот на 2013-02-20. Посетено на 11 December 2014.
  7. „El Bilbao Athletic amenaza el liderato del Alavés“ [Bilbao Athletic threaten Alavés' lead] (шпански). El Desmarque. 4 March 2013. Посетено на 29 November 2015.
  8. „Kepa Arrizabalaga reaparece casi seis meses después en el Bilbao Athletic“ [Kepa Arrizabalaga reappears after nearly six months in Bilbao Athletic] (шпански). El Desmarque. 29 September 2013. Архивирано од изворникот на 2017-12-16. Посетено на 11 December 2014.
  9. „Kepa Arrizabalaga's injury“. Athletic Bilbao. 22 January 2014. Посетено на 11 December 2014.
  10. „El Getafe pide la cesión de Kepa Arrizabalaga“ [Getafe ask for Kepa Arrizabalaga's loan] (шпански). Aupa Athletic. 11 March 2014. Посетено на 11 December 2014.
  11. „El Athletic rechaza ceder hasta final de Liga al portero Kepa al Getafe“ [Athletic reject loaning goalkeeper Kepa to Getafe until the end of the League] (шпански). 12 March 2014. Архивирано од изворникот на 2015-01-14. Посетено на 11 December 2014.
  12. „Kepa Arrizabalaga se incorpora a la Ponferradina“ [Kepa Arrizabalaga added to Ponferradina] (шпански). SD Ponferradina. 5 January 2015. Архивирано од изворникот на 9 January 2015. Посетено на 5 January 2015.
  13. „El Racing encontró justo premio a su trabajo en el último minuto“ [Racing's work paid off in the last minute]. Marca (шпански). Spain. 11 January 2015. Архивирано од изворникот 10 August 2018. Посетено на 14 January 2015.
  14. „Kepa cierra la portería del Pucela“ [Kepa shuts down goal of Pucela] (шпански). Real Valladolid. 20 July 2015. Архивирано од изворникот 28 June 2019. Посетено на 20 July 2015.
  15. Laz, Alberto (23 August 2015). „Fidel resuelve en un gran partido del Córdoba“ [Fidel the decider in a great Córdoba match]. Marca (шпански). Spain. Архивирано од изворникот 15 August 2018. Посетено на 7 September 2015.
  16. „Kepa traerá dinero a Zorrilla“ [Kepa will bring money to Zorrilla]. Diario de Valladolid (шпански). 8 August 2018. Архивирано од изворникот 9 January 2019. Посетено на 9 January 2019.
  17. Rincón, Jaime (11 September 2016). „Raúl García exhibe su pegada“ [Raúl García shows his power]. Marca (шпански). Spain. Архивирано од изворникот 27 March 2019. Посетено на 18 September 2016.
  18. „Kepa Arrizabalaga ends Real Madrid speculation by signing Athletic Bilbao deal“. Sky Sports. 22 January 2018. Архивирано од изворникот 6 September 2018. Посетено на 23 January 2018.
  19. „Kepa arrives at Chelsea“ (англиски). 8 август 2018. Посетено на 7 декември 2018.
  20. „UFFICIALE: Chelsea, ecco il post-Courtois: arriva Kepa Arrizabalaga - TUTTOmercatoWEB.com“. Посетено на 3 март 2019.
  21. „KEPA pays the termination clause“ (англиски). 8 август 2018. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 9 август 2018. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  22. Fifield, Dominic (7 August 2018). „Chelsea to pay £71.6m for Athletic Bilbao goalkeeper Kepa Arrizabalaga“. The Guardian. Архивирано од изворникот 13 August 2018. Посетено на 14 August 2018.
  23. Emons, Michael (11 August 2018). „Huddersfield Town 0–3 Chelsea“. BBC Sport. Архивирано од изворникот 26 March 2019. Посетено на 14 August 2018.
  24. „Chelsea's Kepa relishing being world's most expensive keeper“. Goal (website). Perform Group. 10 October 2018. Архивирано од изворникот 1 June 2019. Посетено на 9 January 2019.
  25. Walker, Ron (24 November 2018). „Tottenham 3–1 Chelsea: Maurizio Sarri's unbeaten start ended“. Sky Sports. Архивирано од изворникот 3 July 2019. Посетено на 25 November 2018.
  26. „Official Announcement: Kepa“ (англиски). Real Madrid C.F. 14 August 2023. Архивирано од изворникот 14 August 2023. Посетено на 14 August 2023.
  27. „Kepa is a new Real Madrid player“ (англиски). Real Madrid C.F. Архивирано од изворникот 14 August 2023. Посетено на 14 August 2023.
  28. „Kepa joins Madrid on loan to replace Courtois“ (англиски). ESPN. 14 August 2023. Архивирано од изворникот 14 August 2023. Посетено на 14 August 2023.
  29. „Celta Vigo 0–1 Real Madrid: Jude Bellingham scores late winner“. BBC Sport. 25 August 2023. Архивирано од изворникот 25 August 2023. Посетено на 26 August 2023.
  30. McGrath, Mike (2024-04-15). „What happened to David de Gea? The Golden Glove winner who cannot find a team“ (англиски). The Telegraph. ISSN 0307-1235. Посетено на 2024-08-22.
  31. „Kepa completes Premier League loan switch“. Chelsea F.C. 29 August 2024. Посетено на 29 August 2024.
  32. „Kepa Arrizabalaga joins on loan“. AFC Bournemouth. 29 August 2024. Посетено на 29 August 2024.
  33. „Spain make it six of the best in Estonia“. UEFA. 16 July 2012. Архивирано од изворникот 30 October 2021. Посетено на 11 October 2021.
  34. „Spain finally see off France in semi-final shoot-out“. UEFA. 12 July 2012. Архивирано од изворникот 23 January 2016. Посетено на 11 December 2014.
  35. „Silva nets brace, Spain thrash Costa Rica in friendly“. Chicago Tribune. 11 November 2017. Архивирано од изворникот 27 March 2019. Посетено на 12 November 2017.
  36. „Match report: Spain thrash Costa Rica in Málaga (5–0)“. Royal Spanish Football Federation. 11 November 2017. Архивирано од изворникот на 16 November 2017. Посетено на 15 November 2017.
  37. Maston, Tom (21 May 2018). „Morata misses out on Spain's 23-man World Cup squad“. Goal (website). Perform Group. Архивирано од изворникот 9 July 2019. Посетено на 21 May 2018.
  38. McNulty, Phil (29 May 2021). „Man. City 0–1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 31 May 2021.
  39. Sterling, Mark (11 August 2021). „Chelsea 1–1 Villarreal“. BBC Sport. Посетено на 14 February 2022.
  40. „Chelsea 2–1 Palmeiras“. BBC Sport. 12 February 2022. Посетено на 14 February 2022.

Надворешни врски

уреди