Мигел Анхел Моја
Мигел Анхел Моја Румбо (шпански изговор: [miˈɣel ˈaŋxel moˈʝa]; роден на 2 април 1984 година) — шпански порфесионален фудбалер кој настапува за Атлетико Мадрид како голман. Тој одигра 290 натпревари во Ла Лига во текот на 12-те поминати сезони во дресот на Мајорка, Валенсија и Хетафе.
Мигел Анхел Моја Moyà | |||
---|---|---|---|
Моја изведува слободен удар за Хетафе во 2012 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Мигел Анхел Моја Румбо | ||
Роден на | 2 април 1984 | ||
Роден во | Бинисалем, Шпанија | ||
Висина | 1.88 м (6 ст 2 ин)[1] | ||
Позиција | Голман | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Атлетико Мадрид | ||
Број | 1 | ||
Младинска кариера | |||
Мајорка | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2002–2004 | Мајорка Б | 58 | (0) |
2004–2009 | Мајорка | 99 | (0) |
2009–2012 | Валенсија | 12 | (0) |
2011–2012 | → Хетафе (позајмица) | 36 | (0) |
2012–2014 | Хетафе | 58 | (0) |
2014– | Атлетико Мадрид | 36 | (0) |
Репрезентација | |||
2000–2001 | Шпанија 16 | 7 | (0) |
2001 | Шпанија 17 | 4 | (0) |
2001–2003 | Шпанија 19 | 11 | (0) |
2003 | Шпанија 20 | 4 | (0) |
2004–2006 | Шпанија 21 | 12 | (0) |
За младите селкеции на репрезентацијата на Шпанија, Моја одигра 38 натпревари на повеќе нивоа.
Клупска кариера
уредиМајорка
уредиРоден во Бинисалем, Мајорка, Моја го направи своето професионално деби во родниот град Мајорка на 29 август 2004 година во 0-1 поразот од Реал Мадрид, и во таа сезона, тој забележува 32 настапи во Ла Лига, тим кој во сезоната 2004-05 едвај избегна испаѓање.За две години, тој стана неприкосновен стартер.
Од 2007 до 2009 година, сепак, Моја силно се бореше со повредите, и се појавува само во тринаесет натпревари на Балеарските Острови вториот дел од сезоната 2009 година. [2]
Валенсија
уредиДоцна во јуни 2009 година, Моја се согласи да ја смени средината и да премине во Валенсија за 5 милиони евра.[3] На 5 август, во поразот со 0-2 против Манчестер Јунајтед, во претсезонските подготовки, тој играше повеќе од 30 минути како централниот играч од средниот ред, бидејќи сите замени биле направени од страна на Унај Емери и на тој натпревар Моја се повреди; при резултат на семафорот од 0-1. .[4]
Моја го направи своето деби во натпреварот против Севиља во сезоната 2009–10 во Ла Лига, со победа од 2–0 на домашен терен,[5] но брзо после тоа, го изгуби своето место во тимот, од страна на ветеранот Цезар Санчес, поради својте грешки во одбраната..[6]
Хетафе
уредиНа 15 јуни 2011 година, Моја се приклучи на Хетафе на заем, како дел од зделката со Даниел Парехо.[7] На крајот на сезоната 2011-12 во која тој пропушти само два натпревари за тимот од периферијата на Мадрид тој потпиша договор на неопределено време од четири години.[8]
Моја заработи повреда на коленото во март 2014 година за време на натпреварот против Еспањол,и го пропушти остатокот од сезоната 2013-14 во Ла Лига.[9]
Атлетико Мадрид
уредиНа 4 јуни 2014 година, Моја потпиша тригодишен договор со Атлетико Мадрид,[10] за 3 милиони евра.[11] За време на неговата презентација следниот ден, тој рече: "Нема подобар момент од овој за да се дојде во Атлетико. Барањата е да се биде силен, но кога еден фудбалер е роден таков, тој сака да биде во клуб како што е Атлетико Мадрид, еден од најголемите тимови во Европа ".[12]
Моја го направи своето деби во првиот натпревар во 2014 година во Супер купот на Шпанија на 19 август, против Реал Мадрид, резултат беше 1-1.[13] Тој започна како стартер[14] до финалето во сезоната 2014-15 во Ла Лига, но, откако доживеа повреда на левото бедро во Лигата на Шампионите против Баер Леверкузен 04,[15] тој ја изгуби позицијата од Јан Облак.[16][17]
Репрезентативна кариера
уредиЗа национлните селекции на Шпанија, Моја настапи на квалификациите УЕФА Европското првенство Под-21 во финалниот пораз од Италија.[18]
Наводи
уреди- ↑ „Moyá“ (шпански). Atlético Madrid. Посетено на 22 May 2016.
- ↑ Moyà es operado por segunda vez (Moyà undergoes surgery for the second time); Info Balear, 11 February 2009 (in Spanish)
- ↑ Mestalla calls for Moyá and Saltor; UEFA.com, 1 July 2009
- ↑ El Valencia cae con el Manchester ¡con Moyá de mediocentro! (Valencia falls at Manchester with Moyá as central midfielder!); Marca, 5 August 2009 (in Spanish)
- ↑ Valencia 2–0 Sevilla FC Архивирано на 24 октомври 2012 г.; ESPN Soccernet, 30 August 2009
- ↑ „What goalkeeper should play against Brugge, Moyà or César?“. Super Deporte. 17 February 2010. Посетено на 8 April 2016.
- ↑ „Official announcement“ (шпански). Valencia CF. 14 June 2011. Архивирано од изворникот на 17 June 2011. Посетено на 15 June 2011.
- ↑ Moyá: "Estoy en Getafe muy feliz y por deseo personal" (Moyá: "I am very happy in Getafe and because i wanted"); Marca, 5 July 2012 (in Spanish)
- ↑ „Moyá might lose remainder of season due to knee injury“ (шпански). Mundo Deportivo. 5 March 2014. Посетено на 12 June 2014.
- ↑ „Atletico to sign Miguel Moya“. ESPN FC. 4 June 2014. Посетено на 6 June 2014.
- ↑ „Transfer news: Atletico Madrid to sign goalkeeper Miguel Angel Moya from Getafe“. Sky Sports. 4 June 2014. Посетено на 6 June 2014.
- ↑ „Moyá: "Atlético is one of Europe's greatest teams"“. Atlético Madrid. 5 June 2014. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 29 July 2014.
- ↑ „Spanish Super Copa: Real Madrid and Atletico draw 1–1 in first leg“. Sky Sports. 19 August 2014. Посетено на 20 August 2014.
- ↑ „Moyà: "As a goalkeeper of this team you realize it has no weak spots"“ (шпански). Mundo Deportivo. 14 August 2014. Посетено на 8 January 2016.
- ↑ „Moyá suffers hamstring injury“ (шпански). Europa Press. 17 March 2015. Посетено на 8 January 2016.
- ↑ „Moyá's time“ (шпански). Vavel. 30 November 2015. Посетено на 8 January 2016.
- ↑ „Moya: "Torres' one-hundredth goal will arrive sooner or later"“ (шпански). Diario AS. 17 December 2015. Посетено на 8 January 2016.
- ↑ Moyà heroics keep Italy at bay; UEFA.com, 6 October 2006
Надворешни врски
уреди- Atlético Madrid official profile Архивирано на 5 јануари 2015 г.
- Предлошка:BDFutbol
- Мигел Анхел Моја – Профил на службената страница на ФИФА
- Real Mallorca bio Архивирано на 14 јули 2014 г. (шпански)