Кахриманли
Кахриманли, Кахирманли или Караманли (грчки: Κρεμαστή, Кремасти), до 1927 година (грчки: Καχηρμανλή, Καραμανλή, Кахирманли, Караманли)[2] – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 92 жители.
Кахирманли Κρεμαστή | |
---|---|
Координати: 40°22′N 21°57′E / 40.367° СГШ; 21.950° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански Округ |
Општина | Општина Кожани |
Општ. единица | Хелеспонт |
Надм. вис. | 570 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 92 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа североисточно од Кожани, на еден километар источно од Искуплер, на самиот пат што од Кожани води за Бер.
Историја
уредиЗа време на Османлиското Царство
уредиКон крајот на XIX век Кахирманли е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Караманли живееле 55 Турци.[3]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Кахирманли станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Кахирманли има 84 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 34 семејства и 146 жители бегалци.[5]
Во 1927 година името на селото е променето во Кремасти.
Демографија
уредиПописи
уредиДвижењето на населението по години е следното[6]:
- 1913 – 84 жители
- 1920 – 94 жители
- 1928 – 150 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 221 | 246 | 234 | 132 | 141 | 113 | 114 | 92 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καχηρμανλή -- Κοίλα
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 315.