Кастанија (Берско)
Кастања (грчки: Καστανιά, Кастанија; книжевно: Καστανέα, Кастанеја) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција.
Кастања Καστανιά | |
---|---|
Црквата „Св. Богородица Сумела“ во близина на селото | |
Координати: 40°24′N 22°07′E / 40.400° СГШ; 22.117° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Иматија |
Општина | Бер |
Општ. единица | Бер |
Надм. вис. | 1,080 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 84 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиСелото е оддалечено 18 километри јужно од градот Бер, крај самиот пат што води кон Кожани, на надморска височина од 1.080 метри.[2] Вкупната површина на селскиот атар изнесува 53 квадратни километри.
Сместено е на јужните падини на планината Каракамен. На 2 километри од селото се наоѓа манастирот „Св. Богородица Сумела“.
Историја
уредиСелото во минатото претставувало влашка населба. Селото по 1913 година целосно пропаднало, поради што во пописот спроведен во 1920 година, воопшто не било забележано како населба.[2]
Во периодот по 1923 година, грчките власти населиле најпрвин 39 бегалски семејства, а подоцна и повеќе други, со вкупно 163 жители.[2]
Стопанство
уредиЖители на селото се занимаваат со земјоделство и сточарство.
Население
уредиВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живеат 400 Власи христијани.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кестанија (Kestania) имало 90 Власи.[4]
Во 1910 година во селото живееле 80 жители.[5] На пописот во 1912 година, селото е забележано како влашко и христијанско.[6]
Во пописот од 1913 година е забележано само со 110 жители. Малку подоцна, сосема се распаднало, поради што и во пописот од 1920 година воопшто не е запишано како населба. Селото било обновено по 1923 година, кога тука биле населени 39 бегалски семејства со вкупно 163 жители, колку што броело во 1928 година. Малку подоцна, тука биле сместени и други семејства, поради што бројот на жителите во 1940 година пораснал на 402. Во 1951 година, Кастања имала 355, во 1961 година 204 жители. Во 1971 година, поради помасовното иселување во поголемите градови, бројот на жители опаднал на 147, во 1981 година на 92, а во 1991 година повторно пораснал на 237 жители.[2]
Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 136 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 84 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 402 | 355 | 204 | 147 | 92 | 237 | 136 | 84 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиСелото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кастања, во кој покрај селото Кастања се наоѓа и селото Црковјани.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). „Берски округ“. Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 13.
- ↑ К’нчов, Васил. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 145.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 224-225.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927
- ↑ „Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας, 1886 - 1927“. Архивирано од изворникот 2012-12-05. Посетено на 2012-12-05.