Карипска Холандија

Карипска Холандија[6][7] (холандски: Caribisch Nederland) — збирен назив за три посебни општини на Холандија во Карипското Море, опфаќајќи ги островите Бонер, Свети Евстахиј и Саба,[8] иако поимот понекогаш се однесува на сите острови на Холандските Кариби. Денес островите се водат како јавни тела на Холандија во службена смисла и имаат статус прекуморска територија на Европската Унија, иако не се дел од неа. Во законодавството го носат и името острови БЕС (BES-eilanden), што е акроним од нивните имиња.

Карипска Холандија
Caribisch Nederland
прекуморски регион на Холандија
Знаме на Карипска ХоландијаГрб на Карипска Холандија
Местоположба на Карипска Холандија
Местоположба на Карипска Холандија
Земја Холандија
Посебни општини
Припоена кон Холандија10 октомври 2010
(распуштање на Холандските Антили)
Управа
 • Државен прет.Јан Хелмонд
 • Управници
  • Едисон Рајна (Бонер)
  • Мајк Франко (Св. Евстахиј)
  • Џонатан Џонсон (Саба)
Површина
 • Вкупна328 км2 (127 ми2)
 (&100000000000000080000000,8% од Холандија)
Најг. вис.
(Маунт Синери)
&10000000000000887000000887 м
Население (2016)
 • Вкупно25,019[1]
 (&100000000000000010000000,1% од Холандија)
Јазици
 • Службенихоландски
 • Признаени
Час. појасAST (UTC−4)
Повик. бр.+599
ISO 3166BQ, NL-BQ1, NL-BQ2, NL-BQ3
Валутаамерикански долар[3]
НДД

Бонер (вкл. островчето Мал Бонер) е еден од Заветрените Антили, недалеку од брегот на Венецуела. Свети Евстахиј и Саба се главни во групата Мали Антили и лежат јужно од Свети Мартин, а северозападно од Свети Китс и Невис.

Правен статус

уреди

Трите острови го добиле тековниот статус со распуштањето на Холандските Антили на 10 октомври 2010 г.[9] Истовремено, Курасао и Свети Мартин станале автономни земји (landen) во состав на Кралството Холандија.[10] Со таков статус се стекнал и островот Аруба, исто така во Карибите. Поимот „Холандски Кариби“ правно се однесува само на трите општини, но неслужбено се користи за сите карипски острови на Кралството Холандија. Општините зафаќаат вкупна површина од 328 км2 и заеднички имаат 25.019 жители.[1].

Управа

уреди

Посебните општини (bijzondere gemeenten) имаат слични надлежности како општините во самата Холандија. Извршната власт ја има Управниот совет, на чие чело стои Островски управни. Граѓаните имаат свои претставници во Островскиот совет во месните работи, а воедно имаат право да гласаат на холандските и на европските избори.

Во службена смисла, островите во холандскиот закон се „јавни тела“ (openbare lichamen), а не општини (gemeenten). За разлика од обичните општини, тие не се дел од ниедна покраина;[11] покраинските надлежности се поделени помеѓу островските управи и холандската влада, односно Државната служба за Карипска Холандија, и затоа овие општини важат за „посебни“.

Многу холандски закони имаат свои верзии што важат во Карипска Холандија.[12] На пример, социјалната заштита не е на истото ниво како во европскиот дел на државата.[13]

Посебни општини на Холандија
Општина Изворно име Седиште Површина[14]
(км2)
Население[15]
(2014)
Густина
(жит/кмс)
  Бонер Bonaire Кралендајк 288 18.905 66
  Саба Saba Ботом 13 1.811 139
  Свети Евстахиј Sint Eustatius Орањестад 21 3.877 185
Вкупно 322 24.593 76

Државна служба

уреди

Државната служба за Карипска Холандија (Rijksdienst Caribisch Nederland) е задолжена за даночната политика, јавниот ред, доселеништвото, сообраќајната инфраструктура, здравството, образованието и социјалата на островите и ги пружа тие услуги во име на Владата на Холандија.[16] Орган е создаден во 2008 г. како Центар на регионалните служби, а денешниот облик го добил со промената на статусот на 1 септември 2010 г.[17][18] Државната влада на островите ја застапува Претставник, чија улога е слична на Кралскиот комесар.

Географија

уреди
 
Карта на Бонер, Св. Евстахиј и Саба во рамките на поранешните Холандски Антили.

Карипска Холандија географски ѝ припаѓа на островската група Мали Антили. Во состав на групата:

Клима

уреди

Островите на Карипска Холандија се одликуваат со тропска клима и топло време преку целата година. Заветрените Острови се потопли и посуви од Приветрените. Лете знаат да се јавуваат урагани.

Currency

уреди

Сè 1 јануари 2011 г. на островите се користел холандскоантилскиот гилдер, кога е усвоен американскиот долар, иако валутата во матичната земја е еврото. За разлика од нив, останатите острови од поранешните Холандски Антили — Курасао и Свети Мартин — го употребуваат карипскиот гилдер.[19]

Поврзано

уреди

Белешки

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
  2. „Invoeringswet openbare lichamen Bonaire, Sint Eustatius en Saba“. wetten.nl. Архивирано од изворникот на 17 јануари 2015. Посетено на 14 октомври 2012.
  3. „Wet geldstelsel BES“. Dutch government. 30 септември 2010. Посетено на 11 јануари 2014.
  4. „BQ – Bonaire, Sint Eustatius and Saba“. ISO. Архивирано од изворникот на 17 јуни 2016. Посетено на 29 август 2014.
  5. „Delegation Record for .BQ“. IANA. 20 декември 2010. Архивирано од изворникот на 30 јули 2012. Посетено на 30 декември 2010.
  6. „Changes per 10.10.10“. Rijksdienst Caribisch Nederland. Архивирано од изворникот на 27 септември 2015. Посетено на 16 август 2015.
  7. „Island guide Caribbean Netherlands – Bonaire, Sint Eustatius, Saba“ (PDF). Rijksdienst Caribisch Nederland. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 септември 2015. Посетено на 16 август 2015. Краток опис(изворна врска кон PDF).
  8. „Nature Policy Plan The Caribbean Netherlands“ (PDF). Ministry of Economic Affairs of the Netherlands. 3 февруари 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-11-20. Посетено на 20 ноември 2018. ... додека пак другите острови, Бонер, Свети Евстахиј и Саба, се холандски прекуморски јавни тела и како такви претставуваат дел од земјата Холандија. Трите острови збирно се наречени Карипска Холандија ...
  9. „Besluit van 23 september 2010 tot vaststelling van het tijdstip van inwerkingtreding van de artikelen I en II van de Rijkswet wijziging Statuut in verband met de opheffing van de Nederlandse Antillen“. Overheid.nl. 1 октомври 2010. Архивирано од изворникот на 15 јули 2011. Посетено на 27 јуни 2011.
  10. „Caribbean Parts of the Kingdom“. Government.nl. Архивирано од изворникот на 30 октомври 2016.
  11. „31.954, Wet openbare lichamen Bonaire, Sint Eustatius en Saba“. Eerste kamer der Staten-Generaal. Архивирано од изворникот на 25 ноември 2010. Посетено на 15 октомври 2010. De openbare lichamen vallen rechtstreeks onder het Rijk omdat zij geen deel uitmaken van een provincie.
  12. „Wet- en regelgeving“. Архивирано од изворникот на 14 мај 2011.
  13. Rob Bijl and Evert Pommer. „Summary and conclusions – The Caribbean Netherlands five years after the transition“ (PDF). kennisopenbaarbestuur.nl. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-09-24.
  14. „Statistical Yearbook – Netherlands Antilles (2009)“ (PDF). Central Bureau of Statistics (Netherlands). 2009. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 декември 2016.
  15. „Bevolkingsontwikkeling Caribisch Nederland; geboorte, sterfte, migratie“. Central Bureau of Statistics. 2012. Посетено на 2012-12-13.
  16. „Vacatures“. Rijksdienst Caribisch Nederland. Посетено на 29 May 2013.
  17. „Rijksdienst Caribisch Nederland“. Rijksdienst Caribisch Nederland. Архивирано од изворникот на 2 April 2015. Посетено на 29 May 2013.
  18. „FAQ“. Rijksdienst Caribisch Nederland. Архивирано од изворникот на 2 April 2015. Посетено на 29 May 2013.
  19. „The Dutch Caribbean“. Dutch Caribbean Legal Portal. Архивирано од изворникот на 20 June 2014.

Надворешни врски

уреди