Орањестад (Свети Евстахиј)
Орањестад (холандски: Oranjestad) — главно и најголемо населено место на островот Свети Евстахиј во Карипска Холандија. Населението брои околку 1.000 жители.[1]
Орањестад Oranjestad | |
---|---|
гратче | |
Шеталиште во Долниот Град на Орањестад | |
Орањестад во рамките на Свети Евстахиј | |
Земја | Холандија |
Јавно тело | Свети Евстахиј |
Население | |
• Вкупно | 1.000 |
Час. појас | AST (UTC-4) |
Клима | Aw |
Географија и опис
уредиОва е пристанишно гратче, поделено на два дела: Долен и Горен (Lower Town и Upper Town). Долниот Град излегува на пристаништето и се состои од појасот крај самото море, со продавници за нуркачка опрема и разни рушевини од колонијално време. Во Горниот Град се наоѓа обновениот центар на стариот град и претставува средиште на стопанските дејности на островот.
Во гратчето има бакалници, ресторани и барови, библиотека, неколку училишта, една клиника и зградите на управата. Има доста посетители од соседниот остров Свети Кристофер, кои доаѓаат да пазаруваат увозна стока по поевтини цени.
Историски места
уредиНајголемата знаменитост на Орањестад е тврдината Орање од XVII век во строгиот центар на градот, која е добро одржана и гледа кон морето. Изградена е на карпи кои се издигаат над брегот и има топови, целосно зачувани бастиони и воен двор. Во близина се наоѓа музејот, а недалку се и остатоците на една од најстарите синагоги на западната полутопка заедно со нејзините гробишта.
Други забележителни градби се делумно срушената холандска реформистичка црква од 1755 г. како и разни обновени куќи на трговците и онаа на управникот (Gezaghebber), која важи за најстара. Тука има и обновени домови во карипски стил со дрвена градба. Дел од градбите од XVIII век со време биле проголтани од морето и истите можат да се видат само со нуркање.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Факти за Свети Евстахиј — Светски атлас (англиски)
Надворешни врски
уреди- Орањестад (Свети Евстахиј) на Ризницата ?
- Историски музеј на Свети Евстахиј Архивирано на 12 декември 2011 г. (англиски)
- Орањестад на Енциклопедија Британика (англиски)
- Орањестад Архивирано на 8 јули 2019 г. — Голема руска енциклопедија (руски)