Караорман (село)

поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија

Караорман (грчки: Μαυρολόγγος, Мавролонгос; до 1927 г. Καραορμάν, Караорман[1]) — поранешно село во Нигритско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.

Караорман
Μαυρολόγγος
Караорман is located in Грција
Караорман
Караорман
Местоположба во областа
Караорман во рамките на Визалтија (општина)
Караорман
Местоположба на Караорман во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°57′N 23°35′E / 40.950° СГШ; 23.583° ИГД / 40.950; 23.583
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаВизалтија
Општ. единицаНигрита
Надм. вис.&1000000000000003000000030 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало во Серско Поле, крај десниот брег на Струма, североисточно од гратчето Нигрита, на надморска височина од 30 м.[1]

Историја

уреди

Во XIX век Караорман бил чифлик во Серската каза на Серскиот санџак.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 24 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 33 лица. Во 1927 година, името на селото било променето во Мавролонгос (Μαυρολόγγος).[1]

Според пописот од 1928 г., Караорман броел 81 жител, од кои 4 доселеници, а останатите најверојатно биле Грци. По исушувањето на Тахинското Езеро, селото било напуштено, поради што во подоцнежните пописи не се спомнува како населба и било избришано од евиденција.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 235.