Отвори го главното мени

Каранфил

род цветни растенија
Каранфил
Gartennelke 1.jpg
Цветови на градинарскиот каранфил (Dianthus caryophyllus)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Каранфили
Род: Каранфил
L.
Типски вид

градинарски каранфил
(Dianthus caryophyllus)

Ботаничка илустрација на картуски каранфил (D. alpinus)

Каранфил (науч. Dianthus) — род со околу 300 вида на цветни растенија од фамилијата каранфили (Caryophyllaceae). Автохтони се на Европа и Азија, со неколку вида во северна Африка и еден вид (D. repens) во Северна Америка. Во Македонија и разни други земји, каранфилот (поточно градинарскиот каранфил) е симбол на првомајството и партизанското движење.

ОписУреди

Претставниците на родот се претежно зелјести и повеќегодишни, со тоа што некои се едногодишни и двегодишни. Некои имаат облик на полугрмушки со дрвенести стебленца. Листовите се спротиставени, прости и линеарни со сивозелена до синозелена боја. Цветовите имаат по пет ливчиња со набрани рабови и (речиси сите) имаат светлорозова до темнорозова боја. Еден вид (D. knappii) има жолти цветови со виолетова средина. Извесни повеќегодишни видови имаат карактеристичен опоен мирис.

Ендемски каранфили во МакедонијаУреди

Во Македонија виреат разни видови на каранфили, од кои некои се заеднички за поширокиот регион или континентот, но некои се ендемски:

ОдгледувањеУреди

Каранфилот има подолга историја на одгледување и вкрстување, па затоа постојат илјадници градинарски и цвеќарски сорти со многу нијанси на бела, розова, жолта и црвена боја и огромна разновидност на облици и белези. Одгледуваните каранфили можат да се поделат на обрабени, вечноцутни, малмезонски, старински, современи и планински.[11]

Некои видовиУреди

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. каранфил, галичички“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  2. каранфил, јабланички“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  3. каранфил, јакупички“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  4. каранфил, кајмакчалански“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  5. каранфил, капински“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  6. каранфил, македонски“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  7. каранфил, охридски“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  8. каранфил, пелистерски“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  9. каранфил, прилепски“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  10. каранфил, скопски“. Македонска енциклопедија , книга : стр. . (2009). Скопје: МАНУ.
  11. RHS A-Z encyclopedia of garden plants. United Kingdom: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 1405332964. 

Надворешни врскиУреди