Градинарски каранфил

растение од родот каранфил
Градинарски каранфил
Црвен градинарски каранфил
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Каранфили
Род: Каранфил
Вид: Градинарски каранфил
Научен назив
Dianthus caryophyllus
L.
Бели каранфили обрабени со црвено
Каранфили на слика од Пјер Жозеф Редуте

Градинарски каранфил или само каранфил (науч. Dianthus caryophyllus) — вид на цветно растение од родот каранфил (Dianthus). Веројатно потекнува од Средоземјето, но не постојат поточни сознанија бидејќи се одлегува на многу места веќе 2.000 години.[1][2][3][4]

Ова е зелјесто повеќегодишно растение што достигнува 80 см во височина. Листовите му се сивозелени до синозелени, тенки и долги до 15 см. Цветовите никнуваат единечно или до пет во соцветие. Имаат пречник од 3–5 см и пријатен мирис. Изворната боја на цветовите е светла розововиолетова, но денес постојат разни сорти во многу бои како црвена, бела жолта и зелена.[4][5] Постојат и варијанти без мирис, кои се користат како украс за закачување на машки палта.

Одгледување

уреди

Цвеќето бара добро исцедена и неутрална до помалку алкална почва и целосна изложеност на сонце. Постојат голем број на сорти во градинарството сорти.[4]

Најголем произведувач на каранфили во светот е Колумбија.

Симболика

уреди

Каранфилот начелно симболизира љубов, восхит и особеност, но постојат и други значења, во зависност од бојата.

  • Заедно со црвената роза, црвениот каранфил социјализмот и работничкото движење. Се носи на паради и демонстрации на Меѓународниот ден на трудот (1 мај), како и во спомен на паднатите борци во НОВ.
  • Во Португалија, светлоцрвениот каранфил го претставува воениот удар за слобода против фашистичкиот режим во 1974 г., наречен „Каранфилска револуција“.
  • Розовиот каранфил има најдолга историја на симболизам. Според едно христијанско предание, каранфилите се појавиле на светот кога Богородица го оплакувала Исус додека го носи крстот и израснале на местата кајшто паѓале нејзините солзи. Оттука, каранфилот е симбол за мајчинската љубов за своето чедо.[6][7]
  • Студентите на Оксфордскиот универзитет носат каранфили на сите испити: бел на првиот, црвен на последниот и розов на сите измеѓу.
  • Каранфилот е државно цвеќе на Охајо во САД.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Med-Checklist: Dianthus caryophyllus
  2. Flora Europaea: Dianthus caryophyllus
  3. Blamey, M. & Grey-Wilson, C. (1989). Flora of Britain and Northern Europe. ISBN 0-340-40170-2
  4. 4,0 4,1 4,2 Huxley, A., ed. (1992). New RHS Dictionary of Gardening. Macmillan ISBN 0-333-47494-5.
  5. Flora of NW Europe: Dianthus caryophyllus Архивирано на 8 декември 2007 г.
  6. Anthony S. Mercatante (1976), The magic garden: the myth and folklore of flowers, plants, trees, and herbs, Harper & Row, стр. 9, ISBN 0-06-065562-3
  7. „The legend of the carnation“, Library notes, Alabama Public Library Service, 1965, стр. 6

Надворешни врски

уреди