Калтенордхајм
Калтенордхајм (германски: Kaltennordheim) — мал град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на подрачјето на планините Рен, 22 километри југозападно од Бад Залцунген и 35 километри источно од Фулда.
Калтенордхајм
Kaltennordheim | |
Градското собрание на Калтенордхајм | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Тирингија |
Округ | Шмалкалден-Мајнинген |
Општ. заед. | Хое Рен |
Градски единици | 12 |
Градоначалник | Ерик Тирмер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 94,41 км2 |
Надм. височина | 440 м |
Население | 5.773 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 61 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | SM |
Пошт. бр. | 36452 |
Повик. бр. | 036966 |
Портал | www.kaltennordheim.de |
Местоположба на градот Калтенордхајм во рамките на округот Шмалкалден-Мајнинген | |
Координати | 50°38′0″N 10°10′0″E / 50.63333° СГШ; 10.16667° ИГД |
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Хое Рен.
Географија
уредиКалтенордхајм се наоѓа во југозападниот дел на Тирингија, во горниот тек на реката Фелда, во областа на биосферниот резерват Рен. Висината на општината се движи од 400 до 800 метри.
Соседни општини
уредиГрадот на север се граничи со општините Шлајд, Дермбах, Емпфертсхаузен и Визентал во округот Вартбург, на исток со општините Вазунген и Фриделсхаузен, на југоисток со општината Ренблик, на југ со општините Ербенхаузен и Обервајд и на запад со градот Тан (Рен) во Хесен. Местото Мелперс се смета за ексклава јужно од Ербенхаузен и непосредно со сојузната граница со Баварија.
Градски единици
уредиГрадот се дели на местата Анденхаузен, Ашенхаузен, Фишбах/Рен, Калтенленгсфелд, Калтенордхајм, Калтензундхајм, Калтенвестхајм, Клингс, Мелперс, Мителсдорф, Оберкац и Унтервајд.
Клима
уредиКлимата е релативно свежа.
Историја
уредиВо рамките на Германското Царство (1871-1918), Калтенордхајм бил дел од Големото Војводство Саксо-Вајмар-Ајзенах.
Политика
уредиГрадски совет
уредиГрадскиот совет се состои од 20 избрани членови.
- CDU/Граѓани за Горен Рен: 5 места
- FWG Калтенленгсфелд: 1 место
- FWGF (Слободно изборно друштво Фишбах/Рен): 2 места
- FWG Клингс: 1 место
- Независни граѓани (UB): 5 места
- Спортско и стрелачко друштво: 1 место
- Изборно друштво „Хое Рен“: 5 места
(состојба: локални избори на 26 мај 2019 г.)[2]
Градоначалник
уредиГрадоначалник на Хицакер е Ерик Тирмер (CDU).
Збратимени градови
уредиКалтенордхајм е збратимен со следниве градови:
Наводи
уреди- ↑ „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
- ↑ „Gemeinderatswahl 2019 in Thüringen – endgültiges Ergebnis“. wahlen.thueringen.de. Der Landeswahlleiter. Посетено на 2019-08-29.
Надворешни врски
уреди„Калтенордхајм“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)