КК Торус е поранешен македонски кошаркарски клуб со седиште во Скопје. Клубот бил поранешен учесник во Првата македонска кошаркарска лига.

КК Торус
Лига/
Основан25 мај 1999; пред 24 години (1999-05-25)
Распаднат2012; пред 12 години (2012)
МестоСкопје
Бои на клуботсина и жолта
         
ПретседателВојо Петров (последен)
ТренерСлободан Петровски (последен)
Позиција 2011/12
(Прва лига мажи)
полуфинале
Супер Лига 4ти
Првацинема
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Историја уреди

КК Торус бил основан на 25 мај 1999 година во Скопје. КК Торус имал играно четири пати во Првата кошаркарска лига на Македонија, поточно во сезоните од 2008/2009 до 2011/2012. Во сезоната 2009/2010 која била најуспешна сезона за клубот, Торус завршил на третото место во македонската кошаркарска Суперлига, а потоа и до полуфиналето каде загубил од Фени Индустри, а Торус бил вицепрвак во Македонскиот Куп во 2010 каде повторно загубил од Фени Индустри.[1] Последен тренер на КК Торус бил Слободан Петровски.[2]

Постигнувања уреди

Тогашна управа уреди

Управата на КК Торус за сезоната 2009/10 била следната:

Стручен Штаб[1]
Драган Василов – Цевка - шеф на стручен штаб
Борис Нешовиќ - тренер
Небојша Ѓуковиќ - асистент на тренер
Горан Андонов - лекар
Николица Цекиќ - лекар
Раководство[1]
Војо Петров - претседател
Љубомир Марковски - директор
Драган Василов – Цевка - лице за контакт

Поважни поранешни играчи уреди

  •   Горјан Марковски
  •   Јован Марковски
  •   Зоран Миловиќ
  •   Илија Милутиновиќ
  •   Милан Миљковиќ
  •    Александар Опачиќ
  •    Кирил Павловски
  •   Џастин Рејнолдс
  •    Тони Симиќ
  •   Александар Стефановски
  •   Игор Тадиќ
  •   Фил Тарнер
  •   Ангел Тасевски
  •   Бојан Трајковски
  •   Брајан Харисон
  •   Александар Хелд

Извор:Eurobasket.com

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „КК Торус на страницата на КФМ“. Архивирано од изворникот на 2010-05-04. Посетено на 2010-09-08.
  2. „Профил на КК Торус на eurobasket.com“. Архивирано од изворникот на 2012-06-16. Посетено на 2010-11-23.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди