Историја на холандскиот јазик

Холандскиот јазик е индоевропски, германски јазик кој главно се зборува во Холандија, Фландрија и Суринам. Тесно е поврзан со другите западногермански јазици: англиски, фризиски, германски, долногермански, луксембуршки, јидски и африканс.

Ран предок на холнадскиот јазик е старонискиот франконски јазик, збирка на истевонски дијалекти кои се појавиле после 500 година по новата ера како резултат на дијалектното диференцирање во рамките на западногерманската група. Ова делумно се должи на два настани: ингвеонските гласовни промени околу Северното Море и горногерманските гласовни промени во јужна Германија, Швајцарија и Австрија, кои се прошириле во Западна Европа во спротивна насока и во ослабена форма. Старонискиот франконски јазик од 800 година наваму, заедно со крајбрежниот ингвеонски крајбрежен дијалект, се нарекува и старохоландски јазик, кој подоцна се развива во дијалектите на среднохоландскиот јазик од 1150 година наваму.

Од 1550 година, се развива новохоландскиот јазик како резултат на желбата за соединување и стандардизација на овие дијалекти. Овој јазик најпрво бил под силно влијание од фламанскиот и брабантскиот дијалект, а подоцна и од таканаречениот дијалект холандс. Покрај тоа, лимбуршкиот играл улога, а во помала мера и североисточните дијалекти, односно долносаксонскиот јазик. Говорниот и пишаниот јазик постепено се раздалечуваат. Во 17 век се создал и пишан јазик што во денешно време изгледа цврсто и вештачко, главно поради силното влијание од речникот на францускиот јазик и граматиката на латинскиот. Обратен развој се случува од крајот на 19 век, кога говорниот и пишаниот јазик повторно се приближени еден кон друг преку современиот холандски јазик.

Почетоци на холандскиот јазик уреди

 
Позицијата на холандскиот јазик во склоп на останатите германски јазици.

Еволуцијата на современиот холандски јазик може да се претстави преку една континуирана линија : праиндоевропски - прагермански - франконски - старонизок франконски (стар холандски) - среден холандски - холандски. На сликата е прикажана поврзаноста на холандскиот со другите германски јазици во рамките на индоевропското јазично семејство, при што треба да се напомене дека западногерманскиот не бил историски јазик, туку термин за означување на јазичните односи меѓу јазиците како резултат на подоцнежните случувања. Томас Јанг бил првиот што го употребил терминот „индоевропски“ во 1813 година.[1] Овој термин оттогаш станал стандарден за означување на овој јазик. Само во Германија почесто се користи терминот „индо-германски“.[2] Сепак, тој термин не го опфаќа вистинскиот опсег, бидејќи германски е само една од десетте главни гранки во рамките на индоевропското јазично семејство.

Од индоевропски кон прагермански уреди

Како и повеќето останати европски јазици, холандскиот е член на индоевропската група јазици. Индоиранските јазици како персиски, санскрит, бенгалски и хинди што ги говорат милиони луѓе надвор од границите на Европа, исто така припаѓаат на индоевропската јазична група. Анадолија е предложена за лулка на индоевропскиот јазик, или, според хипотезата на Курган, регионот околу Црното Море. За индоевропскиот јазик се смета дека бил зборуван таму во четвртиот милениум пред нашата ера.

Во третиот или вториот милениум п.н.е., говорителите на индоевропскиот јазик пристигнале во Северна Европа. Таму се појавува прагерманскиот јазик од индоевропскиот. Ова се случило со употреба на гласовни промени кои Јакоб Грим ги опишал како прва германска гласовна промена. Гласот p бил омекнат во f (pater → father; piscis → fish). Звучните согласки b и d се променети во нивните безвучни парови р и т (labium → lip; duo → twee), соодветно. Акцентот на зборовите исто така се променил.

Првично, се смета дека прагерманските говорници од бронзеното време живееле во регионот околу денешна Данска. Не постојат никакви директни податоци за прагерманските или германските јазици од пишани извори. Овој јазик може да се реконструира само од подоцнежните германски јазици или споредувајќи ги германските јазици со другите индоевропски јазици.

Во железното време, односно од околу 800 година п.н.е., овие германски племиња започнале да се шират на пошироко подрачје. Веројатно во 200 година п.н.е. во областа на денешна Холандија веќе живееле Германци. Најголемото ширење е достигнато во првиот век од нашата ера. За време на ескпанзијата и после неа, германскиот јазик се распаднал на повеќе различни дијалекти. Покрај холандскиот јазик (и африканс), сегашните германски јазици ги вклучуваат и англискиот, германскиот, фризискиот и скандинавскиот јазик . Според традиционалното гледиште, холандскиот јазик спаѓа под западногерманските јазици, подгрупа на германските јазици, во која спаѓаат и англискиот, германскиот и фризискиот. Покрај тоа, традиционално се одделува и северногерманската гранка, во Скандинавија. Разликата помеѓу западногерманската и северногерманската е дискутабилна и овие термини не се користат толку често во модерната лингвистика како порано.

Од германски до холандски уреди

 
Распространетост на старохоландскиот јазик

Раната историја на западногерманскиот е неизвесна затоа што постојат минимални пишани извори. Не е ни јасно дали нејзините дијалекти биле поблиску поврзани со едни со други отколку со другите германски групи.[3]

Римскиот историчар Таситус запишал во првиот век дека корените во Германија била поделени на три групи уште од дамнешни времиња: ингавеонески на брегот, хермионески кои што биле зборувани од народите коишто живееле во „средината, и истаевонески.[4] Врз основа на ова се претпоставува дека западногерманските јазизци исто така биле поделени на три групи: Северноморски Германски (ингвеонски), [Рински-Весергермански (иствеонски) и елбегермански.

Оваа класификација не се совпаѓа целосно со денешните јазици кои постојат.[3] Англискиот јазизк најверојатно се појавил од ингвеонските јазици од западногерманската група,[3] но холандскиот јазик е од мешавина на ингвеонско-иствеонско потекло[5] додека денешниот германски јазик е од иствеонск-херминонско потекло.[3] Фактот дека постоела ингвеонска група доаѓа од тоа што Фризискиот, Саксискиот и ангел-саксискиот јазик имаат заеднички одлики, покрај тоа што англиските и саксонските племиња ја колонизирале Велика Британија уште од петтиот век. Влијанието на ингвеонските гласовни промени на холандскиот јазик довело до поблиски одлики со англискиот јазик: личните заменки започнуваат со гласот "х" (him, he, her; hij, hem, haar, hun, hen) но во германскиот стандарден јазик, кој е заснован на јужните дијалекти, тоа не е случајот (er, ihn, ihr, ihnen).[6]

Во овие пошироки групи се наоѓале неколку племиња чии имиња делумно се користат за дијалектни групи коишто сè уште постојат во денешно време.[7] Националните јазици не се директно засновани на една група основана од едно племе. Во раниот среден век, територијата на Ниските Земји била населена од страна на групи кои припаѓале на три различни племиња: Фризијци, Саксонци и Франки.[8] Истите три племиња населувале големи територии на денешна Германија; во јужните делови живеле и Швабите и Баварците покрај другите народи.[9] Франките кои биле најпознатото германско племе, по римската ера во Холандија, во речните делти на реките Рина, Меза и Шелда, оставиле силен печат на тоа што подоцна ќе се претвори во холандскиот стандарден јазик. За разлика од нив, помало влијание било извршено од западногерманските племиња како што биле Фризијците и Саксонците, кои што живееле во крајбрежјето на источната страна на Ајсел. Поради ова, моменталната сличност помеѓу холандскиот и германскиот јазик (кој за одреден дел исто така е заснован на франконскиот јазик) е голема, особено што се однесува на редоследот на зборовите во реченицата.

Покрај овие племенски поделби исто така е можно западногерманските континентални дијалекти да се подолат на три дела врз основа на поскорешен феномен: втора германска гласовна промена.[10] Околу 400 година од јужните делови, односно од Алпите почнала да се појавува гласовна промена во согласките која почнала во различни степени да се проширува кон север. Кон деветтиот век, ова движење некаде престанало. Јужните дијалекти кои целосно биле под влијание на ова движење почнале да се нарекуваат Висок германски; северните дијалекти кои што не припаѓале на истата група, се нарекувале долногермански.[10] Меѓу нив постоела зона со делумни промени која се нарекувала средногермански.[11] Франконските и саксонските дијалекти имаат северни варијанти кои не се под такво влијание и затоа се викаат нискофранконски и долно западен германски. Нискофранконскиот и долно западно германскиот дијалект исто така биле дел од оваа поголема група,[10] која се нарекувала „долногермански во поширока смисла“.[7] Поголемата сличност помеѓу англискиот и холандскиот релативно со горногерманскиот се појавила од тука. Пример за ова е гласот „p“ кој во англискиот збор apple и холандскиот збор appel станале Apfel во горногерманскиот.

Литература уреди

  • Nicoline van der Sijs, 15 векови холандски јазик, 2019 година. ISBN 9789056155346

Белешки уреди

  1. Szemerényi, Oswald; David Jones, Irene Jones (1999). Introduction to Indo-European Linguistics. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-823870-6
  2. In German it is indogermanisch 'Indo-Germanic' which indicates the east-west extension. That term was first recorded in use in French original as indo-germanique, in 1810 by Conrad
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 König, E. & Auwera, J. van der (eds), 1994, The Germanic Languages, Routledge, p. 9
  4. Publius Cornelius Tacitus, De origine et situ Germanorum, (2): Celebrant carminibus antiquis, quod unum apud illos memoriae et annalium genus est, Tuistonem deum terra editum. Ei filium Mannum, originem gentis conditoremque, Manno tris filios adsignant, e quorum nominibus proximi Oceano Ingaevones, medii Herminones, ceteri Istaevones vocentur.
  5. Harbert, W., 2007, The Germanic Languages, Cambridge University Press, p. 17
  6. M. Schönfeld, 1970, Historische grammatica van het Nederlands, N.V. W.T. Thieme & Cie, Zutphen, (achtste druk), p. XXIV
  7. 7,0 7,1 M. Schönfeld, 1970, Historische grammatica van het Nederlands, N.V. W.T. Thieme & Cie, Zutphen, (achtste druk), p. XXV
  8. König, E. & Auwera, J. van der (eds), 1994, The Germanic Languages, Routledge, p. 14
  9. König, E. & Auwera, J. van der (eds), 1994, The Germanic Languages, Routledge, p. 10
  10. 10,0 10,1 10,2 König, E. & Auwera, J. van der (eds), 1994, The Germanic Languages, Routledge, p. 73
  11. König, E. & Auwera, J. van der (eds), 1994, The Germanic Languages, Routledge, p. 11