Иса Факих џамија, Чинар Муфти џамија или Салих џамија (турски: Isa Fakıh cami, Çınar mufti cami, Salih cami) — муслимански храм од XVI век во Битола.[1][2]

Иса Факих џамија
Основни податоци
МестоБитола, Македонија
ПрипадностСунитски ислам
Статуснеактивна
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија
Архитектонски стилотоманска архитектура
Завршен1506
Особености
Должина10,25 м
Ширина8,55 м
Минариња1

Местоположба

уреди

Џамијата се наоѓа на левата страна од реката Драгор, на Муфтискиот плоштад во близина на Ески чифте амам и Големиот чинар, на улица Димитар Влахов.[1][2]

Историја

уреди

Џамијата била изградена во 911 година од хиџра (1505-1506 година) на Муфтискиот плоштад, а била обновена во 1259 година од хиџра (1843 година). Иса Факих бил познат битолски кадија и татко на друг познат кадија, Исхак Челебија ибн Иса. Неговото име Факих означува дека тој бил еден од правниците кои предавале право (Fıkıh) на Школата за јуриспруденција во Битола. Се чини дека за извесно време бил дефтердар (шеф на одделот за финансии на вилает) во султановата палата. Се чини дека и Иса Факих имал функција на муфтија во градската управа. За одржување на џамијата тој организирал верска фондација, вакаф, кој се состоел со дванаесет продавници, петнаесет куќи и целиот наплатен данок од Житниот пазар. Се знае дека тој изградил месџид во Едрене и еден непознат ан. Во основата на минарето, еднолиниски натпис на мермерна плоча стои дека џамијата била обновена во 1259 година од хиџра (1843 година).[1]

Архитектура

уреди

Џамијата е скромна, основниот молитвен простор е со димензии 10,25 х 8,55 метри, минарето се наоѓа на западната страна, а подоцна е додаден трем на северната страна. Молитвениот простор е едноставна правоаголна градба со покрив од ќерамиди кој е заоблен. Првично под покривот имало купола изработена од дрво. Тремот е долг 5, а ѕидовите се дебели 0,85 метри. Михработ е свртен за 43 степени кон Мека и е издлабен во мермер. Пет реда сталактитни мукарни го красат ѕидот на киблата. Има украси околу правоаголните прозорци и на ѕидната ниша, одвоени за молитва.

Минарето е во средината на западниот ѕид. Основата му е од делкан камен, а шерефето од малтерисани тули.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Mihajlovski, Robert (2010). „The Sixteenth Century Mosques of Bitola/Toli Manastir“ (PDF). Патримониум. 7–8: 353, 354, 365. Посетено на 27 ноември 2015.
  2. 2,0 2,1 „Иса Факих џамија“. Bitola.info. Посетено на 27 ноември 2021.