Михраб
Михраб (арапски: محراب) — ниша во ѕидот во џамија што е насочена во правец на киблата (Ќабата во Мека) кон која се свртени муслиманите за време на молитвите.
За време на заедничките молитви во џамијата, имамот стои во михработ, а останатите клањачи се наоѓаат зад него.
Зборот „михраб“ изворно нема верско значење и во арапскиот јазик означува посебна просторија во куќата, на пример во средновековните замоци, собата каде се наоѓа престолот. Кај првите генерации муслимани и кај претходните верски заедници кои постоеле во арапското говорно подрачје, под терминот михраб се подразбирало и посебно место во куќата во кое се извршувала молитвата. Калифот Осман Ибн Афан (644 — 656) наредил да се означи ѕид во џамијата на Пророкот во Медина во правец на Мека, така што верниците знаат во кој правец се наоѓа киблата.
До владеењето на Велид I (705 — 715), тоа било само место означено на ѕидот. Намесникот на Медина Омер Ибн Абдул-Азиз таа ознака ја проширил и заменил со ниша во ѕидот.
ГалеријаУреди
Големата џамија во Керуан; овој михраб во денешната состојба датира од IX век, Керуан, Тунис
Михраб во Големата џамија во Дамаск, Сирија
Михраб во Аја Софија, Истанбул, Турција
Михраб во една од џамиите на Ридот на хармовите, Ерусалим
Михраб во Големата џамија во Кордоба, Шпанија
Михраб во џамијата Кила и Куна, Делхи
Надворешни врскиУреди
„Михраб“ на Ризницата ? |