Има-конструкција

(Пренасочено од Има-конструкции)

Има-конструкција — едно од најголемите обележја на граматиката на македонскиот јазик и често од страна на граматичарите се смета за најегзотично обележје на македонскиот јазик и неговите говори во рамки на словенските јазици. Тоа е сложена глаголска форма која се образува со помош на помошниот глагол има или нема и глаголска придавка во среден род[1].

Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Образување

уреди

Сложената глаголска форма која се нарекува има-конструкција се образува со помош на помошниот глагол има или нема во негативна конотакција и со глаголска придавка во среден род[1]. Така имаме: имам учено, имав учено, сум имал учено, ќе имам учено, немав учено и слично.

има/нема + глаголска придавка во среден род

Во различните форми на има-конструкцијата се менува само помошниот глагол, а глаголската придавка се сведува на именувач на глаголското дејство. Конструкциите со има претставуваат паралелни, синонимни и еден вид конкурентски форми на сите сложени глаголски форми во македонскиот јазик, времиња и начини[1].

Значење

уреди

Значењата на има-конструкциите се многу блиски со значењата на сложените форми во помошниот глагол сум, честичката ќе или би и често можат да се заменуваат едни со други, како на пример: имам гледано со сум гледал, имав гледано со бев гледал, ќе сум имал гледано со ќе сум гледал и слично[1].

Основна разлика меѓу има-конструкциите и другите сложени форми е во тоа што кај првите повеќе доаѓа до израз резултатот од вршењето на дејството, а кај сложените со сум, ќе или би повеќе се истакнува самото дејство.[1]

Овие конструквции се карактеристични за македонскиот јазик и негоите говори, и покрај во македонскиот јазик можат да се најдат во околните несловенски јазици.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 132 и 133. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди