Балејка

село во Солунско, Егејска Македонија

Балејка (грчки: Μπαλαίικα) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 35 жители (2011). Ова не е традиционално село, туку никнало како сточарска населба во XX век.[2]

Балејка
Μπαλαίικα
Балејка is located in Грција
Балејка
Балејка
Местоположба во областа
Балејка во рамките на Илиџиево (општина)
Балејка
Местоположба на Балејка во Солунскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°47.27′N 22°46.3′E / 40.78783° СГШ; 22.7717° ИГД / 40.78783; 22.7717
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски
ОпштинаИлиџиево
Општ. единицаКаваклиево
Надм. вис.&10000000000000240000000240 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно35
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓа во областа Вардарија, недалеку на југозапад од Коритен (Ѓордино) и 30 км северозападно од Солун. Лежи крај самиот пат кој води од Солун за Кукуш.[2]

Историја

уреди

Населбата за првпат се среќава во пописот од 1928 г. под името Ливадион, со население од 58 жители. Во 1940 г. местото е веќе заведено како село Балејка, во кое тогаш живееле 57 лица.[2] Се смета дека селото настрадало во Грчката граѓанска војна и било напуштено, бидејќи отсуствува на пописот од 1951 г. Подоцна сточарско население се повратило во Балејка, така што во 1961 г. 60 лица, намалувајќи се на 51 во 1971 и 48 во 1981 г. Во 1991 г. населението се зголемило на 58 жители,[2] за повторно да се смали на 33 во 2001 и 35 во 2011 г.

Население

уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 57 60 50 48 58 33 35
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

уреди

Како мала сточарска населба, населението се занимава главно со сточарство.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 311.

Надворешни врски

уреди