Даутово
Даутово, Даутче или Дауча (грчки: Ελεούσα, Елеуса, до 1926 г. Δαούτσα, Даутца, Δαούτση, Даутци[2] — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. До 1920-тите било населено со Турци.[3]
Даутово Ελεούσα | |
---|---|
Координати: 40°44.53′N 22°37.35′E / 40.74217° СГШ; 22.62250° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Илиџиево |
Општ. единица | Илиџиево |
Надм. вис. | 14 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1.214 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиСелото се наоѓа во Солунското Поле, на 33 км северозападно од Солун.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Даутово било село во Солунската каза кое подоцна е претворено во чифлик.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Даутово (Даутче) броело 250 жители Македонци христијани.[5][6] Според општинскиот портал на Илиџиево, селото било турско.[7]
Според грчки податоци во 1905 г. селото било муслиманско.[4]
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Дауџа се состоело од 25 турски куќи.[8]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 260 жители, а во 1920 г. тоа се намалило на 222 лица.[3] Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки доселеници од малградското село Девеџиќој во Источна Тракија.[7] Во 1926 г. селото е преименувано во Елеуса во чест на Богородица.[7] Во 1928 г. Даутово е претставено како чисто дојденско село со 53 семејства сочинети од 178 лица.[9] Во 1926 г. Вардар го поплавил селото со разорни последици, и до 1935 г. се преземале низа мерки за заштита од поплави. Во 1930 г. во Даутово се населиле жителите дојдени во напуштеното турско село Ментешли, и така Даутово почнало да расте.[3] Во 1950-тите е изградено големо вештачко езеро и мрежа од наводнувачки канали кои ја носеле водата на Вардар од Солунското Поле.
Селаните се занимаваат претежно со одгледување на пченка и памук, како и со сточарство.[7]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 556 | 604 | 689 | 524 | 492 | 537 | 394 | 385 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 316. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 4,0 4,1 Μπαλάσης, Ευγένιος (јули 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 48.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 „Ελεούσα“. Δήμος Χαλκηδόνας. Архивирано од изворникот на 2019-07-08. Посетено на 8 јули 2019.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012