Дрмица
Дрмица (наречено и Дрмишта или Дурмушли грчки: Δέρμιτσα / Δουρμουσλή) — историско село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Сè до неговото запустување во 1927 г. било населено исклучиво со Македонци.[1]
Дрмица Δέρμιτσα | |
---|---|
Координати: 40°44.51′N 22°39.30′E / 40.74183° СГШ; 22.65500° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Илиџиево |
Општ. единица | Илиџиево |
Надм. вис. | 12 м |
Население | |
• Вкупно | иселено (1.927) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија и местоположба
уредиОва било чифлигарско кое се наоѓало во Солунското Поле, на левиот на Вардар. Лежело северозападно од Топчиево и јужно од Доганџиево на 30 км северозападно од Солун и 7 км северозападно од Каваклиево.
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очеркъ путешествія по Европейской Турціи“) го опишал Дрмишта како македонско село.[2][3]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Дирмица (Dirmitza) се води како село со 25 домаќинства и 110 жители Македонци.[4][5]
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Дрмица живееле 248 Македонци христијани.[4][6] На почетокот на векот во селото се наметнала бугарската пропаганда на образовен и духовен план. По податоци на секретарот на Бугарската егзаргија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Дрмица (Darmitza) имало 256 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија, а во селото работело и бугарско училиште.[4][7]
Во Грција
уредиСелото значително настрадало во текот на Втората балканска војна, поради што во 1913 г. не е ни спомнато како населба.[1] Наскоро потоа жителите почнале да се враќаат, така што во 1918 г. Дрмица броела 100 жители, за во 1920 г. да се намалат на само 20 жители. Во 1927 г. селото целосно се распуштило, бидејќи таа година е избришано од евиденција.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 317.
- ↑ Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
- ↑ Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 154–155. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 140. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.