Илесли
Илесли (грчки: Οινόη, Инои), до 1927 година (грчки: Ιλεσλή, Илесли) [2]) – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 111 жители.
Илесли (Лесли) Οινόη | |
---|---|
Координати: 40°19′N 21°55′E / 40.317° СГШ; 21.917° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански Округ |
Општина | Општина Кожани |
Надм. вис. | 760 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 111 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиИсторија
уредиЗа време на Османлиското Царство
уредиКон крајот на XIX век Илесли е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Лесли (Λεσλή) живееле 330 Турци.[3]
Во Грција
уредиЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Пичуѓа станува дел на Кралството Грција.
Во 1913 година селото Илесли има 410 жители.[4] Во 1920-тите години населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 94 семејства и 384 жители бегалци.[5]
Во 1927 година името на селото е променето во Инои.
Демографија
уредиПописи
уредиДвижењето на населението по години е следното[6]:
- 1913 – 410 жители
- 1920 – 427 жители
- 1928 – 384 жители
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 501 | 435 | 405 | 203 | 180 | 198 | 156 | 111 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
уредиНаселението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ιλεσλή -- Οινόη
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 2001.
- ↑ „Απαρίθμηση των κατοίκων των νέων επαρχιών της Ελλάδος του έτους 1913. Μακεδονία“. Архивирано од изворникот 2012-07-31. Посетено на 2012-07-31.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. 1. Скопје. стр. 312.