Македонско стоматолошко друштво

Македонското стоматолошко друштво (МСД) го организира, поттикнува, насочува и образова своето членство како и работата на здруженијата и се грижи за планско усовршување на членството преку:

  • организирање на семинари, советувања, симпозиуми, конгреси, собири, стручни состаноци;
  • се грижи за остварување на правата и обврските на МСД и неговите членови во согласност со Статутот на МСД.
Македонско стоматолошко друштво
Лого на МСД.
КратенкаМСД
Основана12.08.1945.
Видстручна организација (невладина)
Седиштеул. „Водњанска“ 17
Место1000 Скопје, Р Македонија
Членство660 стоматолози (во 2006)
Претседателд-р Соња Апостолска
Мреж. местоhttp://www.msd.org.mk

Една од главните активности на Друштвото е организација на континуираниот професионален развој кој е осмислен и акредитиран процес важен за сите стоматолози бидејќи се обврзани да се релиценцираат секои 7 години.

Соработка со други установи и организации

уреди

МСД, во интерес на своето членство, остварува соработка со:

  • Министерство за здравство на Македонија,
  • Стоматолошкиот факултет,
  • Стоматолошката комора на РМ,
  • МЛД- Македонско Лекарско друштво,
  • Лекарската комора на РМ и МАНУ.

Остварува меѓународна соработка со:

  • FDI (Federation Dentaire Internationale),
  • ERO (European Regional Organization of the Federation dentaire internationale),
  • ADA (American Dental Association),
  • BASS (Balcan Association of Stomatological Societies),
  • PFA (Pierre Fouchard Academz) и
  • ADI (Academz Dentier International).

Историја на друштвото

уреди

МСД е основано на 18 декември 1949, во состав на Македонското лекарско друштво како Секција на забоздравствените работници на НРМ. На 24.06.2004, Македонското стоматолошко друштво се издвоило во самостојна организација.

Организација

уреди

Органи на Друштвото се:

  • Собрание
  • Управен одбор
  • Надзорен одбор
  • Образовен одбор
  • Комисија за награди и признанија
  • Етички комитет

Изборот на органите на друштвото се врши на Изборно собрание. Мандатот на избраните членовите и органите трае 4 години.

Надворешни врски

уреди