Иван Велков (сликар)

Иван Велков (22 април 1930 во Врање26 мај 2008 во Скопје) — македонски сликар и универзитетски професор, кој е особено значаен за развојот на македонското сликарство во 1960-тите години.[1]

Иван Велков
Роден Иван Велков
22 април 1930(1930-04-22)
Врање, Кралство Југославија
Починал 26 мај 2008(2008-05-26) (возр. 78)
Скопје, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање сликар

Животопис

уреди

Дипломирал во 1953 година, а во 1955 година магистрирал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Во 1960 година бил на специјализација во Париз.[1]

Бил професор на Архитектонскиот факултет во Скопје и член на групата „Мугри“.[1]

Самостојно излагал (од 1955 година) или со други, во Скопје, и на други места низ поранешна Југославија. Групно излагал на повеќе исложби, меѓу кои и во: Град Мексико, Дижон, Риека, Рим, Торино, Нирнберг, Штутгарт, Белград, Болцано, Ферара и други места.

Неговиот опус се движи во рамките на фигурацијата, енформелот и геометриската апстракција.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Велјанова“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 262. Text "series " ignored (help)