Иван Љубичиќ

(Пренасочено од Иван Љубичич)

Иван Љубичиќ (роден на 19 март 1979 г.) е поранешен професионален хрватски тенисеер. Негово највиско место на АТП листата било 3. место, кое го постигнал во мај 2006.[1]

Иван Љубичиќ
Земја Хрватска
Место на живеењеМонте Карло, Монако
Роден на19 март 1979(1979-03-19)(45 г.)
Роден воБања Лука, СР Босна и Херцеговина, СФРЈ
Спорт Тенис
Професионалец1998
Пензинониран(а)15 април 2012
Игра со• десна рака
• еднорачен бекхенд
Заработка$10,181,121
Поединечно
Победи-порази429–296
Титули10
Највисок пласманБр. 3 (1 мај 2006)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенQF (2006)
Ролан ГаросSF (2006)
Вимблдон3R (2006, 2007, 2011)
УС Опен3R (2005, 2007)
Други турнири
Мастерс купRR (2005, 2006)
Олимписки игри3R (2000, 2004)
Во двојки
Победи-порази111–128
Титули0
Највисок пласманБр. 70 (16 мај 2005)
Резултати на Гренд Слемови
Австралијан ОпенQF (2010)
Ролан Гарос3R (2004, 2006)
Вимблдон1R (2005, 2006, 2007)
УС ОпенQF (2003, 2009)
Мастерс купДруги турнири во двојки
Бронзен медал (2004)
Олимписки медали
Натпреварувач за  Хрватска
Тенис во машка конкуренција
Бронзен медал – трето место 2004 Атина Во двојки

Своите најдобри резултати тој ги остварувал на турнирите во сала на тепих или тврда подлога. Неговата игра главно се одвивала од основната линија со повремени излези на мрежа. Тој бил добар волеј играч и играл повремено во двојки. Со неговиот бекхенд, тој често знаел да одигра кратки топки.

Љубичиќ четири пати играл финале на АТП Мастерс турнирите, и успеал да освои една титула, на Мастерсот Индијан Велс 2010, победувајќи го Енди Родик во финалето. Тој вкупно во кариерата освоил 10 АТП титули. Негов најдобар резултат на Гренд слем турнирите бил полуфиналето на Отвореното првенство на Франција 2006, во кое загубил од Рафаел Надал. Во 2005 година, тој му помогнал на хрватскиот Дејвис куп тим да ја освои првата титула во Дејвис купот. Тој се повлекол од тенисот на 15 април 2012 година.

Рани години

уреди

Љубичиќ е рооден во Бања Лука, во тогашна СР Босна и Херцеговина, како син на Марко кој бил босански хрват и работел како електричар, и Хазира која била босанка и била домаќика. Тој има еден постар брат, Владо. Тој започнал да игра тенис на 9-годишна возраст. Во мај 1992, поради војната во Босна и Херцеговина, тој, неговиот брат и неговата мајка се преселиле од Бања Лука во Опатија, Хрватска, додека пак неговиот татко не можел да замине. Во ноември 1992, тие се обединиле и заедно се преселиле во Ријека. Веднаш потоа, во април 1993, Љубичиќ заминал да трениера во тениски клуб во Монкалијери во близина на Торино, Италија. Во следните три години, Љубичиќ израснал во надежен талент. Тој одлучил да игра за Хрватска и во 1995 година тој победил на своето прво јуниорско првенство и станал хрватски шампион до 16 години. Истата година, тој ги освоил своите први АТП бодови и играл за Хрватска на европското првенство до 16 години. Во двојки, заедно со Жељко Крајан, тој го освоил престижното натпреварување за јуниори, Оринџ Бол.

Во 1996, неговото семејство се преселило во Загреб, додека пак тој продолжил со своите успеси. Тој се приклучил на тенискиот клуб Младост и играл на сè повеќе јуниорски турнири. Негов најголем успех во јуниорските денови било финалето на јуниорскиот Вимблдон, во кое бил поразен од белорусинот Владимир Волчков. Во 1997 година, тој стигнал до полуфиналето на јуниоррскиот турнир на Отвореното првенство на Австралија и се искачил на 2. место на јуниорската листа. На почетокот на 1997 година, тој започнал да тренисра со италијанскиот професионален тренер Рикардо Пјати.

Во 2004, Иван се оженил со својата сопруга Аида, со која има две деца, син Леонардо и ќерка Зара.[2][3]

Големи финалиња

уреди

АТП Мастерс 1000

уреди

Поединечно: 4 (1–3)

уреди
Исход Година Мастерс Подлога Противник Резултат
Финалист 2005 Мадрид, Шпанија Тврда   Рафаел Надал 6–3, 6–2, 3–6, 4–6, 6–7(3–7)
Финалист 2005 Париз, Франција Тепих   Томаш Бердих 3–6, 4–6, 6–3, 6–4, 4–6
Финалист 2006 Мајами, САД Тврда   Роџер Федерер 6–7(5–7), 6–7(4–7), 6–7(6–8)
Победник 2010 Индијан Велс, САД Тврда   Енди Родик 7–6(7–3), 7–6(7–5)

АТП финалиња во кариерата

уреди

Поединечно: 24 (10–14)

уреди
Легенда
Гренд слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (1–3)
АТП World Tour 500 Series (2–3)
АТП World Tour 250 Series (7–8)
Титули по подлога
Тврда (7–12)
Земја (0–0)
Трева (1–0)
Тепих (2–2)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Противник Резултат
Победник 1. 8 октомври 2001 Лион, Франција Тепих   Јунес Ел Ајнауи 6–3, 6–2
Финалист 1. 12 јануари 2004 Доха, Катар Тврда   Николас Ескуде 3–6, 6–7(4–7)
Финалист 2. 10 јануари 2005 Доха, Катар (2) Тврда   Роџер Федерер 3–6, 1-6
Финалист 3. 14 февруари 2005 Марсеј, Франција Тврда   Јоаким Јохансон 5–7, 4–6
Финалист 4. 21 февруари 2005 Ротердам, Холандија Тврда   Роџер Федерер 7–5, 5–7, 6–7(5–7)
Финалист 5. 28 февруари 2005 Дубаи, ОАЕ Тврда   Роџер Федерер 1–6, 7–6(8–6), 3–6
Победник 2. 9 октомври 2005 Мец, Франција Тврда   Гаел Монфис 7–6(9–7), 6–0
Победник 3. 16 октомври 2005 Виена, Австрија Hard (i)   Хуан Карлос Фереро 6–2, 6–4, 7–6(7–5)
Финалист 6. 24 октомври 2005 Мадрид, Шпанија Тврда   Рафаел Надал 6–3, 6–2, 3–6, 4–6, 6–7(3–7)
Финалист 7. 7 ноември 2005 Париз, Франција Тепих   Томаш Бердих 3–6, 4–6, 6–3, 6–4, 4–6
Победник 4. 8 јануари 2006 Ченај, Индија Тврда   Карлос Моја 7–6(8–6), 6–2
Победник 5. 5 февруари 2006 Загреб, Хрватска Тепих   Стефан Кубек 6–3, 6–4
Финалист 8. 3 април 2006 Мајами, САД Тврда   Роџер Федерер 6–7(5–7), 6–7(4–7), 6–7(6–8)
Финалист 9. 2 октомври 2006 Бангкок, Тајланд Тврда   Џејмс Блејк 3–6, 1–6
Победник 6. 15 октомври 2006 Виена, Австрија Тврда   Фернандо Гонсалес 6–3, 6–4, 7–5
Победник 7. 6 јануари 2007 Доха, Катар Тврда   Енди Мари 6–4, 6–4
Финалист 10. 5 февруари 2007 Загреб, Хрватска Тепих   Маркос Багдатис 6–7(4–7), 6–4, 4–6
Финалист 11. 26 февруари 2007 Ротердам, Холандија Тврда   Михаил Јужни 2–6, 4–6
Победник 8. 17 јуни 2007 Хертогенбош, Холандија Трева   Петер Веселс 7–6(7–5), 4–6, 7–6(7–4)
Финалист 12. 1 март 2008 Загреб, Хрватска Тврда   Сергеј Стаховски 5–7, 4–6
Победник 9. 1 ноември 2009 Лион, Франција Тврда   Микаел Лодра 7–5, 6–3
Победник 10. 21 март 2010 Индијан Велс, САД Тврда   Енди Родик 7–6(7–3), 7–6(7–5)
Финалист 13. 31 октомври 2010 Монпелје, Франција Тврда   Гаел Монфис 2–6, 7–5, 1–6
Финалист 14. 25 септември 2011 Мец, Франција Тврда   Жо-Вилфрид Цонга 3–6, 7–6(7–4), 3–6

Во двојки: 4 (0–4)

уреди
Легенда
Гренд слем (0–0)
АТП завршен Мастерс во годината (0–0)
АТП Мастерс 1000 (0–0)
АТП World Tour 500 series (0–0)
АТП World Tour 250 series (0–4)
Титули по подлога
Тврда (0–1)
Земја (0–2)
Трева (0–0)
Тепих (0–1)
Исход Бр. Датум Турнир Подлога Партнер Противници Резултат
Финалист 1. 23 јули 2000 Умаг, Хрватска Земја   Ловро Зовко   Алекс Лопес Морон
  Алберт Портас
1–6, 6–7(2–7)
Финалист 2. 12 ноември 2000 Лион, Франција Тепих   Џек Вајт   Паул Хархус
  Сендон Стол
1–6, 7–6(7–2), 6–7(7–9)
Финалист 3. 22 јули 2001 Умаг, Хрватска Земја   Ловро Зовко   Серхио Роитман
  Андрес Шнаитер
2–6, 5–7
Финалист 4. 17 октомври 2004 Мец, Франција Тврда   Урош Вико   Арно Клеман
  Николас Мау
2–6, 6–7(8–10)

Наводи

уреди
  1. „ATP World Tour – Tennis Players — Ivan Ljubičić“. ATPWorldTour.com. Посетено на 8 March 2012.
  2. Baby Boom: Tennis Players Become Parents Tennis.com, 30 December 2008.
  3. Ivan Ljubičić: A proud leader, Tennis.com, 17 April 2012.

Надворешни врски

уреди