Зоран Иванов

македонски новинар

Зоран Иванов (Скопје, 14 октомври 1949) — македонски новинар. Завршил Факултет за новинарство во Скопје, а во 1974 г. станал соработник на Радио Скопје.[1] Подоцна работел како новинар и уредник-коментатор за Македонското радио и Македонската Телевизија. Соработувал со повеќе електронски и печатени медиуми (меѓу кои Сител и Утрински Весник).

Зоран Иванов
Роден(а)14 октомври 1949
Скопје, Република Македонија
НационалностМакедонија Македонец
ДржавјанствоМакедонија Македонија
ЗанимањеНовинар, политички аналитичар
Активен период1974-денес
Страница
civilmedia.mk
slobodenpecat.mk

Иванов бил првиот директор на Македонската Информативна Агенција (МИА). Автор е на двотомната книга „Амбиент“, која е хронолошка збирка на неговите новинарски записи, коментари и анализи. Во 1994 г. ја добил наградата „Новинар на годината“.[2] Во 2012 г. му била врачена наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, признание кое го доделува ЗНМ.[3]

Бил советник за односи со јавноста во кабинетот на Бранко Црвенковски за време на неговиот претседателски мандат.[4] По завршување на таа обврска, својата новинарска кариера ја продолжил во ТВ Алфа. Во телевизијата имал своја авторска емисија „Пресинг“, а во мај 2012 бил назначен за нејзин главен и одговорен уредик.[5] Во февруари 2013 г. тој добил отказ од ТВ Алфа. Изреволтиран од тој потег, како и од севкупната состојба во македонското новинарство, преку писмо соопштил дека ги враќа сите негови новинарски награди.[6][7] Во 2022 година се вработува во Слободен печат каде е водител на емисијата "На крајот од". Од 2023 година ја води утринската емисијата "Слободен печат".

Негово хоби е падобранството, а тој е исто така повеќекратен првак и рекордер во неколку категории во Македонија и во светот.[8] Носител е на највисокото меѓународно признание во спортското воздухопловство - „Златна значка со три дијаманти“ на Светската федерација (ФАИ).[9] Тој е татко на три деца, Игор, Тина и Дуња.[10]

Наводи уреди

  1. „Алфа од денеска со нов одговорен уредник“. Плус Инфо. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 9 мај 2012.
  2. Македонска енциклопедија (прв том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 608
  3. „ЗНМ ги додели годишните новинарски награди“. Tocka.com.mk. Посетено на 19 февруари 2012.
  4. „Зоран Иванов нов главен уредник на АЛФА ТВ“. Дневник. Посетено на 10 мај 2012.[мртва врска]
  5. „Зоран Иванов – нов главен уредник на ТВ Алфа“. Без Пардон. Архивирано од изворникот на 2012-06-15. Посетено на 7 мај 2012.
  6. „Новинарот Зоран Иванов добил отказ и ги враќа сите награди“. Република. Посетено на 21 февруари 2013.
  7. „Зоран Иванов: Нема повеќе да бидам дел од поразот на македонското новинарство“. Капитал. Посетено на 21 февруари 2013.[мртва врска]
  8. „ФАИ признанија: Добитници на дипломата „Пол Тисандиер". Воздухопловна Федерација на Македонија. Архивирано од изворникот на 2013-01-23. Посетено на 1 април 2005.
  9. „Зоран Иванов: Во што ви е проблемот, во успешноста ли, или…“. А1ON.mk. Архивирано од изворникот на 2013-03-04. Посетено на 25 мај 2012.
  10. „Зоран Иванов е нов главен уредник на Алфа телевизија“. ТВ Сител. Посетено на 10 мај 2012.

Надворешни врски уреди