Нова ТВ.мк
Нова ТВ е македонски портал формиран во 2013 година, од страна на Борјан Јовановски и Биљана Секуловска, поранешни новинари на А1-телевизија. Нова ТВ е портал што секојдневно емитува вести, стории, интервјуа, како и емисии неколку пати неделно. Главен уредник на порталот е Борјан Јовановски. При последната промена на сопственици на порталот во 2022 година, е купен од страна на Џабир Дерала. Главен и одговорен уредник е Зоран Иванов.
Нова ТВ | |
---|---|
![]() | |
Отпочната | 2013 |
Сопственик | Џабир Дерала |
Држава | ![]() |
Јазик | македонски |
Седиште | Скопје |
Сестрински канал(и) | Цивил Медиа Фронтлајн |
Веб-страна | novatv.mk |
Историја
уредиВо јануари 2013 година, новинарите Борјан Јовановски, Биљана Секуловска, Менче Атанасова-Точи и Сашка Цветковска го отворија порталот Нова ТВ. На почетокот само Јовановски и Секуловска биле сопственици на фирмата "Новавеб ТВ", која официјално стои зад сајтот, а подоцна во 2016 година, како сопственици се впишаа и новинарките Сашка Цветковска и Менче Атанасова-Точи.
Нова ТВ се појави година и половина по институционалното затворање на А1-телевизија, каде што работеа основачите на порталот како новинари или како уредници.
Покрај дневните репортерски стории, Нова ТВ објавуваше и истеажувачки текстови што откриваа корупција и злоупотреба на власта, коментари о колумни.
Во 2021 година, сајтот Нова ТВ што беше познат по тоа дека е формиран и воден исклучиво од новинари, премина во рацете на познат сопственик. Бизнисменот Владимир Стајиќ го презеде сопствеништвото на порталот.
При последната промена на сопственици на порталот, во август 2022 година, е сопственик на порталот Џабир Дерала, сопственик на Шорткат продукција, главен уредник на Цивил Медиа и Фронтлајн.
Редакција
уредиГлавен и одговорен уредник
Одговорен уредник
Редакција
- Марија Тодоровска, Ана Василевска
За Нова пишуваат
- Зоран Иванов, Џабир Дерала, Бранко Тричковски, Љубомир Костовски и Биљана Секуловска
Надворешни врски
уреди- novatv.mk Архивирано на 1 јануари 2024 г.
- Список на македонски портали