Студии по новинарство
Студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје се воспоставени во 1977 година како интердисциплинарни студии во организација на три факултети: Правниот факултет, Економскиот факултет и Филолошкиот факултет. Кон крајот на осумдесеттите години, студиите по новинарство станаа дел од Правниот факултет како интердисциплинарни студии, за подоцна да добијат рамноправен статус како посебна студиска програма - правни студии, студии по новинарство и политички студии.