Телевизија Алфа

(Пренасочено од ТВ Алфа)

Алфа ТВ — приватна национална телевизиска станица, која започна да емитува на македонски јазик на 3 јуни 2008 година во Скопје и во посредство на сателит во цела Европа, Северна Африка и делови на Азија. Од Јуни 2013 Алфа стана национален телевизиски канал.[1] Програмата може да се следи и преку македонските интернет телевизии Zulu.mk [1] Архивирано на 20 декември 2019 г. и MaxTV [2] Архивирано на 11 февруари 2012 г., како и на официјалниот портал на Телевизија Алфа.

Алфа ТВ
ДржаваМакедонија Македонија
СедиштеКачанички пат б.б. 1000 Скопје
Веб-странаalfa.mk

Организација уреди

Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, каде што работат преку 50 новинари и уредници, а во целата телевизија се вработени вкупно 137 луѓе.

Телевизијата е опремена со најсовремена технологија и е една од најдобро опремените телевизии во регионот[2]. Продукциската опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Заснована е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата) и на BlueRay дискови. Телевизијата има две студија. Првото на површина од околу 220 квадратни метри е наменето за продукција и има седум камери плус кран камера, а второто студио на површина од околу 72 квадратни метри е наменето за вести и е опремено со три камери. Во техничкиот оддел на Алфа телевизија работат 11 монтажери, 12 сниматели, 6 режисери, 6 реализатори, 8 видео миксери и 8 тон мајстори.[3]

Историја уреди

Телевизијата од своето основање во 90-тите години беше локална скопска телевизија која го носеше името ТВ Скопје. Потоа беше купена од страна на познатиот грчки медиумски магнат Димитрис Кондоминас. Поради тоа што телевизијата не доби национална концесија, Грците набрзо ја продадоа телевизијата, со што нови сопственици постанаа Французи, но и тие немаа успех со работата на телевизијата, па во 2008 сопственик стана познатиот македонски стопанственик Штерјо Наков. Зделката била вредна половина милион евра[4]. Во 2012 ТВ Алфа е повторно продадена.[5]

Серии уреди

Емисии/реалити шоуа уреди

Наводи уреди

  1. „Официјално мрежно место на Алфа“. Архивирано од изворникот на 2013-06-08. Посетено на 2013-06-10.
  2. Алфа ќе внесе квалитет и свежина во етерот![мртва врска]
  3. Алфа ТВ. Архивирано од изворникот на 2012-02-08. Посетено на 2012-01-25.
  4. Штерјо Наков ја купи „Алфа“ телевизија[мртва врска]
  5. Еве кој ја купил ТВ Алфа[мртва врска]
  6. „Новиот македонски ситком „Цимери" од понеделник на Алфа“. ТВ Пакет (англиски). Посетено на 2020-11-29.
  7. 7,0 7,1 7,2 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-01. Посетено на 2015-01-31.
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-01. Посетено на 2015-01-31.
  9. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-07. Посетено на 2015-01-31.
  10. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-01. Посетено на 2015-01-31.
  11. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-15. Посетено на 2015-01-31.
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-11-23. Посетено на 2015-01-31.

Надворешни врски уреди

Галерија уреди