Зоран Здравковски

Зоран Здравковски (роден на 16 март 1953 година во Белград) — македонски хемичар и професор.[1]

Зоран Здравковски
Роден 16 март 1953
Белград, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање хемичар

Животопис

уреди

Основно образование завршил во Скопје и во Бејрут, Либан (седмо и осмо одделение), а сред­­но образование завршил во Скопје и во САД (четврта година). Средно образование стекнал во Скопје (во гимназијата „Јосип Броз Тито”) и во Фармингтон (САД). Во учеб­ната 1971/72 г., се запишал на студии по применета хе­мија на При­род­но-мате­ма­тич­киот факултет во Скопје. Дипло­мирал во 1975 година како најдобар студент во својата гене­ра­­­ц­и­ја. Наредната година се запишал на постдипломски сту­дии на Хемискиот факултет во Скопје. Магистрирал во 1982 година под менторство на проф. д-р Бојан Подолешов, бранејќи ја темата „Изолација и идентификација на кисели и базни ком­поненти од видови Aristolochia”. Во 1984/85 г. бил на студиски престој во Љубљана, каде што работел на проблеми од својата идна док­торска дисертација. Докторирал во 1989 година на Универ­зи­тетот „Едвард Кардељ” во Љубљана (ментор на трудот бил проф. д-р Марко Зупан), бранејќи го трудот „Uticaj strukure visokomolekularnih jedinjenja na trans­formacije organskih molekula”. Во периодот 1992-1994 г. бил на постдокторски престој на Универзитетот во Њу Ор­леанс, САД.

Во 1976 година бил примен за стажант на Институтот за чиста и применета неорганска хе­ми­ја на Хемискиот факултет. Наредната (1977) година бил избран за помлад асистент. По магис­трирањето бил избран за асистент. Во ова звање е преизбиран до 1991 г. кога станал доцент на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 1996 година бил избран за вонреден про­фе­­сор, а во 2000 за редовен професор, во 2006 презибран со истото звање.

Во периодот 1993–1994 г. бил на научно усовршување на Универзитетот во Њу Орлеанс, САД. За време на овој сту­дис­ки престој Зоран Здравковски ос­тварил забележлива научноистражувачка активност од која произлегле голем број научни трудови објавени во врвни меѓународни списанија. Зоран Здравковски бил ангажиран во изведување на наставата на додипломски и постдипломски студии по следниве предмети: информатика при­ме­не­та во хемијата (за хемичари), хемија на преодни елементи (за хемичари), препаративна неорганска хемија (за хеми­ча­ри), примена на компјутери (за студентите по биологија-хемија), медицинска хемија (за медицинари), органска хемија со органска технологија (за студентите по биологија-хемија), додека за на постдипломските студии изведу­вал настава по: компјутери во хемијата, хроматографски методи (гасна хромато­гра­фија) и органски синтези.

Здравковски бил ангажиран и во други активности како: генерален секретар на Сојузот на хеми­ча­ри­те и технолозите на Македонија, регионален уредник на Molecules, Интернет јоурнал, од 1997 г. е член на American Chemical Society, бил долгогодишен член на Коми­си­ја­та за квалификациони испити на Медицински факул­тет, член на повеќе комисии за одбрана на магистер­ски работи и докторски дисертации, рецензент на учеб­ници (Просветно дело, ПМФ), научни трудови (Molecules, Journal of Chemical Education, Гласник на хемичарите и технолозите на Македонија, Македонски фармацевтски билтен) научни и развојни проекти (Министерство за образование и наука на Р Македонија, Минис­тeарство науке и заштите животне средине, Србија и Црна Гора) итн., член на стручен тим за изгот­ву­ва­ње на наставни програми за гимназиското образование, член на Комисијата за меѓународна соработка на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, член на Комисијата за издавачка дејност на ПМФ, член на работното тело на Компјутерскиот центар на ПМФ, иницијатор за издавање на е-Билтен, електронски информатор на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија итн.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Здравковски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 566. Text "series " ignored (help)