Зидхајде (општина)
Зидхајде (германски: Südheide) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Била именувана по блискиот истоимен ридски масив. Била создадена на 1 јануари 2015 година со спојување на поранешните општини Хермансбург и Унтерлис.
Зидхајде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Целе |
Месни единици | 8 |
Градоначалник | Аксел Фладер (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 196,16 км2 |
Население | 11.604 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 59 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | CE |
Пошт. бр. | 29303, 29320, 29345 |
Повик. бр. | 05052, 05827 |
Портал | www.gemeinde-suedheide.de |
Местоположба на Зидхајде во рамките на округот Целе | |
Координати | 52°50′0″N 10°09′0″E / 52.83333° СГШ; 10.15000° ИГД |
Географија
уредиМестоположба
уредиЗидхајде се наоѓа во северниот дел на округот Целе, на север од Природниот парк Зидхајде. Обете главни места, Хермансбург на запад, и Унтерлис на исток, се оддалечени 16,5 километри. Хермансбург се наоѓа околу 29 километри северно од окружниот град Целе, додека Унтерлис се наоѓа околу 29 километри југозападно од Илцен.
Општински единици
уредиОпштината Зидхајде е составена од следниве места: Бафен, Бекедорф, Боншторф, Хермансбург, Лутерло, Олдендорф, Унтерлис и Везен.[2]
Соседни општини
уредиОд север надесно општината се граничи со Фасберг, најсеверната општина на округот Целе, со Ајмке и Зудербург во округот Илцен, Ешеде и Берген во округот Целе и Вицендорф во округот Хајде.
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Ortschaften“. Gemeinde Südheide (германски). Municipality Südheide. Посетено на 14 април 2019.
Надворешни врски
уреди- Зидхајде (општина) на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)