Ешеде
Ешеде (германски: Eschede) — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри североисточно од окружниот град Целе, на границата со Природниот парк Зидхајде. Околу 20 мали села припаѓаат на општината.
Ешеде | |
Општинското собрание на Ешеде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Целе |
Градоначалник | Гинтер Берг |
Основни податоци | |
Површина | 195,87 км2 |
Надм. височина | 87 м |
Население | 5.792 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 30 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | CE |
Пошт. бр. | 29348 |
Повик. бр. | 05142 |
Портал | www.eschede.de |
Местоположба на Ешеде во рамките на округот Целе | |
Координати | 52°44′0″N 10°15′0″E / 52.73333° СГШ; 10.25000° ИГД |
Во 1975 година, голем пожар уништил огромни површини на шумата во областа. Местото е познато и по железничката несреќа во 1998 година, кога брз воз ICE излетал, при што загинале 101 лице, што претставува најлоша железничка несреќа во Германија по Втората светска војна.
Општината претставувала административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
уредиЕшеде се наоѓа 19 километри североисточно од Целе, на работ на една голема шумска област.
Општината Ешеде се состои од средишното место Ешеде, Хабигхорст, Хефер, Шарнхорст, Дале, Ендехолц и Марведе.[2] Покрај нив се сретнуваат и помали места како Ашенберг, Ашаутајхе, Бургхорн, Хабигхорстер Хее, Хезело, Краген, Маринезидлунг, Ое, Квело, Реберла, Шелпло, Штарксхорн и Вајхаузен.
Познати луѓе
уреди- Алберт Кениг (1881–1944) — сликар и графичар
- Фридрих Штолте (1889–1969) — политичар
- Вилхелм Брезе (1896–1994) — политичар
- Ерих Шелхаус (1901–1983) — политичар
- Геде Гендрих (1912–2000) — шумар и писател
- Ернст Бауероксе (р. 1925) — мисионер
Наводи
уреди- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Hauptsatzung der Gemeinde Eschede“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-01-12. Посетено на 2019-04-14.
Надворешни врски
уреди„Ешеде“ на Ризницата ? |
- Официјална страница Архивирано на 26 септември 2015 г. (германски)