Земја на Мери Берд

(Пренасочено од Земјата на Мери Берд)

Земја на Мери Берд или ЗМБ (англиски: Marie Byrd Land, MBL) — област на Антарктикот. Со површина од 1.610.000 км2, претставува најголемата ничија земја на светот. Наречена е по сопругата на американскиот поморски офицер Ричард Берд, кој го истражувал ова подрачје на почетокот на XX век.[1]

Земјата на Мери Берд

Територијата се наоѓа на Западниот Антарктик, источно од Росовата Ледена Плоча и Росовото Море, а јужно од тихоокеанскиот дел на Јужниот Океан, протегајќи се на исток до линија помеѓу ’рт на Росовата Ледена Плоча и Ејтсовиот Брег (од 158° ЗГД до 103°24' ЗГД).

Преглед

уреди
 
Ледници и карпести изданоци на Земјата на Мери Берд, 2011 г.

Поради големата оддалеченост, дури и по антарктичи стандарди, најголемиот дел од Земјата на Мери Берд (делот источно од 150° ЗГД) не е предмет на претензија од ниедна суверена држава. Ова е убедливо најголемата ничија земја на светот, со површина од 1.610.000 км2 (вклучувајќи го Ејтсовиот Брег, веднаш на исток од ЗМБ). Американската држава смета дека има право да претендира врз дел од територијатата поради активностите на нејзините експедиции, но осуетен во 1959 г. со склучувањето на Антарктичкиот договор.[2] Делот западно од 150° ЗГД влегува во состав на Росовата Зависност на која полага право Нов Зеланд.

Разликуваме пет брежни подрачја, тука наведени од запад кон исток:

Бр. Дел Западна граница Источна граница
1 Сондерсов Брег 158°00' ЗГД 146°31' ЗГД
2 Рупертов Брег 146°31' ЗГД 136°50' ЗГД
3 Хобсов Брег 136°50' ЗГД 127°35' ЗГД
4 Бакутисов Брег 127°35' ЗГД 114°12' ЗГД
5 Волгринов Брег 114°12' ЗГД 103°24' ЗГД
  Земја на Мери Берд 158°00' ЗГД 103°24' ЗГД

Истражување

уреди

Земјата на Мери Берд за првпат е истражена од запад, навлегувајќи од Росовото Море. Крајниот западен брег на ЗМБ бил забележан во 1902 г. од бродот „Дискавери“ на британскиот истражувач Роберт Фалкон Скот. Полуостровот крај Росовото Море го нарекол Земја на Едвард VII, а расеаните карпести изданоци на повидок ги нарекол Александрините Планини. Во 1911 г. за време на норвешката експедиција на Роалд Амундсен, Кристијан Преструд на санки ги посетил овие изолирани изданоци (нунатаци), во пределот крај истокот на Росовото Море и Росовата Ледена Плоча. Во исто време, првата јапонска експедиција под водство на Нобу Ширасе истоварила екипа на полуостровот.[3]

За време на првата експедиција на Ричард Берд (1928–1930), пилотот Дин Смит ја прелетал земјата во 1929 г.[4] Почнувајќи од „Мала Америка“ крај базниот логор „Фрамхајм“ на Амундсен во Заливот на Китовите, ова дошло до откривање на Рокфелеровите и Фордовите Планини понаисток. Берд го нарекол овој крај по неговата сопруга Мери. Рокфелеровите Планини се за кратко посетени од геологот Л. Гулд.[5]

Првото подалечно истражување во внатрешноста на копното е спроведено за време на втората експедиција на Берд (1933–1935), кога екипата на Пол Сајпл и Френклин А. Вејд на санки стасале до Фоздиковите Планини во 1934 г. Потоа со авионски прелет се истражени пределите понаисток долж Рупертовиот Брег.[6]

Експедицијата на Антарктичката служба на САД (третата Бердова експедиција) е извршена од 1939 до 1941 г. Воспоставени се два базни логора, оддалечени 2.600 км еден од друг. Западниот бил близу поранешната база „Мала Америка“ (68° 29' ЈГШ, 163° 57' ЗГД), а источниот бил крај Антарктичкиот Полуостров, на островот Стонингтон (68° 12' ЈГШ, 67° 03' ЗГД).[7] Со летовите од овие две бази е откриена вулканската покраина на Земјата на Мери Берд (на пр. Венецот на Извршниот Комитет[8]) и голем дел од крајбрежните подрачја како Волгриновиот, Хобсовиот и Рупертовиот Брег.[9] Од Западниот логор се посетени северните Фордови Планини и јужните падини на Фоздиковите Планини.[10]

Воената морнарица на САД испратила неколку експедиции на Антарктикот во периодот од 1946 до 1959 г. На овие експедиции (операција „„Скок во височина““ предводена од Берд, „Ветерница“ и „Длабоко замрзнување“ I–IV) вршено е систематско фотографирање од воздух со системот Триметрогон на крајбрежните делови од ЗМБ.[11]

Морнарицата на САД почнала со изградба на поларната станица „Берд“ на 80° ЈГШ, 120° ЗГД и ја посетила „Мала Америка V“ во 1956–57 г. за време на операцијата „Длабоко замрзнување II“. Овие потфати се направени воочи Меѓународната геофизичка година (од јули 1957 до крајот на 1958 г.) во чиј тек се извршени неколку истражувачки патувања со гасенични конвои (ратраци и приспособени булдожери). Почнувајќи од јануари 1957 г. Чарлс Бентли го започнал преминувањето од „Мала Америка V“ до новата станица „Берд“ долж патот трасиран од армиската инженерија неколку месеци претходно [12]. Неговата екипа извршила мерења на дебелината на мразот, како и магнетното и гравитациското поле на Земјата. Следната летна сезона (1957–58) спровел уште едно преминување до станицата „Берд“, кога за првпат се посетени вулканите. Екипата стасала до венецот Сентинел, па се вратила во станицата „Берд“. Третото патување предводено од него се одвивало од станицата „Берд“ до Хорликовите Планини во 1958–59 г. На овие патувања е откриен Бнтлиевиот Подледнички Ров, кој претставува бездна во карпестото тло помеѓу ЗМБ и Трансантарктичките Планини на Источниот Антарктик.[13]

Во 1958–1960 г. се спроведени летови и патување од станицата „Берд“, при што е посетен и картографски обработен Венецот на Извршниот Комитет. Топографската екипа направила воздушна посета на западот на ЗМБ во 1964 и 1965 г. По овие потфати, Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) во 1966–1968 г. испратила земјомери за да воспостават појдовници и упатни точки ширум ЗМБ.[14]

Американскиот брод „Глејсиер“ истражил делови од Волгриновиот и Ејтсовиот Брег во 1960–61 г. Доведени се екипи од геолози и земјомери и испратени на карпести изданоци на копното. Оваа експедиција до далечниот исток на ЗМБ утвридла дека полуостровот Тарстон е впрочем остров.[15] In the same season a geological party led by Campbell Craddock explored Џонсовите Планини in the adjacent region.[16]

Во 1966–1969 г. е направен земјомер под водство на Ф. А. Вејд, каде е извршно геолошко картирање на Александрините и Рокфелеровите и Фордовите Планини.[17] Ова била сложена експедиција со далечни хеликоптерски логори и воздушна геофизика.[18][19][20]

Во периодот од 1978 до 1993 се проведени уште неколку геолошки експедиции. Новозеландските геолози извршиле земјомер на Фордовите Планини и полуостровот Едвард VII на две експедиции, 1978–79[21] и 1987–88 г.[22] Истражувањето на вулканскат апокраина на ЗМБ земало поголем замав со заложбите на американските геолози во 1984–85 г.[23] Проектот WAVE[24] ја истражувал вулканската покраина во периодот 1989–1991 г. Проектот SPRITE [25] ги истражил пределите и околината на Хобсовиот Брег во 1990–1993 г. Двата проекта имале мешан состав од Американци, Британци и Новозеланѓани. Летата 1989–1990 и 1990–1991 г. геолошка екипа од Калифорнискиот универзитет во Санта Барбара (UCSB) истражила неколку венци од северните Фордовите Планини на ЗМБ (експедиција FORCE).[26] Меѓународната експедиција GANOVEX VII[27] предводена од Германија го посетиле полуостровот Едвард VII во 1992–93 г.

Геолозите од колеџот Колорадо спровеле експедиции на Фордовите Планини во 1998–2001,[28] 2005–2007[29] и 2011–2013 г. (Фоздикови Планини).[30]

Истражувачки логори и станици

уреди

На ЗМБ била поларната база „Берд“ направена во операцијата „Длабоко замрзнување“ (изворно на 80° ЈГШ, 120° ЗГД, преизградена на 80° ЈГШ, 119° ЗГД). Направена е во 1957 г. во задгрбнината на Бакутисовиот Брег. Станицата „Берд“ долги години била единствената значајна база во внатрешноста на Западниот Антарктик. Во 1968 г. е извадено првото ледено јадро од целата Антарктичка Ледена Покривка. Оваа станица е напуштена во 1972 г. и неколку години работела како привремено летно логориште. Станицата „Берд“ била одново отворена од Антарктичката програма на САД (USAP) во 2009–2010 г. во поддршка на операциите на северот на Западниот Антарктик.[31]

На Рупертовиот Брег на ЗМБ се наоѓа руската станица „Рускаја“, која работела од 1980 до 1990 г. и сега е затворена.

Источно од Сајпловиот Брег на Росовата Ледена Плоча во 1996 г. е отворен летен научен логор на Сајпловата Капа. Тука се ваделе ледени јадра за да се изучи климатската историја во изминатите 100.000 години.[32] Овој логор бил и база за воздушните геофизички премери на Институтот за геофизика при Тексашкиот универзитет (UTIG).[28]

Во 1998–1999 г. на Фордовите Планини работел логор, исто така за воздушни земјомерни цели.[28]

Во 2004–05 г. е воспоставен големиот американски логор Твејтс 150 км северно од некогашната станица „Берд“, а со цел да го поддржи опширното воздушно геофизичко снимање на UTIG.[33]

Во 2006 г. е поставено големо логориште „Делница на ЗАЛП“ (WSD), на делницата меѓу заливските подрачја на Росовото и Амундсеновото Море во најисточниот дел на ЗМБ со цел да се издупчи високоразложно ледено јадро. Овој зафат завршил во 2014 г.[34][35]

Во 2018 г. Меѓународната соработка за Твејтовиот Ледник[36] воспоставила големоразмерно присуство на брегот на Амундсеновото Море. Ова морско, воздушно и копнено геофизичко истражување има за задача да го разјасни карактерот карпестото тло на Земјата на Мери Берд и природата на источната граница на покраината. Целта е да се утврди стабилноста на ледникот и да се предвиди глобалното накачување на морското ниво според намалувањето на ЗАЛП.[36]

Географија и геологија

уреди

Земјата на Мери Берд (ЗМБ) се граничи со Амундсеновото Море на исток и Росовото Море и Росовата Ледена Плоча на запад. Долж брегот се издигаат планински венци, со мали исклучоци. ЗМБ е покриена со огромната Западноантарктичка Ледена Покривка (ЗАЛП). ЗАЛП на исток ги носи водите на континентот во Росовата Ледена Плоча преку ледотеци. Долж брегот на Јужниот Океан и Амундсеновото Море, мразот се цеди преку ледници, од кои најголем е Твејтсовиот. Западниот Антарктик и ЗМБ се издигаат на од 1.500 до 2.000 метри на површината на ЗАЛП. За разлика од тоа, Источниот Антарктик има внатрешна висина на неговата ледена покривка од преку 4.000 метри.[37]

Западноантарктичкиот Раседен Систем (ЗАРС[38]) е настанат уште пред сто милиони години.[39] ЗАРС се протега од континенталниот праг на Росовото Море на исток во Земјата на Мери Берд.[40][41] Ледотеците и ледниците кои го цедат ЗАЛП веројатно ги следат раседните долини кои го образувале ЗАРС, денес под мраз.[42][43] ЗАРС содржи вулканска покраина, чии вулкани биле активни еоценот до пред неколку илјади години.[44][45]

Откриена е плаштова перјаница длабоко под Земјата на Мери Берд.[46][47][48] Претпоставено е дека топлината од перјаницата е одговорна за издигањето на значаен дел од Западниот Антарктик, со тоа образувајќи ја ледената капа на ЗМБ.[49][50]

Ледници, ледотеци и ледени плочи

уреди

Поважни ледници во ЗМБ се Твејтсовиот и Пајнајлендовиот Ледник, од кои обете се празнат во Амундсеновото Море. Од седумте ледотеци кои се слеваат во Росовата Ледена Плоча, Биндшадлеровиот и Вилансовиот се најголеми.[51] Седумте ледотеци се одговорни за истекот на 40 % од водите од ЗАЛП.[52] Освен Росовата Ледена Плоча, значајни ледени плочи на брегот на Јужниот Океан се Салцбергеровиот и Никерсоновиот.

Планински венци, врвови и подледена топографија

уреди

Поради закопаноста на континенталната подина на ЗМБ од ЗАЛП, планинските венци се изложени кон брегот на ЗМБ каде мразот не е толку дебел. Меѓу поистакнатите венци се Фордовите Планини на западот на ЗМБ, Фладовиот Венец, Венецот на Извршниот Комитет и Колеровиот Венец. Фордовите Планини се најголеми и имаат шест планински групи со свои имиња.[17] Венецот на Извршниот Комитет има пет вулкани, од кои некои се сметаат за заспани или активни. Фладовиот Венец има линерна верига на вулкани од неогенот и квартарот.[53] Фоздиковите Планини на северот на Фордовите Планини се 30-километарска верига на метаморфни карпи од кредата. Највеќето други соголени карпи на ЗМБ се од палеозојски метаморфозирани седиментни карпи и гранитоиди, како и мезозојски гранитоиди.[17]

Понавнатре на копното, под ЗАЛП се затрупани поединечни планини и венци без име, со исклучок на најголемите облици како Бентлиевиот Подледнички Ров.[54]

Името Мери Берд го носи и подводна планина (70°S 118°W / 70° ЈГШ; 118° ЗГД / -70; -118) наречена според земјата во јуни 1988 г.

Планински врвови

уреди

Ова се некои планински врвови во земјата.

Наводи

уреди
  1. „Marie Byrd Land“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. (англиски)
  2. William J. Burns (March 9, 1996). "Presidential Decision Directive NSC-26". United States Department of State. посет. 3 јануари 2021 г.
  3. Huntford, R. (1985). The Last Place on Earth. New York: Atheneum, 567 p.
  4. Rodgers 1990, стр. 96–98.
  5. Byrd, R. E. (1930). Little America: Aerial Exploration in the Antarctic and the Flight to the South Pole. New York: G. P. Putnam's Sons, 422 p.
  6. Byrd, R. E. (1935). Discovery: The Story of the Second Byrd Antarctic Expedition. New York: G. P. Putnam's Sons, 405 p.
  7. Wade, F. A. (1945). "An Introduction to the Symposium on Scientific Results of the United States Antarctic Service Expedition, 1939–1941". Proceedings of the American Philosophical Society, vol. 89, pp. 1–3.
  8. „Executive Committee Range“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. (англиски)
  9. „Antarctic Explorers: Richard E. Byrd: The US Antarctic Service Expedition 1939-41“. South-Pole. Посетено на January 20, 2022.
  10. Warner, L. A. (1945). "Structure and Petrography of the Southern Edsel Ford Ranges, Antarctica". Proceedings of the American Philosophical Society, vol. 89, pp. 78–122.
  11. Meunier, T. K. (2006). "U.S. Geological Survey Scientific Activities in the Exploration of Antarctica: Introduction to Antarctica (Including USGS Field Personnel: 1946–59)". Open-File Report 2006–1117' Richard S. Williams, J., and Jane G. Ferrigno, eds.: Washington, D.C., U.S. Geological Survey, p. 14.
  12. Frazier, P. W. (1957). "Across the Frozen Desert to Byrd Station". National Geographic, issue 112, p. 383–398.
  13. Lewis, R. S. (1965). A Continent for Science. New York: Viking Press.
  14. Southard Jr, R. B. "Topographic mapping field operations, 1967-1968." Antarctic Journal of the United States 3.4, p 111, (1968).
  15. McDonald, E. A. (1962). "Exploring Antarcticas Phantom Coast". National Geographic, issue 121, pp. 250–273.
  16. e.g. Craddock, C., Bastien, T. W., and Rutford, R. H. (1964). "Geology of the Jones Mountains area". In Adie, R. J. (ed.). Antarctic Geology' Amsterdam: North-Holland, pp. 171–187.
  17. 17,0 17,1 17,2 e.g. Wade, F. A., et al. (1977). "Reconnaissance geologic map of Александрините Планини quadrangle, Marie Byrd Land, Antarctica, Map A-5". Reston, Virginia: U. S. Antarctic Research Program.
  18. Wade, F. Alton. "Geology of the Marie Byrd Land coastal sector of west Antarctica." Antarctic Journal of the United States, v 2 (1967): 93-94.
  19. Wade, F. Alton. "Marie Byrd Land Survey II." Antarctic Journal of the United States, v 3 (1968): 88.
  20. e.g. Beitzel, J. E. (1972). "Geophysical investigations in Marie Byrd Land, Antarctica" (Ph.D. thesis). Madison: University of Wisconsin.
  21. SD, Weaver, JD Bradshaw, and CJ Adams. "Granitoids of the Ford Ranges, Marie Byrd Land, Antarctica." Geological Evolution of Antarctica 1 (1991): 345.
  22. Weaver, S. D.; Adams, C. J.; Pankhurst, R. J.; Gibson, I. L. (1992). „Granites of Edward VII Peninsula, Marie Byrd Land: anorogenic magmatism related to Antarctic-New Zealand rifting“. Earth and Environmental Science Transactions of the Royal Society of Edinburgh (англиски). 83 (1–2): 281–290. doi:10.1017/S0263593300007963. ISSN 1755-6929.
  23. LeMasurier, W. E., and Rex, D.C. (1990). "Late Cenozoic volcanism on the Antarctic Plate: An overview". In LeMasurier, W. E., and Thompson, J. W. (eds.). Volcanoes of the Antarctic Plate and southern oceans. Antarctic Research Series 48. Washington, D. C.: American Geophysics Union. pp. 1–17.
  24. Smellie, J. L.; Mcintosh, W. C.; Gamble, J. A.; Panter, K. S.; Kyle, P. R.; Dunbar, N. W. (1993). „Preliminary lithofacies assessment and 40Ar/39Ar ages of Cenozoic volcanic sequences in eastern Marie Byrd Land“. Antarctic Science (англиски). 5 (1): 105–106. Bibcode:1993AntSc...5..105S. doi:10.1017/S0954102093000136. ISSN 1365-2079. S2CID 128876558.
  25. Mukasa, S. B.; Dalziel, I. W. D. (April 2000). „Marie Byrd Land, West Antarctica: Evolution of Gondwana's Pacific margin constrained by zircon U-Pb geochronology and feldspar common-Pb isotopic compositions“. Geological Society of America Bulletin. 112 (4): 611–627. Bibcode:2000GSAB..112..611M. doi:10.1130/0016-7606(2000)112<611:MBLWAE>2.0.CO;2.
  26. Luyendyk, B. P., et al. (1992). "Recent Progress in Antarctic Earth Science". Proceedings of the 6th Symposium on Antarctic Earth Science, Saitama, Japan, 1991, Terra Pub., p. 279–288
  27. Estrada, Solveig. "Geology and Geophysics of Marie Byrd Land, Northern-Victoria Land, and Oates Coast. GANOVEX VII--." (Geologisches Jahrbuch Reihe B, B and B 95) (2003).
  28. 28,0 28,1 28,2 Luyendyk, B. P.; Wilson, D. S.; Siddoway, C. S. (October 2003). „Eastern margin of the Ross Sea Rift in western Marie Byrd Land, Antarctica: Crustal structure and tectonic development“. Geochemistry, Geophysics, Geosystems. 4 (10): 1090. Bibcode:2003GGG.....4.1090L. doi:10.1029/2002GC000462. S2CID 2310914.
  29. McFadden, R.; Siddoway, C.S.; Teyssier, C.; Fanning, C.M.; Kruckenberg, S.C. (2007). „Cretaceous Oblique Detachment Tectonics in the Fosdick Mountains, Marie Byrd Land, Antarctica“. In Antarctica: A Keystone in a ChangingWorld — Online Proceedings of the 10th International Symposium on Antarctic Earth Sciences. 2007 (1047srp046). doi:10.3133/of2007-1047.srp046.
  30. Korhonen, F. J.; Brown, M.; Grove, M.; Siddoway, C. S.; Baxter, E. F.; Inglis, J. D. (2012). „Separating metamorphic events in the Fosdick migmatite-granite complex, West Antarctica: POLYMETAMORPHISM IN THE FOSDICK MOUNTAINS“. Journal of Metamorphic Geology (англиски). 30 (2): 165–192. doi:10.1111/j.1525-1314.2011.00961.x. S2CID 1977832.
  31. Antarctic Sun June 12, 2009 посет. 15 јануари 2010 г
  32. Brook, Edward J.; White, James W. C.; Schilla, Annie S. M.; Bender, Michael L.; Barnett, Bruce; Severinghaus, Jeffery P.; Taylor, Kendrick C.; Alley, Richard B.; Steig, Eric J. (2005-07-01). „Timing of millennial-scale climate change at Siple Dome, West Antarctica, during the last glacial period“. Quaternary Science Reviews (англиски). 24 (12): 1333–1343. Bibcode:2005QSRv...24.1333B. doi:10.1016/j.quascirev.2005.02.002. ISSN 0277-3791.
  33. Diehl, Theresa M.; Holt, John W.; Blankenship, Donald D.; Young, Duncan A.; Jordan, Tom A.; Ferraccioli, Fausto (2008). „First airborne gravity results over the Thwaites Glacier catchment, West Antarctica“. Geochemistry, Geophysics, Geosystems. 9 (4): n/a. Bibcode:2008GGG.....9.4011D. doi:10.1029/2007gc001878. ISSN 1525-2027. S2CID 129569702.
  34. Buizert, C.; Cuffey, K. M.; Severinghaus, J. P.; Baggenstos, D.; Fudge, T. J.; Steig, E. J.; Markle, B. R.; Winstrup, M.; Rhodes, R. H.; Brook, E. J.; Sowers, T. A. (2015-02-05). „The WAIS Divide deep ice core WD2014 chronology – Part 1: Methane synchronization (68–31 ka BP) and the gas age–ice age difference“. Climate of the Past (англиски). 11 (2): 153–173. Bibcode:2015CliPa..11..153B. doi:10.5194/cp-11-153-2015. ISSN 1814-9332. S2CID 52468249.
  35. Sigl, Michael; Fudge, Tyler J.; Winstrup, Mai; Cole-Dai, Jihong; Ferris, David; McConnell, Joseph R.; Taylor, Ken C.; Welten, Kees C.; Woodruff, Thomas E.; Adolphi, Florian; Bisiaux, Marion (2016-03-30). „The WAIS Divide deep ice core WD2014 chronology – Part 2: Annual-layer counting (0–31 ka BP)“. Climate of the Past (англиски). 12 (3): 769–786. Bibcode:2016CliPa..12..769S. doi:10.5194/cp-12-769-2016. ISSN 1814-9332. S2CID 55247311.
  36. 36,0 36,1 Thwaites Glacier Project. „International Thwaites Glacier Collaboration“. Архивирано од изворникот на 2021-12-14. Посетено на August 10, 2019.
  37. Herried, B., Rejcek, P., Hood, E. (2015), Antarctica (map): United States Antarctic Program (USAP) Science, WGS84 Polar Stereographic Projection scale 1:5,500,000, Polar Geospatial Center, Minneapolis, Minnesota
  38. Behrendt, J. C.; LeMasurier, W. E.; Cooper, A. K.; Tessensohn, F.; Tréhu, A.; Damaske, D. (1991). „Geophysical studies of the West Antarctic Rift System“. Tectonics (англиски). 10 (6): 1257–1273. Bibcode:1991Tecto..10.1257B. doi:10.1029/91TC00868.
  39. Wilson, Douglas S.; Luyendyk, Bruce P. (2009-08-25). „West Antarctic paleotopography estimated at the Eocene-Oligocene climate transition“. Geophysical Research Letters (англиски). 36 (16): L16302. Bibcode:2009GeoRL..3616302W. doi:10.1029/2009GL039297. ISSN 0094-8276. S2CID 163074.
  40. Luyendyk, Bruce P.; Wilson, Douglas S.; Siddoway, Christine S. (2003). „Eastern margin of Раседот на Росовото Море in western Marie Byrd Land, Antarctica: Crustal structure and tectonic development: EASTERN MARGIN OF THE ROSS SEA RIFT“. Geochemistry, Geophysics, Geosystems (англиски). 4 (10). doi:10.1029/2002GC000462. S2CID 2310914.
  41. Tinto, K.J., Siddoway, C.S., Bell, R.E., Lockett, A. and Wilner, J., 2017, December. New Crustal Boundary Revealed Beneath the Ross Ice Shelf, Antarctica, through ROSETTA-Ice Integrated Aerogeophysics, Geology, and Ocean Research. In AGU Fall Meeting Abstracts (Vol. 2017, pp. T22D-06).
  42. Rose, K. E. (1979). „Characteristics of Ice Flow in Marie Byrd Land, Antarctica“. Journal of Glaciology (англиски). 24 (90): 63–75. doi:10.3189/S0022143000014659. ISSN 0022-1430.
  43. Doake CS, Crabtree RD, Dalziel IW. Subglacial morphology between Ellsworth Mountains and Antarctic Peninsula: new data and tectonic significance. In Proceedings of the 4th International Symposium on Antarctic Earth Sciences, Cambridge University Press, New York 1983 (pp. 270-273).
  44. Liggett, Daniela; Storey, Bryan; Cook, Yvonne; Meduna, Veronika (2015). Exploring the Last Continent: An Introduction to Antarctica. Springer. pp. 20, 21. ISBN 978-3-319-18946-8.
  45. Lough, Amanda C.; Wiens, Douglas A.; Grace Barcheck, C.; Anandakrishnan, Sridhar; Aster, Richard C.; Blankenship, Donald D.; Huerta, Audrey D.; Nyblade, Andrew; Young, Duncan A.; Wilson, Terry J. (2013). „Seismic detection of an active subglacial magmatic complex in Marie Byrd Land, Antarctica“. Nature Geoscience (англиски). 6 (12): 1031–1035. Bibcode:2013NatGe...6.1031L. doi:10.1038/ngeo1992. ISSN 1752-0894.
  46. Carol Rasmussen (November 7, 2017). „Hot News from the Antarctic Underground“. NASA. Архивирано од изворникот на 2022-09-30. Посетено на November 20, 2017.
  47. Amy Sherman (November 20, 2017). „No, NASA Antarctica study didn't discredit climate change science“. PolitiFact. Посетено на November 20, 2017.
  48. Lloyd, Andrew J.; Wiens, Douglas A.; Nyblade, Andrew A.; Anandakrishnan, Sridhar; Aster, Richard C.; Huerta, Audrey D.; Wilson, Terry J.; Dalziel, Ian W. D.; Shore, Patrick J.; Zhao, Dapeng (2015). „A seismic transect across West Antarctica: Evidence for mantle thermal anomalies beneath the Bentley Subglacial Trench and the Marie Byrd Land Dome“. Journal of Geophysical Research: Solid Earth (англиски). 120 (12): 8439–8460. Bibcode:2015JGRB..120.8439L. doi:10.1002/2015JB012455. ISSN 2169-9356. S2CID 129970548.
  49. LeMasurier, Wesley E.; Landis, Charles A. (1996-11-01). „Mantle-plume activity recorded by low-relief erosion surfaces in West Antarctica and New Zealand“. GSA Bulletin. 108 (11): 1450–1466. Bibcode:1996GSAB..108.1450L. doi:10.1130/0016-7606(1996)108<1450:MPARBL>2.3.CO;2. ISSN 0016-7606.
  50. LeMasurier, Wesley E. (2006). Fütterer, Dieter Karl; Damaske, Detlef; Kleinschmidt, Georg; Miller, Hubert (уред.). „What Supports the Marie Byrd Land Dome? An Evaluation of Potential Uplift Mechanisms in a Continental Rift System“. Antarctica (англиски). Berlin/Heidelberg: Springer-Verlag. стр. 299–302. doi:10.1007/3-540-32934-x_37. ISBN 978-3-540-30673-3. Посетено на 2022-01-29.
  51. Rignot, E.; Mouginot, J.; Scheuchl, B. (2011-09-09). „Ice Flow of the Antarctic Ice Sheet“. Science (англиски). 333 (6048): 1427–1430. Bibcode:2011Sci...333.1427R. doi:10.1126/science.1208336. ISSN 0036-8075. PMID 21852457. S2CID 206535206.
  52. Price, S. F.; Bindschadler, R. A.; Hulbe, C. L.; Joughin, I. R. (2001). „Post-stagnation behavior in the upstream regions of Ice Stream C, West Antarctica“. Journal of Glaciology (англиски). 47 (157): 283–294. Bibcode:2001JGlac..47..283P. doi:10.3189/172756501781832232. ISSN 0022-1430. S2CID 128815839.
  53. LeMasurier, Wesley (2013). „Shield volcanoes of Marie Byrd Land, West Antarctic rift: oceanic island similarities, continental signature, and tectonic controls“. Bulletin of Volcanology (англиски). 75 (6): 726. Bibcode:2013BVol...75..726L. doi:10.1007/s00445-013-0726-1. ISSN 0258-8900. S2CID 128816343.
  54. Fretwell, P.; Pritchard, H. D.; Vaughan, D. G.; Bamber, J. L.; Barrand, N. E.; Bell, R.; Bianchi, C.; Bingham, R. G.; Blankenship, D. D.; Casassa, G.; Catania, G. (2013-02-28). „Bedmap2: improved ice bed, surface and thickness datasets for Antarctica“. The Cryosphere (англиски). 7 (1): 375–393. Bibcode:2013TCry....7..375F. doi:10.5194/tc-7-375-2013. ISSN 1994-0424. S2CID 13129041.

Надворешни врски

уреди

80°S 120°W / 80° ЈГШ; 120° ЗГД / -80; -120