Сидли (планина)
Сидли (англиски: Mount Sidley) — највисокиот вулкан на Антарктикот со висина од 4.181–4.285 м.[1][2] Ова е штитест вулкан претежно покриен со снег и највисокиот од петте вулкани во Венецот на Извршниот Комитет на Земјата на Мери Берд. Планината има калдера широка 5 км[3] на јужната страна и се наоѓа североисточно од планината Вејше во јужниот дел на венецот.
Сидли | |
---|---|
Mount Sidley | |
Поглед на калдерата на Сидли од југозапад | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 4.285 м [1][2] |
Истакнатост | 2.517 м [1] |
Заведена како | седум вулкански врвови, ултра |
Координати | 77°02′S 126°06′W / 77.033° ЈГШ; 126.100° ЗГД [1] |
Географија | |
Место | Земја на Мери Берд, Антарктик |
Матичен венец | Венец на Извршниот Комитет |
Геологија | |
Вид | штитест вулкан |
Вулканско поле | Вулканска покраина на Земјата на Мери Берд |
Искачување | |
Прво освојување | 1990, Бил Аткинсон (Нов Зеланд) |
Планината ја открил американскиот поморски офицер и истражувач Ричард Берд со авионски прелет на 18 ноември 1934 г. Ја нарекол по Мејбел Сидли, ќерка на стопанственикот и добротвор Вилијам Хорлик кој придонел за Бердовата експедиција во 1933–35 г.[4] И покрај неговата висина, големата оддалеченост и непристапност, за оваа планина се знае мошне малку во споредба со многу попристапниот Еребус, кој е втор вулкан по висина на континентот и се наоѓа близу америкаската и новозеландската база на Росовиот Остров.
Првото освојување на Сидли го направил Новозеланѓанецот Бил Аткинсон на 11 јануари 1990 г. додека помагал во теренските истражувања на Американската антарктичка програма.[5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 „Antarctica Ultra-Prominent Summits“. peaklist.org. Посетено на 24 декември 2013.
- ↑ 2,0 2,1 . The map above showed the elevation as 4.181 м.
- ↑ Panter, Kurt S.; Kyle, Philip R.; Smellie, John L. (септември 1997). „Petrogenesis of a Phonolite-Trachyte Succession at Mount Sidley, Marie Byrd Land, Antarctica“. Journal of Petrology. 38 (9): 1225–1253. doi:10.1093/petroj/38.9.1225. ISSN 0022-3530.
- ↑ „Mount Sidley“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. Посетено на 24 декември 2013. (англиски)
- ↑ Gildea, Damien (2015). Mountaineering in Antarctica: complete guide: Travel guide. Primento. ISBN 9782511031346.
Литература
уреди- LeMasurier, W. E.; Thomson, J. W., уред. (1990). Volcanoes of the Antarctic Plate and Southern Oceans. American Geophysical Union. стр. 203–207. ISBN 0-87590-172-7.
- „Скијање на Тихоокеанскиото Огнен Прстен и подалеку“. Страница за скијачко плаинарство и искачување на Амар Андалкар. 2007 [1997]. Посетено на 2 октомври 2022. (англиски)