Роберт Фалкон Скот
Роберт Фалкон Скот 6 јуни 1868 - 29 март 1912) ― англиски офицер и истражувач на британската кралска морнарица кој предводел две експедиции на Антарктикот: експедицијата Дискавери од 1901-04 година и експедицијата Тера Нова од 1910-1913 година.
Роберт Фалкон Скот | |
---|---|
Роден(а) | 6 јуни 1868 Плимут, Девон, Англија |
Починал(а) | 1912 март 29 (возраст: 22) Рос Хед Рок, Антарктик |
Образование | Поморска кадетска програма, ХМС Британија ] |
Сопружник | Кетлин Скот |
Тој починал од студ и глад при неговото враќање од Јужниот Пол, на кој пристигнал на 17 јануари 1912, пет седмици по Норвежанецот Роалд Амундсен.[1] Тимот за спасување ги пронашол замрзнатите тела на членовите на неговата експедиција во близина на еден од антарктичките резерви.[2] Тој, исто така, го нашол и неговиот дневник во кој ги опишал агонијата на членовите на експедицијата.
Пред неговото назначување да ја предводи експедицијата на Дискавери, Скот ја градел кариерата на поморски офицер во Кралската морнарица. Во 1899 година, тој имал шанса да се сретне со Сер Клеменс Маркхам, претседател на Кралско географско друштво, и на тој начин дознал за планираната експедиција на Антарктикот, која наскоро доброволно се пријавил да ја води. [3] По преземањето на овој чекор, неговото име станало неразделно поврзано со Антарктикот, полето на работа на кое тој останал посветен во последните 12 години од својот живот.
Следејќи ја веста за неговата смрт, Скот станал славен херој, статус што се рефлектира од спомениците подигнати низ Велика Британија. Меѓутоа, во последните децении на 20 век, Скот станал фигура на контроверзност, со прашања покренати за неговата компетентност и карактер. Коментаторите во 21-от век сметаат дека Скот е попозитивен по проценката на падот на температурата под -40 степени во март 1912 година и по повторното откривање на писмените наредби на Скот од октомври 1911 година, тимови да се состане и да му помогнат при враќањето.[4]
Семејство
уредиСкот е роден на 6 јуни 1868 година, трето од шестте деца и постар син на Џон Едвард, сопственик на пиварница и судија, и Хана (родена Куминг) Скот од Стоук Дамерел, близу Девонпорт . Исто така имало и поморски и воени традиции во семејството. Дедото на Скот и четирите чичковци служеле во армијата или морнарицата. [5] Скот во раните детски години бил спокоен, но неколку години подоцна, кога ја основал поморската кариера, семејството ќе страда од сериозни финансиски неприлики.[6]
Во согласност со семејната традиција, Скот и неговиот помлад брат Арчи биле предодредени за кариера во вооружените служби. Скот поминал четири години во локално училиште пред да биде испратен во Стабингтон Хаус Скул во Хемпшир, каде се подготвувале кандидати за влезните испити за поморски бродови, како што е ХМС Британија во Дартмут. Откако ги положил овие испити, Скот ја започнал својата поморска кариера во 1881 година, како 13-годишен кадет.[7]
Популарен херој
уреди"Дискавери" се вратил во Британија во септември 1904 година. Експедицијата била во фокусот на јавноста и Скот стана популарен херој. Тој бил награден со почести и медали, вклучувајќи многу од странство и бил унапреден во ранг на капетан. [8] БИл поканет во Замокот Балморал, каде што кралот Едвард VII му го доделил Кралскиот викторијански ред.
Следните неколку години на Скот bile преполни. Повеќе од една година тој бил окупиран со јавни приеми, предавања и пишување на записi за експедиција, "Патувањето на откритието". Во јануари 1906 година, продолжиl со својата поморска кариера, најпрво како помошник-директор на Поморска разузнавачка служба во Адмиралството, а во август, како капетан под команда на адмиралот Џорџ Егертон. Тој тогаш се движел во уште поголеми општествени кругови.
Наводи
уреди- ↑ Huxley 1913a, стр. 543–544.
- ↑ Flood, Alisonn. „Antarctic diary records horror at finding Captain Scott's body“. The Guardian. Посетено на 15 December 2018.
- ↑ Crane, стр. 82.
- ↑ May 2013.
- ↑ Crane, стр. 14-15.
- ↑ [www.amnh.org/exhibitions/past-exhibitions/race-to-the-end-of-the-earth/scott-s-expedition „Скотска експедиција“] Проверете ја вредноста
|url=
(help). Американски музеј за природна историја. Посетено на 15 јуни 2014. - ↑ Fiennes 2003, стр. 17.
- ↑ Crane, стр. 309.
Литература
уреди- Caesar, Adrian: The White: Last Days in the Antarctic Journeys of Scott and Mawson 1911–1913 Pan MacMillan, Sydney, 1999, ISBN 978-0-330-36157-6
- Crane, D. (2005). Scott of the Antarctic: A Life of Courage, and Tragedy in the Extreme South. London: HarperCollins. ISBN 9780007150687.
- Fiennes, R. (2003). Captain Scott. London: Hodder & Stoughton. ISBN 9780340826973.
- Huxley, Elspeth (1977). Scott of the Antarctic. London: Weidenfeld & Nicolson. ISBN 978-0-297-77433-4.
- Tally, Ted: Terra Nova: a play [1], Dramatist's Play Service, 1981
- Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
Надворешни врски
уреди„Роберт Фалкон Скот“ на Ризницата ? |
- Дела од Роберт Скот на проектот „Гутенберг“
- Дела од или за Роберт Фалкон Скот на Семрежниот архив
- Дела од Роберт Фалкон Скот на LibriVox (аудиокниги во јавна сопственост)