Затемнување на Месечината во јули 2018 година
Целосното затемнување на Месечината на 27 јули 2018 г. се случило кога Месечината минала низ средиштето на Земјината сенка. Ова е прво средишно затемнување на Месечината од 15 јуни 2011 г. Претставува второто целосно затемнување на Месечината во 2018 г. по она во 31 јануари.
целосно затемнување | |||||||||||||||||
Целосно затемнување гледано од Орија, Италија 21:09 ч. UTC | |||||||||||||||||
Месечината минала низ средиштето на Земјината сенка. | |||||||||||||||||
Датум | 27 јули 2018 | ||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Гама | +0,1168 | ||||||||||||||||
Величина | 1,6087 | ||||||||||||||||
Траење | |||||||||||||||||
Целосност | 102 м, 57 с | ||||||||||||||||
Делумност | 234 м, 32 с | ||||||||||||||||
Полусенченост | 373 м, 48 с | ||||||||||||||||
| |||||||||||||||||
Затемнувањето се случило кога Месечината била на најголема далечина од Земјата, поради што таа изгледала помала од вообичаено (појава наречена микромесечина),[1][2] и има најмала брзина во орбитата околу Земјата.[3] Ова е најдолготрајното целосно затемнување на Месечината во целиот XXI век.[3] Целосната затемнетост траела 1 час и 43 минути,[4][5][6][7] што е само малку покусо од теоретската граница од 1 час и 47 минути.[8] Месечината останала барем делумно во Земјината сенка четири часа.[8]
Истовремено на ова затемнување, планетата Марс била на најмала можна оддалеченост од Земјата — совпаѓање кое се случува еднаш на 25.000 години.[6]
За затемнувањето
уредиЗатемнување на Месечината се јавува кога таа ќе пристапи во Земјината сенка. Како што почнува затемнувањето, Земјината сенка отпрвин само малку ја затемнува Месечината. Потоа сенката постапно покрива повеќе, и Месечината добива темна црвенокафеава боја (или нешто поинаква, зависно од атмосферските услови). Црвеникавоста се должи на Рејлиевото расејување (истото што му дава црвена боја на залезот и сина боја на дневното небо) и прекршувањето на таа светлина од Земјината атмосфера во нејзината сенка.[9]
Сјајноста на Месечината е преувеличена од сенката.[9] Нејзиниот јужен дел бил најблиску до средиштето на сенката, што го прави најтемен и нацрвен на изглед.
Видливост
уредиЗатемнувањето било целосно видливо од Источна Африка, Јужна Африка, Јужна Азија и Средна Азија, изгревајќи над Јужна Америка, Западна Африка и Европа и заоѓајќи во Источна Азија и Австралија.[10]
Дијаграм
уредиНабљудувања
уреди-
Од Атина, Грција
-
Од Екатеринбург, Русија
-
Нанѓинг, Кина, 18:25 ч. UTC
-
Асунсион, Парагвај 19:10 ч. UTC
-
Ретимно, Грција 19:14 ч.. UTC
-
Јоханесбург, ЈАР, 19:16 ч. UTC
-
Лимасол, Кипар, 19:27 ч. UTC
-
Ташкент, Узбекистан, 19:32 ч. UTC
-
Ерусалим, Израел, 19:33 ч. UTC
-
Краков, Полска, 20:05 ч. UTC
-
Челси, Австралија, 20:07 ч. UTC
-
Туен Мун, Хонгконг, 20:47 ч. UTC
-
Хујтинен, Финска, 21:05 ч. UTC
-
Грац, Австрија, 21:12 ч. UTC
-
Тулуза, Франција, 21:17 ч. UTC
-
Берлин, Германија, 21:19 ч. UTC
-
Торино, Италија, 21:19 ч. UTC
-
Хамбург, Германија, 21:23 ч. UTC
-
Брастад, Шведска, 21:24 ч. UTC
-
Леон, Шпанија, 21:27 ч. UTC
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „What Is a Micromoon“. Timeanddate.com. Ставангер, Норвешка: Time and Date AS. n.d. Посетено на August 6, 2018.
- ↑ Mosher, Dave; Gal, Shayanne (26 July 2018). „The longest total lunar eclipse in a century is about to happen — here's how Earth will color the moon blood-red“. Business Insider. Посетено на 1 August 2018.
- ↑ 3,0 3,1 McClure, Bruce (27 July 2018). „Century's Longest Lunar Eclipse July 27“. EarthSky. Посетено на 1 August 2018.
- ↑ Space (29 December 2017). „In 2018 the longest lunar eclipse will take place in 100 years“. Earth Chronicles. Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 1 August 2018.
- ↑ Resnick, Brian (27 July 2018). „Watch: The longest 'blood moon' lunar eclipse of the century“. Vox. Посетено на 1 August 2018.
- ↑ 6,0 6,1 Nunamaker, Susan Sun (27 July 2018). „Century's Longest Lunar Eclipse, Blood Moon 2018, Today, Will Last 103 Minutes“. Windermere Sun. Посетено на 1 August 2018.
- ↑ „Два редких астрономических явления можно будет наблюдать 27 июля“. ТАСС. 26 July 2018. Посетено на 1 August 2018.
- ↑ 8,0 8,1 Lyons, Kate (25 July 2018). „Blood moon: All you need to know about this week's lunar eclipse“. The Guardian. Посетено на 1 August 2018.
- ↑ 9,0 9,1 Espenak, Fred; Meeus, Jean (29 January 2009). „Visual Appearance of Lunar Eclipses“. NASA Eclipse Web Site. NASA. Посетено на 2 August 2018.
- ↑ „Eclipse Map — 27 July 2018 Total Lunar Eclipse“ (англиски).
Надворешни врски
уреди„Затемнување на Месечината во јули 2018 година“ на Ризницата ? |
- „Затемнување на Месечината на 27.7.2018“. Емитер. 26 јули 2018. (македонски)
- Милосковски, Јован (24 јули 2018). „Затемнување на Месечината и како да го фотографирате“. Скопско астрономско друштво. (македонски)
- Небесен дијаграм на затемнувањето на 27 јули 2018 г. — предвидување на Фред Еспенак од НАСА/ГСФЦ (англиски)