Камјењски Округ
Камјењски Округ (полски: powiat kamieński) — округ во Западнопоморското Војводство, на балтичкиот брег во северозападна Полска. Настанал на 1 јануари 1999 г. со управната реформа усвоена претходната година. Седиште и најголем град е Камјењ Поморски, сместен 63 км северно од војводското седиште Шчеќин. Други градови се Мјенѕиздроје, Волин, Ѓивнув и Голчево.
Камјењски Округ Powiat kamieński | |||
---|---|---|---|
округ | |||
Местоположба во војводството | |||
Општини во Камјењскиот Округ | |||
Country | Полска | ||
Војводство | Западнопоморско | ||
Седиште | Камјењ Поморски | ||
Општини | 6 | ||
Површина | |||
• Вкупно | 1.003 км2 (387 ми2) | ||
Население (2017) | |||
• Вкупно | 47.281 | ||
• Густина | 47/км2 (120/ми2) | ||
• Градскo | 24.964 | ||
• Селско | 22.317 | ||
Рег. таб. | ZKA | ||
Мреж. место | http://www.powiatkamienski.pl/ |
Зафаќа површина од 1003 км2 и има 47.281 жители (2017), од кои 24.964 градско, a 22.317 селско население.
Соседни окрузи
уредиСе граничи со Грифичкиот Округ на исток, Голењувскиот Округ на југ и градот Швиноујшќе на запад. На север е Балтичкото Море.
Управна поделба
уредиКамјењскиот Округ е поделен на шест општини, од кои пет се градско-селски и една е селска.
Општина | Вид | Површина (км²) |
Население (2006) |
Седиште |
Волин | градско-селска | 327,4 | 12.351 | Волин |
Голчево | градско-селска | 175,4 | 6.065 | Голчево |
Ѓивнув | градско-селска | 37,9 | 4.148 | Ѓивнув |
Камјењ Поморски | градско-селска | 208,6 | 14.389 | Камјењ Поморски |
Мјенѕиздроје | градско-селска | 117,2 | 6.477 | Мјенѕиздроје |
Швјежно | селска | 140,2 | 4.174 | Швјежно |
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Камјењски Округ на Ризницата ?
- Портал на Камјењскиот Округ — официјално мрежно место (полски)