Грифински Округ

округ во Западнопоморското Војводство, Полска

Грифински Округ (полски: powiat gryfiński) — округ во Западнопоморското Војводство, северозападна Полска, крај полско-германската граница. Созаден е на 1 јануари 1999 г. со управната реформа од претходната година. Најголем град и седиште на округот е Грифино, сместен на 20 км јужно од војвоското седиште Шчеќин. ВО округот има уште пет града: Хојна (32 км на југ), Мјешковице (52 км на југ), Тшќињско-Здруј (33 км на југ), Цедиња (45 км на југозапад) и Морињ (44 км на југ).

Грифински Округ
Powiat gryfiński
округ
Знаме на Грифински ОкругГрб на Грифински Округ
Местоположба во војводството
Местоположба во војводството
Општини во округот
Општини во округот
Земја Полска
ВојводствоЗападнопоморско
СедиштеГрифино
Општини
Површина
 • Вкупно1.869,11 км2 (72,167 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно81.882
 • Густина0,44/км2 (1,1/ми2)
Рег. таб.ZGR
Мреж. местоgryfino.powiat.pl

Округот зафаќа површина од 1869,11 км2 и во 2019 г. имал 81.882 жители.[1] Уделот на градско население изнесува 45,4 %.

Соседни места

уреди

Поличкиот Округ се граничи со Поличкиот Округ и градот Шчеќин на север, Старгардскиот и Пижичкиот Округ на исток, како и Мишлибушкиот Округ на југоисток. На запад се граничи со Германија (окрузите Укермарк, Барним и Меркиш-Одерланд).

Административна поделба

уреди

Округот се дели на четири општини од кои шест се градско-селски и три селски. Тука се наведени надолно по бројот на жители во 2016 г.[2]

Општина Вид Површина
(км2)
Население
(2016)
Седиште
Грифино градско-селска 253,62 32.145 Грифино
Хојна градско-селска 332,89 13.896 Хојна
Мјешковице градско-селска 238,67 7.313 Мјешковице
Тшќињско-Здруј градско-селска 170,51 5.436 Тшќињско-Здруј
Бање селска 205,81 6.425 Бање
Видухова селска 209,63 5.542 Видухова
Морињ градско-селска 124,86 4.331 Морињ
Цедиња градско-селска 180,38 4.314 Цедиња
Старе Чарново селска 153,17 3.836 Старе Чарново

Наводи

уреди
  1. „Wyniki badań bieżących – Baza Demografia – Główny Urząd Statystyczny“. demografia.stat.gov.pl. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 20 мај 2020.
  2. Ludność. Stan i struktura ludności oraz ruch naturalny w przekroju terytorialnym w 2016 r. (Stan w dniu 31 XII 2016 r.). Warszawa: Główny Urząd Statystyczny. 30 мај 2017. ISSN 2451-2087.

Надворешни врски

уреди