Жан Ануј

француски драматург

Жан Ануј (француски: Jean Anouilh, роден на 23 јуни 1910 во Бордо - починал на 3 октомври 1987 во Лозана) — француски драматург чија кариера траела пет децении. Тој е една од најистакнатите личности во француската литература на XX век. Иако неговата работа тргнала од високи драми до апсурдни фарси, тој е најпознат по своето дело „Антигона“ од 1943 година, адаптација на драмата на Софокле.

Жан Ануј
Роден/а23 јуни 1910
Бордо, Франција
Починат/а3 октомври 1987
Лозана, Швајцарија
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
Гробот на Ануил, неговата најстара ќерка Катерина (1934-1989) и неговата последна партнерка, Урсула Вецел (1938-2010), на гробиштата Пули во близина на Лозана.

Биографија уреди

Жан Ануј е роден на 23 јуни 1910 во Бордо, Франција. Неговиот татко Франсоа бил кројач, додека својата уметничка дарба ја наследил од својата мајка Марија Магдалена која свирела на виолина во летниот период во приморското летувалиште Аркасшон. Во 1918 година семејството се преселило во Париз, каде Жан го завршил средното образование.

Потоа се запишал на правниот факултет на Соборна, но поради немање финансиски средства бил приморен да го напушти по само 18 месеци. Во следниот период започнал да работи како текстописец во „Publicité Damour“. Финансиските проблеми за Ануј продолжиле кога во 1929 година бил повикан во војската. Живеејќи од својата скромен војнички надомест се одлучил во 1931 година да се ожени со глумицата Монел Валентин. Иако таа учествувала во неколку негови претстави, според сведочењето на неговата ќерка Каролина (од вториот брак), тој не бил среќен во бракот со Монел. Неговата најмлада ќерка Коломб дури тврдела дека помеѓу нив двајцата никогаш немало официјално склучено брак. Наводно таа имала неколку вонбрачни партнери поради кои Жан страдал. Според ќерка му Каролина, големо влијание имало и неговото потекло. Тој дознал дека неговата мајка, која во времето работела во Аркашон, имала љубовник и тој љубовник всушност е неговиот биолошки татко. И покрај сите овие работи, Ануј и Валентин во 1934 година добиле ќерка, Катерин. По проширувањето на семејството, грижите на Ануј се зголемиле. Така, за да се здобие со поголеми финансиски средства, во следниот период тој потполно се посветил на пишувањето. Така, тој започнал да пишува скечеви за театарски претстави.

Најголема инспирација Жан Ануј добил од Жан Жироду. Тој ја направил првата претстава „L'Hermine“ во 1932 година и „Mandarine“ од 1933 година, но постигнал популарност со „Le voyageur sans bagage“ („Патник без багаж“) од 1937 година.

Жан Ануј служел во армијата за време од најмалку два периоди, кога бил регрутиран во француската армија во 1931 и 1939 година. Тој бил воен заробеник за кратко време, кога Германците ја освои Франција и доброволно живеел и работел во Париз во текот на германската окупација. Затоа што тој одбил да зазема страна во текот на соработка на Франција со Гермаија, некои критичари го карактеризирале како потенцијален нацистички симпатизер. Оваа контроверзност ескалирала како резултат на јавните судири на Ануј со водачот на Слободна Франција, и иден претседател, генералот Шарл де Гол. Во 1940 Ануј и неколку други интелектуалци потпишале петиција за помилување, за да се спаси писателот Робер Бразијак, кој бил осуден на смрт како нацистички соработник. Писателот бил стрелан во февруари 1945 година, и покрај приговорите од Ануј и неговите врсници дека новата влада нема право да гони поединци за „интелектуални злосторства“, во отсуство на воена или политичка акција. Подоцна, Ануј одбил да ги коментира своите политички ставови, изјавувајќи дека тоа се негови лични работи.

Дела уреди

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: