Ефтимиос Каудис (грчки: Ευθύμιος Καούδης; Ef̱thýmios Kaoúdi̱s) — андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Ефтимиос Каудис
Ευθύμιος Καούδης
Роден 1866 или 1872
Каликратис, денес Грција
Починал 1956
Солун, Грција

Животопис

уреди

Каудис е роден во 1866 или 1872 година во Каликратис на островот Крит.[1]. Во периодот меѓу 1903-1906 година се приклучил на грчката вооружена пропаганда и зел учесво во Борбата за Македонија обиколувајќи ги Баба, Корештата и Мариово.

На 13 јуни 1903 година иа минал грчко-турската граница и навлегол во МАкедонија со андартската чета подготвена од Георгиос Цондос, а во неа се нашле и критјаните Георгиос Перос, Ламбринос Вранас, Георгиос Диконимос, Георгиос Сејменис, Георгиос Зуридис, Георгиос Стратинакис, Евстратиос Бонатос, Манусос Катунатос и Николаос Лукакис[2].

Откако Евтимиос Каудис го убил мухтарот од Зелениче, Каудис заедно со Германос Каравангелис влегле во селото и митрополитот извршил богослужба на грчки јазик.

По избувнувањето на Илинденското востание имал борба со чета на Македонската револуционерна организација кај Влахоклисурата, а подоцна учествувал во опожарувањето на селото Косинец. Потоа сите критјани со исклучок на убиениот Георгиос Сејменис ја напуштиле Македонија, но во 1904 година тие се вратиле [3].

На 30 ноември 1904 година четите на Митре Влаот и Геро Ресенски ги нападнале Каудис и капетан Буас (Спирос Спиромилиос) во Желево, но биле одбиени со помош на Власите гркомани од Песодер [4].

Во 1905 година негов четник бил Павле Илиев, поранешен андартски капетан. На 25 март 1905 година четите на Георгиос Цондос, Евтимиос Каудис, Георгиос Макрис, Павлос Гипарис и капетан Болакас, околу 300 андарти, го нападнале Загоричани, во нападот загинале околу 100 души, а целото село изгорело [5] На 5 април 1906 година во Бесфинја четата на Каудис е разбиена и тој на напуштил Македонија.

Учествувал во Балканските војни. Во 1929 година е основач на асоцијацијата на македономахите (македонски борци) „Павлос Мелас“. По Втората светска војна во Грција ги напишал своите спомени, а во 1956 година починал [6].

Литература

уреди
  • Ευθύμιος Καούδης, Απομνημονεύματα (1903 - 1907), επιμέλεια ΄Αγγελος Χοτζίδης, Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα, Θεσσαλονίκη 1996

Извори

уреди
  1. Ευθύμιος Καούδης
  2. „Κακουδάκης, Ιωάννης, „Η ΣΥΜΒΟΛΗ ΚΑΙ ΟΙ ΘΥΣΙΕΣ ΤΩΝ ΚΡΗΤΙΚΩΝ ΣΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ". Архивирано од изворникот на 2008-05-12. Посетено на 2011-01-21.
  3. Трайкова, Весела, „НАЧЕНКИ НА АНДАРСКОТО ДЕЛО В МАКЕДОНИЯ ­ КАРАВАНГЕЛИС, ЙОН ДРАГУМИС И ДЕСЕТИНАТА КРИТЯНИ“, списание "Македонски преглед", Година ХХІV, 2001, кн. 1, 45-60 с[мртва врска]
  4. Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том ІI, София, 1943, стр. 193.
  5. „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“
  6. „Кратка биография на Евтимиос Каудис, взета от сайта http://www.imma.edu.gr на 13.07.10 г.“. Архивирано од изворникот на 23 декември 2009. Посетено на 2011-01-21. Надворешна врска во |title= (help)