Георгиос Стратинакис
Георгиос Стратинакис (грчки: Γεώργιος Στρατινάκης) бил андартски капетан, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.
Георгиос Стратинакис | ||
Роден | 1882 Ортуни, денес Грција | |
---|---|---|
Починал | јануари 1972 Ортуни, Грција |
Животопис
уредиГеоргиос Стратинакис е роден 1882 година во Ортуни, островот Крит. На 13 јули 1903 година ја минал грчко-турската граница и навлегол во Македонија со чета организирана од Георгиос Цондос, а во неа биле и критјаните Георгиос Перос, Евтимиос Каудис, Ламбринос Вранас, Георгиос Сејменис, Георгиос Зуридис, Георгиос Диконимос, Евстратиос Бонатос, Манусос Катунатос и Николаос Лукакис [1].
Заедно со Германос Каравангелис се пионири на вооружената грчка пропаганда во Костурско и Леринско. По избувнувањето на Илинденското востание, оваа чета составена од критјаните имала судир со чета на Македонската револуционерна организација кај Влахоклисура, а подоцна учествуваат во палењето на Косинец.
Потоа сите критјани, со исклучок на убиениот Георгиос Сејменис, се повлекуваат од Македонија, меѓутоа веќе идната 1904 година се враќаат назад. Георгиос Стратинакис учествувал во борбата во селото Статица кога е убиен Павлос Мелас. По неговата смрт Стратинакис се откажал од вооружената борба и продолжил да се занимава со земјоделство.
Во 1948 година се населил во Ортуни каде што починал во јануари 1972 година. Неговиот најстар син загинал како владин војник во Битката кај Вич, во борба со партизаните во 1949 година [2].
Извори
уреди- ↑ „Κακουδάκης, Ιωάννης, „Η ΣΥΜΒΟΛΗ ΚΑΙ ΟΙ ΘΥΣΙΕΣ ΤΩΝ ΚΡΗΤΙΚΩΝ ΣΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ"“. Архивирано од изворникот на 2008-05-12. Посетено на 2011-01-28.
- ↑ ΓΕΩΡΓΙΟΣ ΣΤΡΑΤΙΝΑΚΗΣ (ΜΑΚΕΔΟΝΟΜΑΧΟΣ)