Ернст Лудвиг Кирхнер
Ернст Лудвиг Кирхнер (гер. Ernst Ludwig Kirchner; Ашафенбург, 6 мај 1880 — Фраункирх, 15 јуни 1938) бил германски сликар, графичар и вајар во епохата на експресионизмот.[1]
Ернст Лудвиг Кирхнер Ernst Ludwig Kirchner | |||||
---|---|---|---|---|---|
Фотографски автопортрет 1919 | |||||
Роден(а) | Ернст Лудвиг Кирхнер 6 мај 1880 Ашафенбург, Баварско Кралство, Германско Царство | ||||
Починал(а) | 15 јуни 1938 Фрауенкирхе-Вилдбоден, Швајцарија | (возр. 58)||||
Националност | германец | ||||
Образование | Кралски Технолошки институт | ||||
Познат(а) по | сликар и графичар | ||||
Правец | експресионизам | ||||
Награди |
|
Животопис
уредиКирхнер студирал архитектура во Дрезден. Заедно со своите пријатели Ерих Хекел и Карл Шмит Ротлуф ја основал во Дрезден уметничката група Мост (уметност) (Die Brücke) со цел да се надмине академското сликарство. Силно влијание на нив имал гатиот начин на сликање на Пол Гоген и Едвард Мунк како и колоритот на Винсент ван Гог и на фовистите. Бидејќи членовите на групата заедно сликале во едно ателје, дошле до меѓусебно многу сличен стил.
Творештво
уредиКирхнер се занимавал воглавно со пејзажи, на призори на градот, со актови и со портрети. Во 1911 година групата се преселила во Берлин. Таму настанале Кирхнеровите слики на велеград насликани со динамичен начин на сликање и со остри рабови типични за неговиот стил (Улицата на слики на Ернст Кирхнер, 1913). Во 1913 година групата се распаднала. Кирхнер, кој веднаш по избивањето на Првата светска војна се пријавил во војска како доброволец, бил демобилизиран 1915 година, затоа што доживел психичко и физичко растројство. Тогош настанал неговиот потресен автопортрет Сликар како војник (1915) година. По оздравувањето се населил во Швајцарија. Тогаш насликал многубројни, по форма и боја посмирени пејзажи (Давос во снег, 1921). Во средината на триесеттите години на XX век нацистите заплениле преку 600 негови дела и го прогласиле за дегенеричен уметник.[2] Кирхнерово главно дело од областа на графиката е неговиот циклус дрворези за збирката песни на Георг Хајм „Умбра вите“ (1924). За својите фигури во дрво инспирација наоѓал во уметностите на Африка и Океанија. Извршил самоубиство на 15 јуни 1938 година во Давос.[3], [4]
Надворешни врски
уредиГалерија
уреди-
Ернст Лудвиг Кирхнер - „Автопортретот“, масло на платно
-
Ернст Лудвиг Кирхнер - „Сцена од берлинска улица, масло на платно, 1913 година
-
Ернст Лудвиг Кирхнер - „Портрет на жен“,масло на платно, 1922 година
-
Ернст Лудвиг Кирхнер - „Браќа,масло на платно, 1927 година