Елио Виторини
Елио Виторини (италијански: Elio Vittorini), (23 јули 1908, Сиракуза – 12 февруари 2000, Милано) бил италијански писател и романописец . Тој бил современик на Чезаре Павезе и значаен италијански романописец. Негово најпознато дело бил романот „ Разговори во Сицилија“ кој како главен мотив го имал антифашизмот , поради што беше затворен кога беше објавен во 1941 година. Првото издание на романот на САД , објавен во 1949 година, беше со предговор од Ернест Хемингвеј, чиј стил влијаел особено на Виторини особено во тој роман.[1].
Елио Виторини Elio Vittorini | |
---|---|
Роден/а | 23 јули 1908 Сиракуза, Сицилија, Италија |
Починат/а | 12 февруари 1966 Милано, Италија | (возр. 57)
Занимање | Писател, романописец |
Животопис
уредиВиторини е роден во Сиракуза, Сицилија , уште од раното детство често се селел, заедно со неговиот татко кој бил работник во железницa. Сицилија со неговиот татко, работник во железницата. Неколкупати побегнал од дома, а во 1924 година ја напуштил Сицилија. Се преселил во Фиренца каде што работел како линотипер во печатница, 1934 година поради труење со олово, ја напуштил работата во печатницата[2].
Од 1927 година, започнал да објавува, најпрво во литературни списанија. Од овој период се многу негови дела, особено раскази и романот „Црвениот Каранфил“, но не биле објавувани до Втората светска војна поради фашистичката цензура. Во 1937 година, тој бил протеран од Националната фашистичка партија поради неговата писмена форма за поддршка на републиканците во Шпанската граѓанска војна .
Во 1939 година се преселил, овој пат во Милано . Останал отворен критичар на режимот на Бенито Мусолини, Виторини беше уапсен и затворен во 1942 година. Тој се приклучил на италијанската комунистичка партија и започна да зазема активна улога во Отпорот, што беше главен мотив во неговиот роман од 1945 година „Мажи, а не мажи“. Исто така во 1945 година, тој кратко станал уредник на италијанскиот комунистички дневен весник „Л’ Унита“ и неделникот „Ил Политчетнико“.
По војната, Виторини главно се посветил на својата работа како уредник, помагајќи на младите писатели , како Итало Калвино и Феноглио. Неговото последно главно објавено дело за време на неговиот живот беше “Ерика и нејзините браќа“ во 1956 година .
Веста за настаните на унгарското востание, длабоко ги потресле , особено поради неговите убедувања за комунизмот, тоа била причина поради што во голема мера се откажал од пишувањето, оставајќи недовршени дела кои биле објавени посмртно.
До крајот на животот работел како уредник. Во 1959 година, заедно со Калвино го основале литературното списание Ил Менаби. Тој исто така се кандиддирал за член на италијанската социјалистичка партија[3].
Починал во Милано во 1966 година. Тој бил атеист.
Творештво
уреди- Ситни буржоаски приказни , 1931[4]
- Црвениот каранфил ,1933
- Разговори во Сицилија , 1941
- Мажи а не мажи , 1945
- Жените на Месина ,1949
- Ерика и нејзините браќа , 1956
Тој ги превел на италијански јазик делата на: Даниел Дефо, Едгар Алан По, Џон Стајнбек, Вилијам Фокнер , Д. Х. Лоренсс, Вилијам Сомерсет Мом и други.
Библиографија
уреди- Un padre e un figlio. Biografia famigliare di Elio Vittorini / Demetrio Vittorini. Bellinzona [Switzerland]: Salvioni, 2000. (Demetrio Vittorini is Elio Vittorini's son.)
Наводи
уреди- ↑ Elio Vittorini
- ↑ Elio Vittorini
- ↑ „Elio Vittorini Italian author“. Архивирано од изворникот на 2020-09-28. Посетено на 2020-07-24.
- ↑ Elio Vittorini was born in Sicil