Цензура
Цензура е потиснување на говор или на друг вид на комуникација која може да се смета за непријатна, штетна, чувствителна или несоодветна за јавноста според правилата утврдени од владата, медиумските изданија или други контролни тела.
Причини
уредиПричините за цензурата се различни и во тој поглед, постојат неколку видови цензура:
- Морална цензура е отстранување на материјали кои се непристојни или на друг начин се сметаат за прашања на моралот. На пример, порнографија e често цензурирана од овие причини, посебно детската порнографија која е нелегална и цензурирана со многу судски надлежности во светот.
- Воена цензура е процес на задржување на воени разузнавачки и таени стратегии далеку од непријателот. Ова ја вклучува и шпионажата која е процес на прибирање на воени информации. Многу често армиите се обидуваат да ги сокријат политички непогодните информации дури и кога таквите информации немаат реално разузнавачка или борбена стратегиска вредност.
- Политичка цензура се јавува кога владите прикриваат информации од сопствените граѓани. Ова често се прави за да се изврши контрола врз населението и да се спречи слободното изразување кое може да поттикне бунт. Друга верзија на цензурата е дека тоа е феномен на дезинформација кој користи “диверзија” за да им го одвлече вниманието на луѓето од контроверзни теми.
- Верска цензура Ова најчесто подразбира дека доминантната религија наметнува лимитирања на помалку застапените религии. Алтернативно,една религија може да ја се држи на страна на другата кога верува дека одредена содржината не е соодветна за нивното верување.
- Корпоративна цензура е процес со која уредниците интервенираат во медиумите за да го спречат печатењето на информации кои го прикажуваат нивниот бизнис или бизнис партнерството во негативно светло, односно се вмешуваат за да спречат пристигнување постојани барања за јавно објавување на информациите во однос на проблемот.
Видови
уредиНиколај Јежов,стои десно од Јосиф Сталин.Беше убиен во 1940.Тој беше избришан од сликата на советските цензори, формално по неговото погубување, што е форма на бришење на меморијата или damnatio memoriae. Ваквата политика вообичаено беше применувана за отстранување на политичките непријатели во време на владеењето на Сталин во Советскиот Сојуз (Русија).
Поврзано и Источениот блок и ширење на информации , Цензурата во Куба, Цензурата во Народна Република Кина, и Цензура во Јужна Кореја.
Строга цензура постеше во Источниот блок. Во целиот блок сите министри за култура имаа цврста контролата врз нивните писателите и ги држеа во свои раце. Во делата на културата мораа да се отсликуваат пропагандните потреби на државата. Цензори кои беа одобрени од партијата (комунистичката) извршуваа строги контроли секоја година. Во времето на Сталин дури и временските прогнози беа менувани доколку предвидуваа дека нема да има сонце на 1Мај. Исто така, за време на владеењето на Николае Чаушеску во Романија,извештаите за време беа коригирани, така што температурите не смееја да бидат ниту високи ниту пак премногу ниски,што би можело во нормални услови да наложи прекин на работата.
Независното новинарство не постоеше во Советскиот Сојуз сè додека Михаел Грбачов не стана водач. Сите извештаи беа управувани од комунистичката партија или соодветни организаци. Весникот Правда“,во Советскиот Сојуз имаше монопол врз информирањето на граѓаните. Странските весници можеа да бидат присутни само доколку беа издавани од комунистичките партии на земјите од кои доаѓаа и кои со симпатии гледаа кон политиката на Советски Сојуз.
Поседувањето и користењето на машините за печатење беше цврсто контролирано за да се спречи производство и дистрибуција на незаконско,самостојно печатење на книги и списанија. Поседување на само еден нелегален ракопис, како што беше случајот со книгата од Андреј Сињавски,беше сериозен престап кој лесно можеше да навести и посета од КГБ.
И во поново време цензурата постои во различни видови, така Народна Република Кина која ги продолжува комунистичките правила во политиката, вработува околу 30 илјади Интернет полицајци да го следат користењето на Интернетот од кинеските граѓани и популарните пребарувачи како што се Google и Yahoo.
За време на владеењето на водачот на БААС Садам Хусеин Ирак применуваше речиси исти техники на новинарска цензура како што постоеше во Романија за време на владеењето на Николај Чаушеску, со примена на висок степен на насилство.
И во Куба медиуми работат под надзор на Комунистичката партија- и за тоа е задолжен одделот за револуционерната ориентација кој ги развива и ги координира пропагандните стратегии на оваа земја".. Поврзувањето со Интернетот во Куба е нелегално.
Цензурата постои и во капиталистичките земји. Во 1973 година, со воен пуч армијата ја презема власта во Уругвај и државата воведе цензура. На пример, писателот Едуардо Галеано беше притворен, а подоцна беше принуден да избега . Неговата книга Отворени вени на Латинска Америка беше забранета од десно ориентираната воена влада, не само за Уругвај туку и за Чиле и Аргентина.
Критичарите на Кампањата за финансиска реформа во Соединетите американски држави тврдат дека оваа реформа воведува ограничувања за политичкиот говор.
Државни тајни и оттргнување на внимание
уреди„Вроцлав“ е дневен весник на градот Вроцлав во Народна Република Полска. Во март 20-12 1981 весникот се појави со цензурирана интервенција на првата и на последната страница---под наслов "Што се случи во Бидгошч?" во однос на штрајкот низ целата земја. За да се спречи масовно собирање со брза акција на државната цензура беше избришано повикот на локалниот синдикат "Солидарност " до граѓаните за општ штрајк.
Во воени услови цензура се спроведува со намера да се спречи ширењето информации кои можат да бидат корисни на непријателот. Типично за воени услови, информацијата не содржи податоци за местото и времето или пак, пуштањето на информацијата во јавност се одложува (на пр.оперативни цели), сè додека трае опасноста истата да биде искористена од непријателски сили. Во воени услови на прашања на цензурата од аспект на моралот се гледа поинаку. Се смета дека е таа оправдана бидејќи поборниците на оваа цензура уверуваат дека пуштањето на стратешките информациите претставува поголем ризик од загуби во сопствената војска и може да доведе до губење на целата битка.
За време на Втората светска војна писмата на британските војници од фронтот мораа да ја минат процедурата на цензура. Офицерите задолжени за контрола на писмата со црн маркер ги прецртуваа деловите за кои ќе проценеа оти можат да бидат компромитирачки за безбедноста на воените операции. Позната изрека во Втората светска војна беше „Предадена информација -потопени бродови“ и е користена како вообичаено оправдување за примена на официјална воена цензура и да ги охрабри поединците да се воздржат кога ги споделуваат потенцијално чувствителните информации.
Примерот за политиката на „пречистување “ доаѓа од Советскиот Сојуз во време на Јосип Сталин, каде што фотографиите кои беа јавно објавувани беа претходно менувани со бришење на личности кои Сталин ги погубуваше. Иако старите фотографии можат да бидат запомнети или зачувани, вакво намерно и систематично менување на се во историјата се смета во јавноста за една од централните теми на сталинизмот и тоталитаризмот.
Цензурата повремено се спроведува и во другите системи за да им помогне на институциите или пак да се заштити поединецот на пример при киднапирања. Во такви услови прикривањето на информации од јавноста и медиумите можат да се сметаат за корисни.
Образовни извори
уредиНа фотографијата е изданието на магазинот Национална Географија за февруари 2006 и тоа беше спонзорирано од иранската влада. Насловната страница( за спонзорот) беше навредлива со тоа што се однесуваше на темата „љубов“ претставувајќи прегрнат пар и поради тоа таа беше покриена со бел лист хартија.
Честа тема на дебати во јавноста е и содржината на учебниците , особено затоа што нивни корисници се млади луѓе. Најчесто користена квалификација во однос на содржината е „перење на мозоци“ и се однесува на бришење на ризични содржини и конфликтни настани. Така, известувањето за воени злосторства во историјата е особено контроверзно како што е случај со Холокаустот , Бомбардирањето на Дрезден, Масакрот во Нанѓинг, според контроверзниот Јапонски учебник по историја , потоа Ерменскиот геноцид, Тиенанменски протести од 1989 година, и Истрага за војната во Виетнам.
Во однос на средношколското образование, цензурата се познава според начинот на кој фактите од историјата се толкуваат и имаат негативно влијание врз современата мисла и социјализацијата на личностите. Еден од аргументите за цензурирање на овој вид на информација се аргументира со несоодветен квалитет за младата популација. Користењето на квалификацијата „несоодветно“ е само по себе контроверзно,и тешко се менува. Книгата Фаренхајт 451 објавена од американската издавачка куќа Балантине која најчесто се користи во американските училишта, е во верзија во која се направени дури 75 исправки однос на оригиналниот ракопис на ова дело.
Музика и популарна култура
уредиПоврзано и : Цензура на музиката
Цензура во музиката ја применуваат држави, различните религии и вери , образовни системи, семејства, но и трговци и лоби групи со што најчесто ги прекршуваат меѓународните конвенции за човекови права.
Настрана од вообичаената оправданост во однос на порнографијата, јазикот и насилството, некои филмови се цензурирани поради промена во расните ставови или промени во политиката за да се одбегнат етничките стереотипи или етничките навреди без оглед на историските или уметничките вредности. Пример за тоа е повлекувањето на цртаната серија Censored Eleven која можеше да биде „наивна“ тогаш, но денес е најмалку „некоректна“.
Ракопис, слика, писмено одобрение
уредиПравото на ракопис е право да се чита и да се коригира напис или најчесто интервју пред негово објавување. Многу издавачи одбиваат да дадат ветување за наменување на текстот, но секојдневно станува пракса таквите правила да се почитуваат , посебно кога се работи за познати филмски, телевизиски и политички личности. Исто така, одобрение за објавување на фотографија е пракса која сè повеќе мораат да ја почитуваат, не само издавачите на книги, туку и медиумите. Меѓу филмските ѕвезди Роберт Ретфорд е познат како пример на строго инсистирање за таквото одобрение.
Мапи
уредиГлавен напис : Цензура на мапи
Цензурирање на мапи најчесто се применува за воени цели. Оваа техника беше користена на пример , во поранешната Источна Германија, особено за региони блиску до границата со Западна Германија со цел да ги претстави во лошо светло обидите за пребегнување од другата страна на границата. Цензура на мапи се применува и од Google maps, каде што одредени области се недостапни или намерно испуштени со одредена цел и се претставени со стари мапи.
Само цензура
уредиСпоред оваа форма на цензура,( на пример во однос на темата за која зборуваме) било која информација за постоење на цензура и легалната основа за цензура се цензурирани- избришани. Правилата за цензура се класифицирани. Се прави избор кои од информациите да се претстават , а кои да се испуштат или коригираат. Избришаните текстови или фрази не се обележуваат, односно не се навестува дека информацијата не е целосна.
Креативна Цензура
уредиСо оваа форма на цензура, цензорите ги редактираат (менуваат) текстовите и со тоа истите текстови добиваат таени соавтори.
Интернет
уредиИнтернет цензура е контрола или притисок за објавување или за достапност до извори на информации преку Интернет. Правните прашања се слични како и кај цензурата која не е електронска. Битна разлика е дека националните граници многу полесно пропуштаат информации кои се на Интернет: Така, жителите на некоја земја која забранува одреден вид на информации, истата можат да ја најдат на мрежното место кое се уредува надвор од неговата земја. Меѓутоа, некоја влада која сака да воведе ваков вид на цензура , може да се обиде да ги спречи своите граѓани да ги гледаат овие информации, дури и кога реално нема контрола врз уредувањето на самото мрежно место.
Со исклучок на тоталната контрола врз компјутерите приклучени на Интернетот, како што е во Северна Кореја и Куба, целосна цензура на сите информации на интернет е тешко возможна поради спецификата на компјутерската технологија. Псевдонимите, лажните имиња и мрежите на компјутери кои ги чуваат заштитените податоци (како што е Freeness) овозможуваат неограничена слобода на говор бидејќи техниката гарантира оти содржината не може да биде тргната и автор на која и да е информација не може да се поврзе со физичкиот идентитет на некое лице или пак на организација.
Во одредени случаи, за примена на Интернет цензура може да се вклучи и измама. Во овој случај институцијата која врши цензура може да ја блокира содржината и без притоа јавноста да знае дека цензурата е применета. Ова е возможно со тоа што при барање на содржина која е цензурирана, односно блокирана од семрежниот услужник тој одговара со „не е пронајден“.
Во ноември 2007 година, таткото на Интернетот Винт Серф тврдеше дека владината контрола врз Интернетот трпи неуспех поради приватното сопствеништво. Австралиската влада најави во декември 2009 година дека ќе воведе строг закон за цензура пред следните австралиски федерални избори.
Примена
уредиВо поранешниот Советски Сојуз особено беше застапена силна програма на цензура воведена од државата. Главниот орган за официјална цензура во Советскиот Сојуз беше Агенцијата за заштита на воени и државни тајни општо позната по рускиот акроним „Главит“. Главит спроведуваше цензура во однос на домашното творештво или на друг вид на пишување, па дури и на текстот на етикетите за пиво и за вотка. Вработените на „Главит“ цензура беа присутни во секоја голема издавачка куќа или весник. Агенцијата вработуваше околу 70 илјади цензори за прегледување на информациите пред нивно ширење од издавачките куќи, редакции и радио дифузните студија. Ниту еден масовен медиум не избегал од контролата на Главит .Сите прес- агенции, радио и телевизиски станици имаа претставници од Главит меѓу уредниците.
Понекогаш, специфична и уникатна информација чие постоење едвај беше познато на јавноста, и се чуваше во деликатна, речиси цензурирана ситуација, се сметаше за „субверзивна“ или „несоодветна“. На пример, текстот на Михаел Фаукаулт 1978 година „Сексуалната моралност и законот - подоцна објавено како „Опасност од детската сексуалност“, ја брани дискриминацијата на сексуална злоупотреба и укинување на законите за старосната согласност.
Кога издавачот ќе се најде под притисок за да ја забрани книгата, но веќе дошол во контакт со авторот, заради спроведување ефикасна цензура тој ќе порача мал број на примероци и пак ќе направи минимални напори ( доколку воопшто има обиди) за издавање на истата.
Цензурата како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Цензурирано“ (Censored) - песна на американската хард-кор група „Агностик фронт“ (Agnostic Front) од 1987 година.[1]
- „Цензурирано“ - американски филм од 2007 година, во режија на Брајан де Палма.[2][3]
Цензура по земји
уредиГлавен напис: Цензура по земји
Види
- Забрана на книги
- Палење на книги
- Обесхрабрувачки ефект
- Сојузна комисија за комуникација
- Теорија за пазарот на лојалност
- Шифриран јазик
- Само- цензура
- Стратегија против учество во јавноста
- Исклучување- Табу?
- Контроверзите на видео игри
Слободи
Наводи
уреди- ↑ DISCOGS Agnostic Front – Liberty & Justice For... (пристапено на 10.6.2018)
- ↑ Антена, број 827, 2.5.2014, стр. 27.
- ↑ „Трогателна воена драма во документаристички стил“, Антена, број 844, 29.8.2014, стр. 3.