Елена Џукеска
Елена Џукеска Скопје , 1971, 26 мај— македонски класичен филолог, редовен професор на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.[1].
Елена Џукеска | ||
Родена | 1971, 26 мај Скопје, Социјалистичка Федеративна Република Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | класичен филолог, универзитетска професорка |
Животопис
уредиД-р Елена Џукеска е редовен професор на Институт за класични студии во Скопје.
Додипломските студии по класична филологија ги завршила на Институтот за класични студии, на Философскиот факултет при УКИМ, Скопје во 1994 година. Магистерски студии по микенска епиграфика завршила во 1996 г. на Факултетот за класика, Кембриџ, Англија со тема: Аспекти на микенската морфологија. Во 1997 се запишала на постдипломски студии по класична филололгија на Одделението за класика на Философскиот Факултет, при Универзитетот во [[Белград, каде што магистрирала во 2000 г. со темата: Прилог кон проучувањето на влијанието на заменската флексија врз именската флексија во микенскиот грчки. Во 2003 г. пријавила докторат на тема: Формите на генитив сингулар во микенскиот грчки и во ајолските дијалекти на Институтот за класични студии при Философскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на своето образование ги користела следниве стипендии: Стипендија за талентирани студенти, „Петар Стаматоф“ (1991-1994); Soros Cambridge Scholarship за магистерски студии (1995-1996); Стипендија за постдипломски студии од Министерството за наука на Република Македонија (1997-1998).
Од 2001, работи како асистент на Институтот за класични студии, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје за научните области: Компаративна историска граматика, Индоевропска лингвистика, Општа и компаративна лингвистика, Дијалектологија, Палеографија, Епиграфија. Од 2009 е доцент на Институтот за класични студии, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје за научните области: Компаративна историска граматика, Индоевропска лингвистика, Општа и компаративна лингвистика, Дијалектологија, Палеографија, Епиграфија, Старогрчки јазик и Латински јазик. Во 2014 е избрана за вонреден професор на Институтот за класични студии, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје за научните области: Класична филологија, Општа лингвистика, Компаративна лингвистика, Историја на јазикот, Дијалектологија, Епиграфика: грчка и римска. Од 2019 е редовен професор на Институтот за класични студии, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје за научните области: Класична филологија, Компаративна лингвистика, Историја на јазикот, Дијалектологија, Епиграфика: грчка и римска.
Има партиципирано во повеќе научни и преведувачки работилници, апликативни и истражувачки проекти: Работилница „Workshop on digitazing ancient inscirptions in EpiDoc XML“, организирана од Факултетот за класични и модерни филологии, Универзитет „Св. Климент Охридски“,Софија, 03-07.09.2013 (учесник); Трибина „Преводите на грчките и римските драмски дела во читалница и на сцена“ во рамките на настанот “European Union’s Culture Programme Book Fair 23-29 September 2013” во организација на ЕУ Инфо центарот во Скопје, одржана на 24.09.2013 (модератор); Работилница „Терминот ὕλη во контекст на Аристотеловата филозофија ‒ преводни предизвици, дилеми, решенија“ одржана на 16.03.2016 на Филозофскиот факултет, Скопје, во организација на Здружението на класични филолози „Антика“ и Филозофското друштво на Македонија (раководител заедно со Јасмина Поповска); Работилница „Зборови, сенки, идеи ‒ Платоновиот стил, јазик и мисла како преведувачки предизвик“ одржана на 14.03.2018 на Филозофскиот факултет, Скопје, во организација на Здружението на класични филолози „Антика“ и Филозофското друштво на Македонија (раководител заедно со Јасмина Поповска); Проект HESP Regional Seminar for Excellence in Teaching ‒ Contextualizing Classics: Renewal of Teaching Practices and Concepts, Факултет за класични и модерни филологии, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Софија, 2005-2008 (учесник); Проект Docendo discimus, Развој и имплементација на програма за мастер студии по дидактика на класичните јазици, Институт за класични студии, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Здружение на класични филолози „Антика“ и Одделение за класика, Универзитет во Нешател, 2005-2007 (член на проектниот тим, предавач); Проект Универзитетската автономија во македонското високо образование, Независен академски синдикат и Фондација Отворено Општество – Македонија, 2018 (координатор на теренско истражување, член на работна група); Проект Утврдување на потребите и потенцијалите за обновување на класичната гимназија во РМ (како подготвително средно образование соодветно за идните студенти на студиските програми на Филозофскиот факултет), Институт за класични студии, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2019 (член на проектниот тим); Проект Хермес: Водич за средношколско патување низ антиката, Здружение на класични филолози „Антика“, 2019 (член на проектниот тим, предавач).
Има држено јавни предавања за ученици од средните училишта во Куманово, Ресен и Битола (2010), за студентите од техничките факултети, во рамките на активностите на Студентската автономна зона (2015), за студентите од Одделението за класична филологија на Филозофскиот факултет во Загреб, во рамките на програмата за подвижност CEEPUS (2017), за студентите учесници на студентската конференција GLAS 2018, одржана на Филозофскиот факултет во Скопје (2018), за студентите на Одделението за класична филологија на Универзитетот во Задар, во рамките на програмата за подвижност CEEPUS (2019). Има учествувано со свои прилози на многу симпозиуми, конференции и конгреси во Репулика Северна Македонија и во странство: „Втор научен собир на млади македонисти“, Филолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1995; „Трет научен собир на млади македонисти“, Филолошки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 1997; 11-ти Меѓународен конгрес на FIEC, Кавала, 1999; Меѓународна научна конференција „Класическото образование в контекст“, Факултет за класични и модерни филологии, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Софија, 2006; Научен собир, „Антиката и европската наука и култура“, по повод 60 години Институт за класични студии, Филозофски факултет, Универзитет, „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2006; Конференција „Musarum semper amator”, посветена на 60-годишнината од раѓањето на проф. Димитар Бојаџиев, Факултет за класични и модерни филологии, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Софија, 2009; Меѓународна научна конференција „100 години од раѓањето на академик Михаил Д. Петрушевски“, МАНУ и Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2011; Научна работилница „Сите лица на смешното (од антикатa до денес)“, Здружение на класични филолози „Антика“ и Друштво за компаративна книжевност на Македонија, Скопје, 2012; 14-ти Меѓународен конгрес за грчка и латинска епиграфика, Берлин, 2012; Меѓународна конференција „2400 Години од основањето на Платоновата академија “, Институт за филозофија, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2013; Меѓународна конференција „Македонистиката меѓу традицијата и современите предизвици“, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков “, Скопје, 2013; Симпозиум „Античкиот идеал на καλοκἀγαθία“, Здружение на класични филолози „Антика“ и Филозофско друштво на Македонија, Скопје, 2014; Меѓународна научна конференција „За љубовта“, Здружение на класични филолози „Антика“ и Друштво за компаративна книжевност на Македонија, Скопје, 2014; 14-ти Меѓународен конгрес на FIEC, Бордо, 2014; Симпозиум „Chronos и kairos – античките концепти за времето“, Здружение на класични филолози „Антика“ и Филозофско друштво на Македонија, Скопје, 2015; 36-та Годишна средба на одделението за лингвистика при Универзитетот „Аристотел “,Солун, 2015; 14-ти Микенолошки колоквиум, [[Копенхаген, 2015; Меѓународна научна конференција „За душата“, Здружение на класични филолози „Антика“, Здружение за компаративна книжевност на Македонија и Филозофско друштво на Македонија, Скопје, 2016; Меѓународна научна конференција „Studia Classica Anniversaria, 70 years of the Institute of Classical Studies“, Институт за класични студии, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2016; Научен симпозиум „Logos и tropos“, Здружение на класични филолози „Антика“, Филозофско друштво на Македонија, Институт за класични студии, Институт за филозофија, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 2017; Научна конференција „Per omnia saecula vivam. Две хиляди години Овидий“, Филозофски факултет за класични и модерни филологии, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Софија, 2017; меѓународна научна конференција „On the Cross-path of Cultural Ideas: Macedonia, the Balkans, Southeast Europe – heritage, management, resources“, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и Национална галерија на РСМ, [[Охрид, 2019; Меѓународна научната конференција „International Workshop in Epigraphy and Sigillography“, Универзитет „Епископ Констанин Преславски“,Шумен/ВеликиПреслав, 2019.
Учествувала како член на уредувачкиот одбор или како главен уредник и коуредник во подготовката и издавањето на повеќе зборници: Зборник на трудови Aeternitas antiquitatis, Proceedings of the Symposium held in Skopje as part the 2009 Annual Conference of Euroclassica, August 28, Skopje: Association of Classical Philologists “Antika” and Faculty of Philosophy in Skopje, 2010; За љубовта, Зборник на трудови, Скопје: Здружение на класични филолози „Антика“ и Здружение за компаративна книжевност на Македонија, 2016; Зборник на трудови Античкиот идеал на καλοκἀγαθία, Скопје: Здружение на класични филолози „Антика“ и Филозофско друштво на Македонија, 2016; Зборник на трудови Chronos и kairos ‒ античките концепти за времето, Скопје: Филозофско друштво на Македонија и Здружение на класични филолози „Антика“, 2017; Studia classica anniversaria, Прилози од меѓународната научна конференција одржана по повод 70 години од Институтот за класични студии 22-23 ноември, 2016, Скопје, Скопје: Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, 2017; Зборник Aula: Потрага по богатството на јазикот, мислата и културата, Систасис Посебно издание бр. 4, Скопје, 2018. Член е на редакцискиот одбор на меѓународното научно/стручно списание „Систасис “ од 2011 година, а од 2017 година ја извршува должноста главен и одговорен уредник.
Била член на извршниот одбор на Здружението на класични филолози „Антика “, 2001 – 2016 и претседатал, 2010 – 2014 [2],[3].
Библиографија
уредиСтатии
уреди• “Nomen est omen”, во Весна Димовска, Даниела Тошева (уред.), „Exegi monumentum aere perennius. Зборник во чест на Елена Колева, Љубинка Басотова и Даница Чадиковска, по повод 85 години од нивното раѓање“, Систасис Посебно издание 5, Скопје, 2019, стр. 191-206
•„Аnimus и anima во игрите со зборови кај Плаут“, во „За душата, Зборник на текстови од Меѓународната научна конференција одржана на 1-3 јуни 2016 година“, уред. Јасмина Мојсиева-Гушева, Даниела Тошева, Љупчо Митковски, Скопје, 2018, стр. 407-415.
•„За прилошките определби за време во микенскиот грчки“, Годишен зборник на ФзФ, бр. 71, 2018, стр. 189-201 (“On time expressions in Mycenaean Greek”, pp. 203–214).
• “On the compounds with αὐτός in Mycenaean and Post-Mycenaean Greek”, во E. Dzukeska and V. Dimovska (eds.), “Aula: The Quest for the Treasures of Language, Thought and Culture, Studies Presented to Margarita Buzalkovska Aleksova on the Occasion of her Retirement”, Systasis Special Edition 4, 2018, стр. 100-117.
•„Формите на генитив сингулар од имиња со тематска деклинација на натписи од Линкестида, Пелагонија, Дериоп и Лихнид “, ЖА (2017) 67, стр. 115-124.
•„Multa multat (Pl. Rud. 20)“, Систасис, бр. 32, 2018, стр. 55-64
•„За функцијата на аблаутот при зборообразувањето на имињата во македонскиот јазик“ во „Македонистиката меѓу традицијата и современите предизвици“, Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција одржана на 21 и 22 ноември 2013 година во Скопје, гл. и одг. уредник Гоце Цветановски, Скопје, 2017, стр. 595-602.
•„Semantics of Mycenaean Genitive: A Tentative Analysis of the Genitive Singular Forms Ending in -o, /-os/“, in Aegean Scripts, Proceedings of the 14th International Colloquium on Mycenaean Studies, Copenhagen, 2-5 September 2015, Vol. II, eds. M.-L. Nosch and H. Landenius Enegren, Istituto di Studi sul Mediterraeneo Antico (Consiglio Nazionale delle Ricerche), Roma, 2017, pp. 591–603.
•„A-te-wo-jo ‒ генитив од микенско лично име“, Годишен зборник на ФзФ, бр. 70, 2017, стр. 105-109 („A-te-wo-jo ‒ genitive of a mycenaean personal name“, pp. 111–115).
• “On the Meanings of the Place names in Genitive in Mycenaean Greek” in Studia Classica Anniversaria, Proceedings of the International Conference Held on the Occasion of the70th Anniversary of the Institute of Classical Studies 22nd -23th November 2016 Skopje, eds. V. Tomovska et al., Skopje, 2017, pp. 135–146.
•„Каквоста на времето и каквоста на мигот кај Платон и Аристотел “ во „Chronos и kairos – античките концепти за времето“, уред. А. Димишковска и Д. Тошева, Скопје, 2017, стр. 87-99.
•„Терминот ὕλη во контекст на Аристотеловата филозофија ‒ преводни предизвици, дилеми, решенија“, Филозофска трибина бр. 21, 2017, стр. 151-162.
•„Придавката Liber и нејзините изведенки во игрите со зборови кај Плаут“, Годишен зборник на ФзФ, бр. 69, 2016, стр. 173-185.
•„Со љубов од копнеж преку љубомора до ласкање“ во За љубовта (Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „За љубовта“), прир. Ј. Мојсиева-Гушева и Е. Џукеска, Скопје, 2016, стр. 343-349.
•„Античкиот идеал на καλοκἀγαθία низ призмата на епиграфските сведоштва“ во Античкиот идеал на καλοκἀγαθία (Зборник на текстови), уред. Е. Џукеска – Ј. Наумоска, Скопје, 2016, стр. 27-35.
•„Платон или за создавањето имиња“ во Зборник на текстови од меѓународната конференција одржана по повод 2400 Години од основањето на Платоновата академија, уред. Вера Георгиева и др., Скопје, 2016, стр. 303-319.
•„Licet, licet, licentia“, Годишен зборник на ФзФ, бр. 68, 2015, стр. 77-82.
•„Mostellaria – привиденија или вистински етимологии во Плаутовите игри со зборови“, Годишен зборник на ФзФ, бр. 66, 2013, стр. 107-113.
•„Thoughts on Mycenaean O-we-to“, Систасис, бр. 22, 2013, http://www.systasis.org/.
•„Игри со зборови кај Плаут “ во Сите лица на смешното (од антиката до денес), Зборник на трудови од научната работилница одржана на 11.5.2012, прир. В. Томовска и В. Мартиновски, Скопје, 2013, стр. 269-275.
•„Грчката заменка ὁ, ἡ, τό во микенскиот период“, Годишен зборник на ФзФ, бр. 65, 2012, стр. 105-112.
•„The Position of the Historical Grammar in the Previous and in the Current BA Curriculum of Classical Studies at the Institute of Classical Studies in Skopje“ во Класическото образование в контекст, Сборник од международна научна конференция на катедра „Класическа филология“ 2006 г., съст. В. Герджикова и Е. Маринова, София, 2012, стр. 33-37.
•„Ka-ma Revisited“, Систасис, бр. 20, 2012, http://www.systasis.org/.
•„Генитив сингулар кај имињата со основа на оклузив во микенскиот грчки“, Годишен зборник на ФзФ, бр. 64, 2011, стр. 323 – 336. (http://fzf.ukim.edu.mk/media/files/22-Elena[мртва врска] Dzukeska _323-336_.pdf)
• “A Note on the Mycenaean Personal Name To-ro-wi”, Систасис, бр. 18, 2011, http://www.systasis.org/.
•„Генитивските форми на –οιο на микенските плочки и тесалските натписи“, Годишен зборник на ФзФ, бр. 63, 2010, стр. 409 – 422
• “The Mycenaean Personal Name Ke-do-jo”, Систасис, бр. 15, 2009, http://www.systasis.org/.
•„Микенското лично име su-ke-re“ во Musarum semper amator, Studia classica serdicensia, Том I, ред. М. Славова и др., София, 2010, стр. 54-57.
•„Микенските и бојотските форми за генитив сингулар на –αο” во „Антиката и европската наука и култура“, Прилози од научниот собир одржан по повод јубилејот 60 години Институт за класични студии, уред. В. Софрониевски и др., Скопје, 2009, стр. 207 – 215.
•„Употребата на локалните натписи во наставата по латински јазик“ во Docendo discimus, ред. Весна Димовска и др., Скопје, 2008, стр. 37-43,
•„We-re-na-ko“, Годишен зборник на ФзФ бр. 59, Скопје, 2006, стр. 335-342.
•„Формите на ген. плур. кај a-основите во микенскиот грчки“, Систасис, бр. 8, 2006, „За формите на ном. акуз. дуал кај женскиот род од a-основите во микенскиот грчки“, Систасис, бр. 6, 2005, http://www.systasis.org/.
•„Морфолошките обележја на микенските генитиви на -о-јо“, Систасис, бр. 3, 2003, „Глаголот делка во македонскиот јазик и неговите паралели во индоевропските јазици“, во Трет научен собир на млади македонисти, Скопје, уред. Ж. Цветковски и др., 1997, стр. 233-239.
•„Семантичка поврзаност или противпоставеност на зборовите ден и дожд“, во Втор научен собир на млади македонисти, уред. Л. Минова Ѓуркова и др., Скопје, 1995, стр. 203-208.
Постери
уреди•„Genitive singular forms of the Boeotian hypocoristics in -ει (-εις)and s-stem compound personal names“, 36th Annual Meeting of the Department of Linguistics, Thesssaloniki, 24-25th April, 2015.
•„Genitive forms in -οιο on Greek inscriptions from Pelagonia, Lyncestis and Derriopos“, 14-ти Меѓународен конгрес за грчка и латинска епиграфика, Берлин, 2012.
•„A Tentative Analysis of the Genitive Forms in οιο in Mycenaean Greek“ во Πρακτικά ΙΑ Διεθνούς συνεδρίου κλασσικών σπουδών, Καβάλα 24-30 Αυγουστου 1999, Τομ. Γ, Εκ. Επιτροπή Κ. Ἀγγ. Μανάφης et. al., Αθήναι, 2004, pp. 417–428.
Резимеа, апстракти
уреди•„Heritage education in the primary and secondary schools: The missing link“, in On the Cross-path of Cultural Ideas: Macedonia, the Balkans, Southeast Europe – heritage, management, resources, Book of Abstracts, Faculty of Philosophy, St. Cyril and Methodius University, Skopje and National Gallery, Skopje, 2019, p. 7.
• “Meanings of the Place names in Genitive in Mycenaean Greek” in Studia Classica Anniversaria, 70 years of the Institute of Classical Studies (Book of Abstracts, Faculty of Philosophy, Skopje November 22-23, 2016), Skopje, 2016, p. 11.
•„Plato or on the Name-making“, in 2400 Years from the founding of Plato’s Academy (Faculty of Philosophy – Skopje, October 25-26, 2013, Book of Abstracts), Skopje, 2013, p. 8.
•„Формите на генитив сингулар во микенскиот грчки и во ајолските дијалекти“, Систасис, бр. 16, 2010
•„A contribution to the study of the influence of pronominal inflexion on nominal inflexion in Mycenaean Greek“, Лингвистичке актуелности, I/3, 2000, стр. 71-77.
Библиографии
уреди•Библиографија на вработените и дипломираните на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со В. Софрониевски и В. Димовска-Јањатова, Скопје, 2016.
Прикази
уреди• “Daniel Nečas Hraste, Starolatinski natpisi,Sveučilište u Zadru, Zadar, 2019. Стр 171. ISBN 978-953-331-229-3″, Систасис, бр. 35, 2019, 93-96.
• “José Miguel Jiménez Delgado. Sintaxis del griego micénico. Sevilla. Editorial Universidad de Sevilla 2016. Pp. 264. ISBN 978-84-472-1812-7”, ŽA (2016) 66, pp. 159–161.
•„Весна Димовска – Јањатова, Светлана Кочовска, „Elementa Latinitatis – Grammatica“ и „Elementa Latinitatis – Lectiones et pensa“, Филозофски факултет, Скопје, 2012“, Систасис, бр. 21, 2012.
•„Neven Jovanović, “Noga filologa”, Pelago, Zagreb, 2006“, Систасис, бр. 11, 2007.
•„Тридимензионална епиграфија – Charlotte Roueché, Aphrodisias in Late Antiquity: The Late Roman and Byzantine Inscriptions, revised second edition, 2004“, Систасис, бр. 10, 2006, http://www.systasis.org.
•„Guy Vottéro “Le Dialecte béotien (7e s. – 2e s. av. J.-C.) II Répertoire raisonné des inscriptions dialectales”, A.D.R.A. – Nancy, De Boccard, Paris, 2001, 353 стр.“, Систасис, бр. 8, 2006, http://www.systasis.org.
•„Ирена Стефоска, „Словените на почвата на Македонија“ (од VII до почетокот на II век)“, Сигмапрес, Скопје, 2002, Систасис, бр. 3, 2003, http://www.systasis.org.
•„Две книги за појавата на писмото (Петар Хр. Илиевски „Појава и развој на писмото: со посебен осврт кон почетоците на словенската писменост“ МАНУ, Скопје, 2001, 384 стр. и Denise Schmandt-Besserat “How writing came about”, abridged edition of “Before Writting, vol I: From Counting to Cuneiform, vol.II: A Catalog of Near Eastern Tokens”, University of Texas Press, Austin, 1996)“, Систасис, бр. 1, 2002, http://www.systasis.org.
Книги
уреди•Формите на генитив сингулар во микенскиот грчки и ајолските дијалекти, Скопје, 2014.
Учебници
уреди•ρυσεῖον α’ – старогрчки јазик, почетно изучување, II година гимназиско образование, заедно со В. Софрониевски, А. Сених, М. Бузалковска – Алексова, Скопје, 2010.
•Exercitationes Linguae Latinae, Вежбанка по латински јазик за општествени и хуманистички науки – гимназиско образование, заедно В. Димовска, М. Бузалковска – Алексова, Скопје, 2003.
•Exercitationes Linguae Latinae, Вежбанка по латински јазик за природно-математички науки – гимназиско образование, заедно со В. Димовска, М. Бузалковска – Алексова, Скопје, 2003.
•Liber Latinus I, латински јазик – почетно изучување, гимназиско образование, заедно со В. Димовска, М. Чешларов, М. Бузалковска-Алексова, Скопје, 2002.
•Liber Latinus I – Exercitationes, латински јазик – почетно изучување, гимназиско образование, заедно со В. Димовска, М. Чешларов, М. Бузалковска-Алексова, Скопје, 2002.
Преводи
уреди• Аристотел, „Историја на животните, книга Алфа (I), глава прва (486a5 ‒ 488b29)“, Систасис, бр. 33, 2018, 73-80. 1. Т. М. Плаут, „Сеништа“, Скопје, 2011.
•Аристотел, Метеорологија,Скопје, 2009.
•Аристотел, За создавањето и уништувањето, Скопје, 2007.
•Аристотел, Политика, заедно со М. Бузалковска-Алексова, Скопје, 2006.
•Аристотел, За небото, Скопје, 2005.