Претседателските избори во САД во 2024 година беа 60-тите последователни избори за претседател на Соединетите Американски Држави.[1] Закажани беа за вторник, 5 ноември 2024 г. Тие избираа претседател и потпретседател со мандат од четири години. Џо Бајден (Демократската партија) првично се кандидирал за преизбирање, но на 21 јули 2024 г. се откажал за кандидат за претседател и ја поддржувал Камала Харис за нова кандидатка на демократите. Таа го избрала Тим Волц за нејзиниот кандидат за потпретседател на демократите.[2][3][4][5] Поранешниот претседател Доналд Трамп (член на Републиканската партија) се кандидирапе за преизбирање за втор, непоследователен мандат. Тој го избрал Џејмс Венс за кандидат за потпретседател на републиканците.[6] Своите кандидатури за номинација на двете најголеми партии се изјасниле и од голем број првични соперници. Датумот на стапување во должност на победникот на изборите, Доналд Трамп, е одреден да биде 20 јануари 2025 г.[7][8] Независниот Роберт Ф. Кенеди Помладиот првично се кандидирал за претседател на САД, но на 21 август 2024 година ја откажа кандидатурата за претседател и го поддржа Трамп.[9]