Доналд Сатерленд
Доналд Сатерленд (англиски: Donald Sutherland; Сент Џон, 17 јули 1935 — Мајами, 20 јуни 2024) — канадски глумец. Сатерленд станал познат со толкувањето на улогите на нетипични војници во филмовите како што се „Дванаесетмината жигосани“, „МЕШ“, „Келиевите јунаци“. Доналд Сатерленд е татко и на Кифер Сатерленд, исто така глумец.
Доналд Сатерленд Donald Sutherland | |
---|---|
Сатерленд во 2013 | |
Роден(а) | Donald McNichol Sutherland 17 јули 1935 Сент Џон, Њу Брансвик, Канада |
Починал(а) | 20 јуни 2024 Мајами, Флорида, САД | (возр. 88)
Алма матер | |
Занимање | глумец |
Активен период | 1963 — 2023 |
Сопружник |
|
Деца | 5, вклучително Кифер, Росиф и Ангус |
Роднини | Сара Сатерленд (внука) |
Детство и младост
уредиДоналд Сатерленд е роден во Сент Џон, Канада во семејството на Фредерик Мекли Сатерленд и Дороти Изабел. Сатерленд има делумно шкотско, германско и англиско потекло. Детството го поминал во Нова Шкотска. На 14-годишна возраст се вработил во месна радиостаница каде што работел како дописник. Подоцна се запишал на колеџот Викторија на Универзитетот во Торонто каде што дипломирал како инженер по техника и глумец. Подоцна, Сатерленд се одлучил само за глума и се запишал на Лондонската академија за драма и музика во 1957 година.
Почеток на кариерата
уредиПо завршувањето на академијата во Лондон, Доналд започнал да глуми во британски филмови на ужасите. Откако се појавил во серијата „Пат за бегство (Escape Route)“, продуцентите на кои им се допаднала неговата изведба во серијата, му понудиле улога во филмот што ќе го прослави „Дванаесетмината жигосани“. По снимањето на „Дванаесетмината жигосани“, Сатерленд се преселил од Лондон во Холивуд.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Филм (англ.) | Улога | Напомена |
1967 | Дванаесетмината жигосани | The Dirty Dozen | Вернон Л. Пинкли | |
1970 | Меш | M*A*S*H | капетан Бенџамин Френклин „Хокај“ Пирс | |
1970 | Келиевите јунаци | Kelly's Heroes | Одбол | |
1971 | Клут | Klute | Џон Клут | |
1973 | Не врти се | Don't Look Now | Џон Бакстер | |
1976 | Дваесеттиот век | Novecento | Атила Меланчини | |
1978 | Инвазија на трети битија | Invasion of the Body Snatchers | Метју Бенел | |
1980 | Обични луѓе | Ordinary People | Калвин Џерет | |
1989 | Бела сува сезона | A Dry White Season | Бен ди Туа | |
1989 | Зад решетки | Lock Up | управникот Ворден Драгул | |
1991 | Повратен удар | Backdraft | Роналд Бартел | |
1992 | Бафи убиецот на вампири | Buffy the Vampire Slayer | Мерик | |
1993 | Шест степени на раздвојување | Six Degrees of Separation | ||
1994 | Разоткривање | Disclosure | Боб Гарвин | |
1995 | Епидемија | Outbreak | генерал-мајор Доналд Меклинток | |
1996 | Време за убивање | A Time to Kill | Лисјен Вилбенкс | |
1998 | Паднати | Fallen | поручникот Стентон | |
1999 | Вирус | Virus | капетанот Роберт Евертон | |
2000 | Вселенски каубојци | Space Cowboys | капетанот во пензија Џери О’Нил | |
2003 | Италијанска работа | The Italian Job | Џон Бриџер | |
2003 | Сјајот на гнилите пари | (ТВ серија, 23 епизоди) | ||
2005 | Гордост и предрасуда | Pride & Prejudice | господинот Бенет | |
2011 | Орел | The Eagle | Акила | |
2011 | Ужасни шефови | Horrible Bosses | сопствениот на претпријатието | |
2012 | Игрите на гладните | The Hunger Games | претседателот Кориолан Сноу | |
2013 | Игрите на гладните: Лов на огнот | The Hunger Games: Catching Fire | претседателот Кориолан Сноу | |
2014 | Игрите на гладните: Сјајот на слободата − Прв дел | The Hunger Games: Mockingjay – Part 1 | претседателот Кориолан Сноу | |
2015 | Игрите на гладните: Сјајот на слободата − Втор дел | The Hunger Games: Mockingjay – Part 2 | претседателот Кориолан Сноу | |
2018 | Доверба | Trust | Џ. Пол Гети | (ТВ-серија, 10 епизоди) |
2019 | Кон ѕвездите | Ad Astra | полковникот Томас Пруит | |
2022 | Пад на Месечината | Moonfall | Холденфилд |
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Доналд Сатерленд на Семрежната филмска база на податоци (англиски)